Вашингтон: Нема временска рамка за одлука за воена интервенција во Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека нема временска рамка за одлуката за воена интервенција врз Ирак. Тој рече дека за ова можеби нема да биде решено годинава. Во меѓувреме еден од 6-мината лидери на ирачката опозиција по дводневните разговори во Стејт Департментот изјави дека е постигната е согласност ирачкиот народ и опозицијата да работат заедно со помош на Меѓународната заедница за уривање на Садам Хусеин.