Архива - Украински безбедносни сили стрелаат кон камиказа дронови.
Руските сили извршиле бомбардирања врз Одеса во текот на изминатата ноќ, а продолжува и долготрајната битка за градот Бахмут. Генералниот секретар на НАТО повика на дополнителна воена помош за Украина.
Русија, во текот на ноќта, го нападна јужниот пристанишен град Одеса со беспилотни летала од иранско производство, соопшти Украинската јужна воздушна команда на 19 април, додека борбите беснеат во источниот регион Доњецк, каде што се води долготрајна битка за градот Бахмут.
„Овој пат, 10 од 12 камиказа беспилотни летала Шахед беа уништени од членовите на противвоздушната ракетна бригада од Одеса на Јужната воздушна команда“, се вели во соопштението на војската.
Јуриј Крук, началникот на воената администрација на регионот Одеса, рече дека јавната инфраструктура била погодена за време на нападот со беспилотно летало, но нема информации за жртви.
На исток, украинските бранители одбиле повеќе од 60 напади додека руските трупи продолжуваат со нападот врз Бахмут, Авдијивка и Маринка, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот дневен извештај на 19 април.
Најжестоките битки се водат за Бахмут и Маринка, кои остануваат епицентар на непријателствата, соопшти војската.
Повеќемесечната битка за Бахмут се претвори во една од најкрвавите во руската инвазија на Украина, при што двете страни наводно претрпеле големи загуби.
Изморени, но не и поразени - Украински војници од фронтот во Бахмут
1/13Калливо лице на украински војник кој се вратил од борба во близина на Бахмут, 15 април.
Украинските борци сè уште го контролираат источниот град Бахмут, кој е под опсада на Русија, додека интензивните борби се водат меѓу украинските и руските воени сили.
2/13Додека интензивните борби продолжуваат со несмалено темпо, украинските сили ги распоредуваат своите војници на непозната локација за да можат да се одморат и да се опорават пред да се вратат во борба
3/13Руското Министерство за одбрана на 16 април објави дека платеничките единици на руската паравоена група Вагнер зазеле уште два градски блока во северозападниот и југоисточниот дел на Бахмут. Тврдењето не можеше да се потврди независно
4/13„Крвави битки, без преседан во последните децении, се водат во средината на урбаното подрачје на градот“, изјави Серхи Шеревати, портпарол на источната воена команда на Украина.
„Нашите војници прават сè во крвавите и жестоки борби за да ја урнат борбената способност (на непријателот) и да го скршат неговиот морал. Секој ден, во секој агол на овој град, тие го прават тоа успешно“, изјави тој за телевизискиот канал 1+1.
5/13
Се чинеше дека украинските сили ќе го напуштат Бахмут на крајот на февруари, но во март тие најавија дека ќе продолжи да се бори со цел да им нанесе поголема штета на силите на Москва
6/13Сликата покажува униформа, со главата на рускиот претседател Владимир Путин поставена на украинскиот трозабец, што ја носи војник кој штотуку се вратил од Бахмут
7/13Германски овчар по име Бас ја придружува минофрлачката единица „Еделвајс“ по враќањето од тешките борби кај Бахмут. Единицата го спасила кучето за време на мисија во близина на Киев минатото лето и оттогаш тој патува со нив на различни локации долж линијата на фронтот
8/13Украинските власти признаваат дека нивните сили платиле висока цена во сила и ресурси во одбраната на „тврдината Бахмут“, град во кој пред војната имало околу 70.000 луѓе. Бруталниот конфликт е наречен најкрвавата пешадиска битка од Втората светска војна
9/13Украинските војници почиваат во своето скривалиште, 14 април.
Преземањето на контролата врз „мелницата за месо“, како што се нарекува Бахмут, каде што се проценува дека се убиени илјадници војници од двете страни, би била во голема мера симболична победа за Москва. Ова, сепак, ќе им овозможи на руските сили да се фокусираат на украинските гарнизони околу Хасив Јар и подлабоко во регионот Доњецк, каде што се Краматорск и Славјанск.
10/13Неискористени минофрлачки гранати се гледаат во близина на местото за готвење на украинските сили во близина на Бахмут
11/13Украински војници подготвуваат јадење во едно од нивните скривалишта во близина на фронтот
12/13Икона на ѕидот во едно од украинските сривалишта во близина на фронтот кај Бахмут
13/13Украински војник пуши цигара откако се вратил од тешки борби кај Бахмут, 15 април.
Украина навести дека наскоро ќе започне контраофанзива за да врати повеќе територии. Сепак, стартот беше одложен поради комбинација на фактори, вклучувајќи ги временските услови, бавната испорака на опрема и недоволната муниција, соопшти Киев
Previous slide
Next slide
Пред состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, која се состои од десетици земји кои обезбедуваат воена помош за Киев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика да се испрати повеќе оружје и муниција во Украина.
„Познато е дека огромно количество оружје и муниција, веќе и се доставени на Украина, но треба да направиме уште повеќе“, изјави Столтенберг за Си-Ен-Ен на 18 април.
Контакт групата треба повторно да се состане на 21 април.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски на 18 април ги посети украинските сили во близина на линијата на фронтот во регионот на Доњецк, каде што се водат тешки борби.
Тој ги обиколи напредните позиции на украинската војска во Авдијивка, соопшти претседателската канцеларија на 18 април.
Зеленски во својата вечерна видео порака рече дека ги посетил војниците кои „го ограничуваат и постепено го уништуваат ова руско зло девет години и 419 дена “, мислејќи на борбите што избувнаа во 2014 година меѓу украинските сили и сепаратистите од Русија во Донбас.
Посетата на Зеленски на регионот Доњецк дојде само неколку часа откако Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин направил ретко патување во делумно окупираните украински региони Херсон и Луганск.
Веста за посетата беше дочекана со гнев во Киев, каде што претседателскиот помошник Михаило Подољак рече дека Путин ги обиколил „окупираните и уништени територии за последен пат да ужива во злосторствата на неговите потчинети“.