Турција: Одложена седницата на собранието

Турското Собрание денеска не успеа да одржи седница за датумот на предвремените избори поради немање кворум. На седницата не дојдоа владеачките но и некои од опозиционите партии. Поранешниот министер за надворешни работи на Турција Исмаил Џем денеска и официјално ја формираше новата про европска партија на централната левица наречена Нова Турција. Исмаил Џем ја има подршката на 63 пратеници кои заедно со него ја напуштија Демократската партија на левицата на премиерот Булент Еџевит.