Тирана: Премиерот Пандели Мајко понуди оставка

Албанскиот премиер Пандели Мајко понуди оставка на функцијата откако неговата социјалистичка партија донесе решение за спојување на функциите – премиер и лидер на партијата, јавува Франс-Прес. Според истиот извор новоизбраниот албански председател Алфред Мојсију ќе ја прифати оставката на Мајко и ќе го задолжи лидерот на социјалистичката партија Фатос Нано да формира нова влада.