Израел: Арафат го закопа договорот од Осло

Израелскиот министер за екологија Чахи Ханегби, изјави денеска дека Израел смета, оти со покренувањето на Интифадата, палестинскиот лидер Јасер Арафат го закопал договорот од Осло за Палестинска автономија од 1993 година. Сега сакаме да се вратиме во сосотојбата која беше пред договорот во Осло, изјави Ханегби. Повеќе палестински преставници меѓу кои и министерот за информации Јасер Абед Рабо, изјавија дека Израел има намера за сегокаш да ги преземе палестинските територии.