СП: Бразил по петти пат светски шампион

Бразил по петти пат стана светски шампион во фудбал . Во финалниот натпревар со двата гола на Роналалдо во 67 и 79 минута ја совлада репрезентацијата на Германија со два нула . Инаку двете репрезентации учествувале на 7 финалиња а ова беше прв пат во 72 годишната историја на фудбалските првенства да се сретнат ови две репрезентации .

Со овој натпревар заврши 17 светско првенство во фудбал кое за прв пат се одржа во Азија и беше организиран од две земји . Јужна Кореа и Јапонија очекуваа многу поголем економски профит од мундијалот . Јапонските екперти предвидуваа меѓу 26 и 30 милијарди долари , додека Јужна Кореа од 5 до 15 . За разлика од нив Германија која е организатор на иднито светско првенство 2006 година е поскромна во очекувањата за профитот- само 2 милијарди долари.