Достапни линкови

Нобеловката за мир порачува: Трибунал за Путин и правда за жртвите

Олександра Матвијчук, претседателка на украинскиот Центар за граѓански слободи
Олександра Матвијчук, претседателка на украинскиот Центар за граѓански слободи

Русија, за една година од инвазијата, извршила повеќе од 31.000 различни видови тортура во Украина и неопходно е да се донесе правда за жртвите и нивните семејства, изјави добитничката на Нобеловата награда за мир, Украинката Олександра Матвијчук во интервју за Радио Слободна Европа. Пишува Анета Дуровиќ.

Центарот за граѓанско општество, на чие чело се наоѓа Олександра Матвијчук, е една од трите организации на кои им беше доделена Нобеловата награда за мир за 2022 година.

На 24 февруари се навршува една година откако Русија започна воена агресија против Украина, а фокусот на работата на Центарот е документирање на руските воени злосторства извршени во тој период.

Центарот се залага за формирање на специјален меѓународен трибунал за судење на Русија за кривично дело агресија.

Триесет и деветгодишната Олександра две децении е борец за човекови права. Пред руската инвазија на Украина, таа ги документирала кршењата на човековите права во, окупираните од Русија, Крим и Донбас.

Во нејзиниот стан често нема струја, вода или интернет. Ни вели дека не може ни да ги планира следните неколку часа, а камоли еден ден однапред. И покрај честите воздушни напади, таа одбива да оди во засолништето. Таа вели дека вака чувствува дека има барем малку контрола врз животот.

Говорот кој го прочита кога ја доби Нобеловата награда, го напиша на светлина од свеќи.

За РСЕ зборува за, како што вели, тешката и трауматична работа на документирање на воените злосторства и кои се патиштата до правдата.

„Не мора да си Украинец за да се солидаризираш со Украина. Доволно е да си човек“, нагласи Олександра во својот говор кога ја прими Нобеловата награда.

Руска инвазија врз Украина: Една година низ фотографии

Кога руските трупи ја започнаа својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, 53-годишната учителка Олена Курило беше повредена во напад на градот Чухујев.

„Никогаш не мислев дека такво нешто може да се случи. Никогаш не мислев дека ова навистина ќе се случи во овој живот“, рече таа.
1/32 Кога руските трупи ја започнаа својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, 53-годишната учителка Олена Курило беше повредена во напад на градот Чухујев.

„Никогаш не мислев дека такво нешто може да се случи. Никогаш не мислев дека ова навистина ќе се случи во овој живот“, рече таа.
Украинските војници заземаат позиции на мостот во градот Киев на 25 февруари 2022 година. Откако започнаа воздушни напади врз градовите и воените инсталации и прелеваа трупи и тенкови од три правци, руските освојувачи на крајот стигнаа до предградијата на главниот град.
2/32 Украинските војници заземаат позиции на мостот во градот Киев на 25 февруари 2022 година. Откако започнаа воздушни напади врз градовите и воените инсталации и прелеваа трупи и тенкови од три правци, руските освојувачи на крајот стигнаа до предградијата на главниот град.
Уништените руски оклопници прекрија улица во градот Буча во близина на Киев на 1 март 2022 година. Руските сили не успеаја да го опколат или заземат главниот град и на крајот се повлекоа од регионот.
3/32 Уништените руски оклопници прекрија улица во градот Буча во близина на Киев на 1 март 2022 година. Руските сили не успеаја да го опколат или заземат главниот град и на крајот се повлекоа од регионот.
Марина Јацко влета во болница зад нејзиното момче, Федир, носејќи го нејзиниот 18-месечен син Кирило, кој беше погоден за време на гранатирањето на Мариупол на 4 март 2022 година. Кирило не преживеа.
4/32 Марина Јацко влета во болница зад нејзиното момче, Федир, носејќи го нејзиниот 18-месечен син Кирило, кој беше погоден за време на гранатирањето на Мариупол на 4 март 2022 година. Кирило не преживеа.
Човек носи дете од градот Ирпин по силно гранатирање додека руските трупи напредуваа кон Киев на 6 март 2022 година.
5/32 Човек носи дете од градот Ирпин по силно гранатирање додека руските трупи напредуваа кон Киев на 6 март 2022 година.
Жена ја прегрнува својата мачка во вагон во метрото во подземна метро станица што се користи како засолниште за бомби во Киев на 8 март 2022 година
6/32 Жена ја прегрнува својата мачка во вагон во метрото во подземна метро станица што се користи како засолниште за бомби во Киев на 8 март 2022 година
Мажи ставаат тела во масовна гробница на периферијата на Мариупол на 9 март 2022 година.

Речиси тримесечната опсада на пристанишниот град резултираше со смрт на десетици илјади жители и уништување на 90 отсто од неговите структури.
7/32 Мажи ставаат тела во масовна гробница на периферијата на Мариупол на 9 март 2022 година.

Речиси тримесечната опсада на пристанишниот град резултираше со смрт на десетици илјади жители и уништување на 90 отсто од неговите структури.
Експлозија одекна во станбена зграда откако руски тенк пукаше врз неа во Мариупол на 11 март 2022 година.
8/32 Експлозија одекна во станбена зграда откако руски тенк пукаше врз неа во Мариупол на 11 март 2022 година.
5-месечно сираче, спасено од опколениот град Суми, спие во својата количка во Градскиот центар за срце во Киев на 20 март 2022 година.
9/32 5-месечно сираче, спасено од опколениот град Суми, спие во својата количка во Градскиот центар за срце во Киев на 20 март 2022 година.
Човек го вози својот велосипед покрај пламенот и чадот што се издигаат од пожарот по рускиот напад во Харкив на 25 март 2022 година.
10/32 Човек го вози својот велосипед покрај пламенот и чадот што се издигаат од пожарот по рускиот напад во Харкив на 25 март 2022 година.
Украински војник поминува покрај остатоците од транспортниот авион Антонов Ан-225 Мрија на 2 април 2022 година.

Мрија, кој беше најголемиот авион на светот, беше уништен од руски напад на 27 февруари за време на борбите на аеродромот Антонов во Хостомел. Мрија, што значи „сон“ или „инспирација“, беше сакан од авијациските ентузијасти ширум светот.
11/32 Украински војник поминува покрај остатоците од транспортниот авион Антонов Ан-225 Мрија на 2 април 2022 година.

Мрија, кој беше најголемиот авион на светот, беше уништен од руски напад на 27 февруари за време на борбите на аеродромот Антонов во Хостомел. Мрија, што значи „сон“ или „инспирација“, беше сакан од авијациските ентузијасти ширум светот.
Влад Танјук (6), стои во близина на гробот на неговата мајка, Ира Танјук, во дворот на неговиот дом на периферијата на Киев на 4 април 2022 година. За смртта на неговата мајка се „обвинети“ гладот и стресот од руската инвазија.
12/32 Влад Танјук (6), стои во близина на гробот на неговата мајка, Ира Танјук, во дворот на неговиот дом на периферијата на Киев на 4 април 2022 година. За смртта на неговата мајка се „обвинети“ гладот и стресот од руската инвазија.
Јана Бачек ја утешуваат нејзиниот партнер Јевхен Власенко и нејзината мајка Љубов Хубарева додека тагува по телото на нејзиниот татко Виктор Хубарев (79), кој беше убиен во гранатирање во Харкив на 18 април 2022 година.
13/32 Јана Бачек ја утешуваат нејзиниот партнер Јевхен Власенко и нејзината мајка Љубов Хубарева додека тагува по телото на нејзиниот татко Виктор Хубарев (79), кој беше убиен во гранатирање во Харкив на 18 април 2022 година.
Екипите за чистење се подготвуваат да работат на местото на рускиот напад во Киев на 28 април 2022 година, во кој беше убиена новинарката на РСЕ, Вира Хирич, која неодамна пред нападот се вселила во станбената зграда. Најмалку 10 други, наводно, биле повредени во нападот, кој се случи по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
14/32 Екипите за чистење се подготвуваат да работат на местото на рускиот напад во Киев на 28 април 2022 година, во кој беше убиена новинарката на РСЕ, Вира Хирич, која неодамна пред нападот се вселила во станбената зграда. Најмалку 10 други, наводно, биле повредени во нападот, кој се случи по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Телата на 11 руски војници лежат на земја во селото Вилхивка, неодамна преземено од украинските сили во близина на Харкив, на 9 мај 2022 година.
15/32 Телата на 11 руски војници лежат на земја во селото Вилхивка, неодамна преземено од украинските сили во близина на Харкив, на 9 мај 2022 година.
Оксана Баладина (23) во рацете на нејзиниот сопруг Виктор во болница во Лавов на 13 мај 2022 година. Оксана ги загуби двете нозе и четирите прсти на левата рака кога граната експлодираше во близина на нејзината куќа.

„Имаше експлозија. Чувствував како моите нозе да паѓаат во празнина веднаш потоа. Се обидував да погледнам наоколу и видов дека веќе немам нозе - само коски, месо и крв“, се сеќава таа.
16/32 Оксана Баладина (23) во рацете на нејзиниот сопруг Виктор во болница во Лавов на 13 мај 2022 година. Оксана ги загуби двете нозе и четирите прсти на левата рака кога граната експлодираше во близина на нејзината куќа.

„Имаше експлозија. Чувствував како моите нозе да паѓаат во празнина веднаш потоа. Се обидував да погледнам наоколу и видов дека веќе немам нозе - само коски, месо и крв“, се сеќава таа.
Олена плаче покрај телото на нејзиниот сопруг Олексиј, кој загина за време на гранатирање во Харкив на 26 мај 2022 година.
17/32 Олена плаче покрај телото на нејзиниот сопруг Олексиј, кој загина за време на гранатирање во Харкив на 26 мај 2022 година.
Украинци гледаат како спасувачите работат додека чекаат вести за нивните роднини кои се под урнатините на станбена зграда оштетена од руски воен напад во градот Часив Јар, во регионот Доњецк, на 10 јули 2022 година.
18/32 Украинци гледаат како спасувачите работат додека чекаат вести за нивните роднини кои се под урнатините на станбена зграда оштетена од руски воен напад во градот Часив Јар, во регионот Доњецк, на 10 јули 2022 година.
Девојче, држејќи го своето куче, се збогува со баба и дедо од возот за евакуација што поаѓа од Покровск, во регионот Доњецк, на 2 август 2022 година.

Украинската влада издаде наредба до жителите да го напуштат регионот Доњецк поради загриженост дека можеби нема да има пристап до греење, струја, па дури и чиста вода за неговите жители.
19/32 Девојче, држејќи го своето куче, се збогува со баба и дедо од возот за евакуација што поаѓа од Покровск, во регионот Доњецк, на 2 август 2022 година.

Украинската влада издаде наредба до жителите да го напуштат регионот Доњецк поради загриженост дека можеби нема да има пристап до греење, струја, па дури и чиста вода за неговите жители.
Луѓе се релаксираат на плажа додека чад и пламен се издигаат од руската воена воздухопловна база во окупираниот регион на Украина на Крим на 9 август 2022 година.
20/32 Луѓе се релаксираат на плажа додека чад и пламен се издигаат од руската воена воздухопловна база во окупираниот регион на Украина на Крим на 9 август 2022 година.
На погреб во Буча на 31 август 2022 година, Анастасија Охрименко (26) ја тешат роднините и пријателите додека тагува за загубата на нејзиниот сопруг, Јуриј Стилјук, украински војник кој загина во борба.
21/32 На погреб во Буча на 31 август 2022 година, Анастасија Охрименко (26) ја тешат роднините и пријателите додека тагува за загубата на нејзиниот сопруг, Јуриј Стилјук, украински војник кој загина во борба.
Украински војник држи лубеница додека ракета се лансира кон линијата на фронтот во регионот Доњецк на 3 септември 2022 година. Овошјето стана симбол на контраофанзивната операција на украинската војска за ослободување на градот Херсон, кој беше окупиран од Руските сили во март.
22/32 Украински војник држи лубеница додека ракета се лансира кон линијата на фронтот во регионот Доњецк на 3 септември 2022 година. Овошјето стана симбол на контраофанзивната операција на украинската војска за ослободување на градот Херсон, кој беше окупиран од Руските сили во март.
Жена го загрева своето куче во палтото во Кившаривка на 16 октомври 2022 година. Жителите живееле без гас, струја или вода.
23/32 Жена го загрева своето куче во палтото во Кившаривка на 16 октомври 2022 година. Жителите живееле без гас, струја или вода.
Фотографиите ги доловуваат моментите пред и по ударот на беспилотно летало камиказе од Иран, управувано од Русија, во Киев на 17 октомври 2022 година.
24/32 Фотографиите ги доловуваат моментите пред и по ударот на беспилотно летало камиказе од Иран, управувано од Русија, во Киев на 17 октомври 2022 година.
Телото на украинскиот војник Вадим Берегнуј (22) поставено за погреб на гробиштата во Харкив на 17 октомври 2022 година.
25/32 Телото на украинскиот војник Вадим Берегнуј (22) поставено за погреб на гробиштата во Харкив на 17 октомври 2022 година.
Постар брачен пар се прегрнува додека седи на клупа во градот Бахмут за време на затишјето на гранатирањето на 27 октомври 2022 година. Источниот украински регион е под напади од руските сили со месеци.
26/32 Постар брачен пар се прегрнува додека седи на клупа во градот Бахмут за време на затишјето на гранатирањето на 27 октомври 2022 година. Источниот украински регион е под напади од руските сили со месеци.
Украински војници пукаат со артилерија врз руските позиции во близина на Бахмут во регионот Доњецк на 20 ноември 2022 година.
27/32 Украински војници пукаат со артилерија врз руските позиции во близина на Бахмут во регионот Доњецк на 20 ноември 2022 година.
Жена се движи со батериска ламба за време на прекин на струја во Киев на 14 декември 2022 година.
28/32 Жена се движи со батериска ламба за време на прекин на струја во Киев на 14 декември 2022 година.
Американската потпретседателка Камала Харис (лево) и тогашниот претседател на Претставничкиот дом Ненси Пелоси реагираат додека украинскиот претседател Володимир Зеленски на пратениците им подарува украинско знаме со автограм на војниците од првата линија во Бахмут додека се обраќа на заедничката седница на Конгресот во Вашингтон на 21 декември 2022 година.
29/32 Американската потпретседателка Камала Харис (лево) и тогашниот претседател на Претставничкиот дом Ненси Пелоси реагираат додека украинскиот претседател Володимир Зеленски на пратениците им подарува украинско знаме со автограм на војниците од првата линија во Бахмут додека се обраќа на заедничката седница на Конгресот во Вашингтон на 21 декември 2022 година.
Украинец плаче откако неговата сопруга беше убиена кога руска ракета ја уништи нивната куќа во Запорожжја ноќта меѓу 25 и 26 јануари 2023 година.
30/32 Украинец плаче откако неговата сопруга беше убиена кога руска ракета ја уништи нивната куќа во Запорожжја ноќта меѓу 25 и 26 јануари 2023 година.
Деца стојат покрај кратер од руски ракетен напад во градот Хлеваха, кај Киев, на 26 јануари 2023 година.
31/32 Деца стојат покрај кратер од руски ракетен напад во градот Хлеваха, кај Киев, на 26 јануари 2023 година.
Уништен руски тенк лежи во снегот во градот Свијатохирск на 12 февруари 2023 година.
32/32 Уништен руски тенк лежи во снегот во градот Свијатохирск на 12 февруари 2023 година.
Previous slide
Next slide

РСЕ: Центарот за граѓански слободи е вклучен во украинската кампања за формирање на специјален меѓународен трибунал за судење на Русија за кривично дело агресија. Дали е тоа еден од начините да им се донесе правда на жртвите на војната?

Матвијчук: Рускиот претседател Владимир Путин и највисокото руско раководство извршија злосторства на агресија. Сепак, не постои меѓународна инстанца која би можела да ги изведе пред лицето на правдата сторителите на ваквото кривично дело. Ниту Меѓународниот кривичен суд нема јурисдикција за кривичното дело агресија. Неопходно е да се формира специјален суд за да се изведат Путин, Лукашенко и другите воени злосторници пред лицето на правдата. Но и тоа не е доволно.

Покрај кривичното дело агресија, извршени се и други меѓународни злосторства - воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Институциите за спроведување на законот и судовите во Украина се преоптоварени од огромниот обем на злосторства. Меѓународниот кривичен суд ќе ги ограничи истрагите само на неколку избрани случаи.

Кој ќе донесе правда за стотиците илјади жртви чии случаи не се избрани?

Затоа треба да ги зајакнеме капацитетите на украинскиот правен систем и да воспоставиме хибриден механизам, кој би овозможил соработка на домашните и меѓународните истражители и судови.

Законот е единствениот начин да се врати достоинството на жртвата и да се прекине циклусот на неказнивост на воените злосторници.

РСЕ: Како изгледа вашата работа? Каков материјал собирате?

Матвијчук: Од почетокот на инвазијата, неколку десетици организации и ние ги здруживме нашите напори во иницијативата наречена „Трибунал за Путин“.

Воспоставивме мрежа на волонтери низ Украина, кои го документираат секое воено злосторство извршено во кое било, дури и во најмалото село во секој регион на Украина. Само во текот на 11-те месеци на агресија, документиравме повеќе од 31.000 воени злосторства. Едноставно, ја пренесуваме болката на тие луѓе, собирајќи директни сведоштва на жртви и сведоци.

Нашите волонтерски тимови ги снимаат во видео формат, а потоа го анализираме секој случај за да утврдиме што може да биде законски валидно и што треба да се заврши за да се исполнат меѓународните стандарди.

РСЕ: Какви сè примери забележавте?

Матвијчук: Илјадниците жртви со кои разговараме ни кажуваат за нивните тешки искуства. Тие опишуваат како биле тепани, силувани, мачени, осакатени. И сето тоа е многу потресно.

Тука се и случаите за цивили кои беа убиени на улиците. Ги има неколку илјади. Исто така, случаи за намерно бомбардирање на станбени згради, училишта, градинки, болници, коридори за евакуација. Да не зборуваме за случаите на киднапирање и присилна депортација во Русија.

Неодамна Русија со ракета погоди станбена зграда во Днипро. Се урна средишниот дел од зградата, а под урнатините останаа заробени десетици луѓе. Меѓу нив имало и мало девојче, кое за чудо ја избегнало смртта, бидејќи било во една од собите, додека нејзините родители биле во кујната и таму загинале.

Потоа, спасувачите копаа низ урнатините со часови, барајќи преживеани. Тие на раце носеа млада мајка, која тој ден ги загуби сопругот и едногодишното бебе.

РСЕ: Го напишавте вашиот говор за доделувањето на Нобеловата награда на светлина на свеќи. Под кои околности, како се чувствувавте?

Матвијчук: Го напишав мојот говор за Нобеловата награда дома, на масата во кујната, под светлина на свеќи. Пишував на компјутерот, додека траеше батеријата. За оваа година, од инвазијата на нашата земја, научивме да ги полниме сите можни уреди штом добиеме струја. И, се разбира, сите ние имаме многу надворешни полначи.

РСЕ: Не одите во засолниште?

Матвијчук: Не, не одам во засолниште кога се огласуваат сирените како предупредување за опасност од бомбардирање. И знам дека е опасно. Но, таа одлука е мојот начин да повратам барем некаква контрола врз животот. Само замислете го тоа чувство кога ќе сфатите дека не можете да го планирате вашиот следен ден, не можете ни да ги планирате следните неколку часа. Никогаш не знаеш кога ќе започнат воздушните напади или кога ќе снема струја.

Олександра Матвијчук на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Осло во декември 2022 година.
Олександра Матвијчук на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Осло во декември 2022 година.

РСЕ: Додека ја чекате правдата за која се борите, дали Нобеловата награда, е значајно признание, потврда за вашата борба?

Матвијчук: Долго време гласот на бранителите на човековите права не се слушаше во нашиот регион. Нобеловата награда за мир го направи видлив нашиот глас, гласот на бранителите на човековите права.

Држава која убива новинари, затвора активисти и ги растура мирните демонстрации е закана не само за Украинците и нејзините граѓани, туку и за целиот свет.

Сепак, и покрај сè, цивилизираниот свет продолжи да се ракува со рускиот претседател Владимир Путин и да води бизнис со Русија како и обично.

XS
SM
MD
LG