Хаг: Заштитен сведок одби да сведочи против Милошевиќ

Заштитениот сведок К12 денеска повторно одби да сведочи против бившиот југословенски претседател Слободан Милошевиќ , по што судскиот совет во Хаг , го прогласи за виновен за непочитување на судот. Доста веќе од ова псиколошко обработување, се повеќе и повеќе ме збунуваат. Не можам да сведочам во ничија корист , иако не разбираат зошто јас не можам да им објаснам рече заштитениот сведок. Ако мислат дека сум виновен нека ме стават во затвор. Можам да седам колку сакаат. Имам поголеми проблеми отколку да сум во затвор , изјави тој . Судијата Ричард Меј рече дека тој и натаму останува на листата на сведоци , во случај да се предомисли .