Белград: Посета на Хавиер Солана

Високиот представник на Европската Унија Хавиер Солана денеска престојува во Белград на разговори со југословенското раководство околу изработката на Уставната повелба на идната заедница на Србија и Црна Гора. Според најавите од Брисел цел на посетата на Солана е да ја забрза изработката на Повелбата за која раководството на Србија и Црна Гора се обврза дека ќе биде готова до крајот на месецов.