Призрен: Пораст на илегалците на границата меѓу Косово и Македонија

Регионалниот администратор на УНМИК во Призрен Рудолф Хофман денеска соопшти дека во последно време бил забележан пораст на илегалните минувања од Косово кон Македонија. Според него, тие изнесувале околу четириесет дневно. Хофман додаде дека сличен ваков пораст на илегалните преминувања на границата имало и за време на минатогодишниот конфликт во Македонија. ,,Тие не одат таму за да работат и тоа не загрижува,, - ги цитира агенцијата БЕТА зборовите на Хофман.