Багдад: Ирак се подготвува да одговори на барањето на ОН за враќање на инспекторите

Шефот на ирачката дипломатија Наџи Сабри изјави дека Багдад се подготвува да одговори на барањето на Обединетите Нации за враќање на инспекторите за разоружување. Меѓутоа истовремено министерот за информации на таа земја за арапската телевизија Ал-Џезаира изјави дека работата на инспекторите на Светската Организација заврши пред 4 години и оти дијалогот со Обединтетите Нации не подразбира враќање на инспекторите.