Пекинг: Кина никогаш нема да толерира независност на Тајван

Кина никогаш нема да толерира независност на Тајван. Ова го изјави портпарол на кинеското министерство за надворешни работи како реакција на Пекинг на изјавата на тајванскиот председател Чен Шуи-бјан за Тајван и Кина како две независни држави. Шуи-бјан притоа се заложи за одржување референдум за независност на Тајван.