Дали Украина ја губи војната? Зависи како се гледа на тоа
Украински војници во американска самоодна хаубица М109 од 155 мм, среде рускиот напад врз Украина, во регионот Доњецк, 13 јуни 2022 година
Руските сили напредуваат. Секој ден умираат околу 100-200 украински војници. Бранот на војната се врти против Украина. Киев вели дека единствениот начин да се врати назад е што побрзо да добие повеќе западно оружје. Мајк Екел
Последните мостови на реката Сиверски Донецк се разнесени во Северодоњецк, отсекувајќи го градот Донбас од десниот брег и заробувајќи стотици украински цивили и војници. Русија е на работ да го заземе градот, а секој ден умираат меѓу 100-200 украински војници.
Во јужниот регион Херсон, Украина постигна само мал напредок во контраофанзивата против руските позиции. Руските трупи, наводно, повторно почнале да се движат кон Харкив.
Поради засилениот ракетен оган и промената во руската тактика и команда, бранот на војната се врти против Украина, а Киев вели дека единствениот начин да се врати назад е побрзо да се добие повеќе западно оружје.
Руски проектили ги опустошија населените места во Доњецк
1/6Дом уништен од руски ракетен напад во населбата Добропиља на 14 јуни. Населбата, северозападно од Доњецк, беше цел на бројни ракетни и артилериски напади. И покрај фактот дека упадот резултираше со илјадници жртви и уништување на цели украински градови, Русија негира дека таргетирала цивилни локации во својата воена акција.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Русија користела суперсонични ракети со долг дострел Буриа Кх-22 врз цели во регионот Доњецк во источна Украина. За жителите на Добропиља, ефектите од овие ракетни напади се поразителни.
2/6Украински пожарникари го гаснат пожарот предизвикан од руски ракетен напад во населбата Добропиља. Министерството за внатрешни работи објави дека 11 населби во регионот на Доњецк биле цел на 14 јуни, што резултирало со уништување или оштетување на 60 згради.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Русија користела суперсонични ракети со долг дострел Буриа Кх-22 врз цели во регионот Доњецк во источна Украина. За жителите на Добропиља, ефектите од овие ракетни напади се поразителни.
3/6Автомобил вози низ разурнатата населба Добропиља која беше погодена од руски ракетен напад.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Русија користела суперсонични ракети со долг дострел Буриа Кх-22 врз цели во регионот Доњецк во источна Украина. За жителите на Добропиља, ефектите од овие ракетни напади се поразителни.
4/6Руското Министерство за одбрана на 14 јуни соопшти дека погодило над 100 цели во претходните 24 часа, вклучително и концентрации на војници и воена опрема. Тврдењето не можеше да се потврди независно.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Русија користела суперсонични ракети со долг дострел Буриа Кх-22 врз цели во регионот Доњецк во источна Украина. За жителите на Добропиља, ефектите од овие ракетни напади се поразителни.
5/6Заменик-министерката за одбрана Ана Маљар претходно изјави дека Украина добила само 10 онасто од оружјето што го побарала од Западот за да помогне во борбата против руската инвазија. „Колку и да се труди Украина, колку и да е професионална нашата армија, без помош од западните партнери, нема да можеме да победиме во оваа војна“, рече Маљар, велејќи дека Западот треба да ја забрза испораката на оружје.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Русија користела суперсонични ракети со долг дострел Буриа Кх-22 врз цели во регионот Доњецк во источна Украина. За жителите на Добропиља, ефектите од овие ракетни напади се поразителни.
6/6Украинските молби за повеќе тешко вооружување добија поголема итност, бидејќи руската артилерија гаѓа цели долж борбениот фронт кој се протега на стотици километри.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Русија користела суперсонични ракети со долг дострел Буриа Кх-22 врз цели во регионот Доњецк во источна Украина. За жителите на Добропиља, ефектите од овие ракетни напади се поразителни.
Previous slide
Next slide
Дали Украина ја губи војната? Не е така лесно да се одговори
„Ако со „губење“ мислите дека Украина не изгледа дека може да ја врати својата територија и да ја избрка Русија од сопствената територија, тогаш да, тоа е фер проценка“, вели Скот Бостон, поранешен екс американски полковник кој ја проучува војната во Украина.
Други експерти, исто така, велат дека зависи од тоа како го дефинирате „губењето“.
„Можеби изгледа песимистички, но во реалноста, ако ја погледнете мапата, погледнете во Донбас, не можете да најдете многу промени, и покрај огромната концентрација на руските сили“, вели Михајло Самус, заменик директор на Центарот за армиски студии и разоружување во Киев, додавајќи: „Украинските сили имаат многу ефикасна одбрана. Она што можеме да го кажеме е дека Русија не успеа.“
Според него, Русија во стратешка смисла веќе ја загубила војната, бидејќи почнала со големи очекувања на 24 февруари.
„Планираа да го добијат Киев за неколку дена, тоа беше катастрофален процес, тие донесоа многу лоши одлуки за нивните операции. Дефинитивно можеме да кажеме дека Русија, стратешки, не успеа“, рече тој.
„Ни треба помош и тоа брзо“
За време на првата фаза од војната, по започнувањето на голема инвазија на 24 февруари, Русија не успеа во нејзините главни приоритети да го заземе украинскиот главен град Киев и потенцијално да ја собори тамошната влада.
Повеќето западни експерти беа изненадени и од длабоките проблеми во руската војска што ги разоткри офанзивата, но и од цврстата и ефикасна одбрана што ја поставија украинските трупи.
Русија на крајот повлече многу од своите единици северно од Киев и ги префрли своите ресурси за да се фокусира врз заземање на пристанишниот град Мариупол, кој беше претворен во урнатини слични на Сталинград пред битката за градот да заврши на 22 мај.
Русија, исто така, ја преуреди својата команда – назначи единствен генерал – и фокусира ресурси на заземање повеќе терени во источна и североисточна Украина. Сега се чини дека Русија на бојното поле делува - полека, постепено, стабилно.
Во секој момент, во секој случај
Неколкунеделните брутални борби од куќа до куќа, од улица до улица резултираа Северодоњецк, град со население од околу 100.000 пред војната, да биде речиси целосно контролиран од руските трупи, вклучително и центарот на градот.
Воениот гувернер на Луганск, Серхи Хејдеј, на 14 јуни изјави дека последните мостови преку реката Сиверски Донецк, кои водат до помалото предградие Лисичанск се уништени, што значи отсекување на патиштата за евакуација и снабдување за последните војници и цивили кои останале во Северодоњецк.
Многу од преостанатите се заробени во една хемиска фабрика, што ги зголемува стравувањата од опсада слична на она што се случи во Мариупол, во последните денови пред градот да падне под контрола на Русија.
Највисоките украински функционери имаат сè пострашни предупредувања во последниве недели за темпото на борбите и за жртвите. Украинските власти, исто така, се погласни во нивните молби за повеќе западно вооружување и тоа што е можно побрзо.
„Да бидеме јасни: за да се стави крај на војната ни треба паритет во тешко оружје“, вели Михајло Подољак, помошник на претседателот Володимир Зеленски. „Ни треба брзо помош“, рече министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, во интервју оваа недела за „Економист“, „бидејќи цената на секое одложување се мери со украинска крв“.
Фронтална линија долга 2.400 километри
Во изјава за Телеграм на 12 јуни, генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, исто така повика на повеќе западно вооружување, велејќи дека линијата на фронтот каде што се соочуваат украинските и руските сили се протега на повеќе од 2.400 километри.
„Тие масовно користат артилерија и, за жал, имаат десеткратна предност. И покрај се, ние продолжуваме да ги држиме нашите позиции. Секој метар украинска земја таму е пролеан со крв, не само наша, туку и на окупаторот. Ситуацијата е тешка, особено во градот Северодоњецк“, изјави Залужни.
Од првата недела на април, кога се оддалечија од областите северно од Киев, руските сили постепено напредуваа во источните региони Доњецк и Луганск, двете главни области кои го сочинуваат Донбас.
Украинските сили очајнички се обидуваат да ги спречат руските сили да го освојат автопатот што се протега од југозапад кон североисток, од Бахмут до Лисичанск.
Затворањето на тој пат што украинските власти го нарекоа „пат на животот“ целосно ќе им овозможи на руските сили да го затворат кругот чиј клучна точка е кај Северодоњецк.
„Без муниција“: Животот на фронтот кај Миколајев во јужна Украина
1/10Украински војник стои во кратер од гранати до уништени руски воени возила на поле во близина на јужниот град Миколајев на 12 јуни
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
2/10Уништени руски тенкови и возила на поле во регионот на Миколајев на 12 јуни. Заменик-шефот на военото разузнавање на Украина, Вадим Скибицки, изјави за весникот Гардијан дека Украина ја губи артилериската битка со Русија на фронтот поради недостаток на артилериски гранати. Тој рече дека Украина истрелува од 5.000 до 6.000 артилериски гранати дневно и дека „речиси ја потрошила целата муниција“.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
3/10Украинскиот војник Андриј (54) паузира во ровот долж линијата на фронтот кај Миколајев.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
4/10Украински војник кој себеси се нарекува Васил Перука (Берберот Васил) пуши цигара во ровот за време на затишје во гранатирањето. Украинските трупи се под немилосрдно бомбардирање додека руските сили се обидуваат да ја преземат контролата врз регионот.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
5/10Украински војник ја облекува својата јакна во ровот на линијата на фронтот. Претседателскиот советник Олексеј Арестович на 11 јуни изјави дека речиси 10.000 украински војници загинале од почетокот на руската инвазија. Бројката беше цитирана за време на интервју за Вашингтон пост. Арестович процени дека „не помалку од 200 до 300 војници гинат дневно“, но дека бројките варираат.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
6/10Цртежи и писма испратени од децата на украинските војници кои служат во рововите се изложени во ровот.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
7/10Украински војник подготвува кафе во слабо осветлена подземна неред област во ровот на линијата на фронтот кај Миколајев.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
8/10Украински војник кој себеси се нарекува Александар Чајковски ѕирка од својот ров.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
9/10Луѓе се собираат во Лвив на погреб на постариот поручник Руслан Скалски, кој беше убиен на 4 јуни од руско артилериско гранатирање во регионот на Миколајев.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
10/10Скалски беше погребан на 11 јуни, оставајќи ги зад себе сопруга и син.
Регионалниот гувернер на регионот Миколајев, во близина на фронтот на југот на земјата, повика на итна меѓународна воена помош. „Руската армија е помоќна, има многу артилерија и муниција. Ова е артилериска војна...а ние сме без муниција“, рече гувернерот Виталиј Ким, додавајќи: „Помошта на Европа и Америка е многу, многу важна“.
Previous slide
Next slide
Понатаму на север, руските трупи сега зазедоа одредени места откако беа потиснати од Харкив, вториот по големина град во Украина, на почетокот на мај.
И на југ, во регионот Херсон северно од окупираниот Крим, има мешани извештаи за тоа дали украинската контраофанзива постигнала нешто значајно. Украинските сили беа вклучени во тешки борби со руските сили на 13 јуни, северозападно од Херсон.
„Непријателот продолжува да се бори, но нашите единици постепено го принудуваат да ги ослободи позициите и да ја тестира силата на втората и третата линија на одбраната, а во некои случаи дополнително да се повлече“, беше наведено во соопштението на јужната украинска команда.
Со сегашното темпо на операции, украинските власти се обидуваат едноставно да најдат куршуми и гранати за да ги наполнат нивните оружја. Поголемиот дел од муницијата е за оружја од советската ера, која Западот не ја произведува - за разлика од Русија.
„Соединетите држави буквално го пребаруваа светот за да најдат муниција според советските стандарди за да им ја дадат на Украинците“, велат некои експерти.
Украина, исто така, моли за повеќе западно оружје надвор од она што се влеа во Украина, дури и пред инвазијата на 24 февруари. Единствениот најголем снабдувач се Соединетите држави, кои велат дека обезбедиле околу 4,6 милијарди долари, вклучувајќи илјадници противтенковски и противвоздушни ракети, беспилотни летала и муниција.
„Заемна исцрпеност“
Во поново време, вооружувањето стана потешко, помоќно и поспособно да погодува руски цели од подолги растојанија, вклучувајќи ги и НАТО-стандардните артилериски системи од 155 милиметри, како што се францускиот CAESAR и полските самоодни хаубици KRAB, како и тенкови Т-72 од советско производство.
Соединетите држави и Британија во моментов испорачуваат неколку типови на повеќекратни ракетни системи за лансирање, вклучително и со муниција со висока прецизност. Но, во моментов, Вашингтон испраќа само четири артилериски ракетни системи, познати како ХИМАРС, што значи дека нивната способност значително да го помести бранот на битката може да биде ограничена.
ХИМАРС: Американскиот ракетен систем кој се испраќа во Украина
1/8Aртилерискиот ракетен систем М142 со висока мобилност (HIMARS)
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
2/8На фотографијата погоре е прикажан артилерискиот ракетен систем М142 со висока мобилност (HIMARS), кој Вашингтон се согласи да го испрати во Украина. Не е познато колку ќе бидат обезбедени, но оружјето ќе биде значајна надградба од ракетните системи што моментално ги користи Киев за борба против руската инвазија на Украина.
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
3/8Системот бара екипаж од тројца, вклучувајќи возач, ловец и командант, кои седат во кабината на возилото додека се лансираат ракетите, пред да се оттргнат од местото на лансирање по пукањето на баражот. HIMARS се заштитени против шрапнели и мало оружје, но се доволно лесни за да бидат транспортирани со некои авиони.
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
4/8Американското оружје може да лансира шест ракети од фамилијата проектили „МФОМ“ со доволна прецизност да погоди автомобил на оддалеченост до 70 километри -- далеку подалеку од дофатот на артилеријата со хаубици и попрецизни од ракетните фрлачи од советско и руско производство. Не е јасно дали скапите наведувани ракети ќе бидат дел од пакетот што ќе се испрати во Украина или дали ќе биде испорачана поевтина ненаведувана муниција.
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
5/8LHIMARS исто така се способни да истрелаат проектил од 1,7 тони наречен Армиски тактички проектил, или ATACMS (гледано погоре како лансиран од M270) со дострел до 310 километри, но Вашингтон потврди дека овие проектили со поголем дострел нема да бидат доставени до Киев.
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
6/8Киев постојано бараше Вашингтон да му обезбеди HIMARS и потешкиот ракетен систем М270 за следење. На 30 мај, американскиот претседател Џо Бајден се чинеше дека го отфрли тоа, велејќи му на еден новинар: „Нема да испраќаме во Украина ракетни системи што можат да удрат во Русија“.
Таа изјава подоцна беше отфрлена од официјален претставник на Белата куќа и на 31 мај Бајден потврди дека САД всушност ќе испратат „понапредни ракетни системи и муниција што ќе им овозможат на [Украинците] попрецизно да напаѓаат клучни цели на бојното поле во Украина“.
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
7/8Опсег на M777 против опсег HIMARS, Керсон, Украина
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
8/8Задржувањето на ракетите со подолг дострел ATACMS што можат да бидат лансирани од HIMARS ќе ја отстрани можноста за употреба на оружје од американско производство за напади врз југозападните руски градови како Воронеж и Ростов на Дон.
Иако помалите ракети МФОМ потенцијално би можеле да достигнат десетици километри во Русија, големите цивилни центри ќе бидат надвор од дофат. Украина го „увери“ Вашингтон дека американските ракети нема да бидат истрелани од ХИМАРС за да напаѓаат цели на руска територија.
Вашингтон се согласи да ја снабдува Украина со моќен ракетен артилериски систем. Еве како функционира оружјето и зошто неговата целосна моќ нема да биде достапна за Киев.
Previous slide
Next slide
Сепак, тие допрва треба да пристигнат. Бостон вели дека рускиот напредок е бавен и дека руската брзина на истрелани артилериски гранати и ракети не е одржлива.
„Има тактички победи за Русија на хоризонтот, но јас не гледам пат до севкупна стратешка победа“, вели Бостон, сега аналитичар во Ранд Корпорацијата, влијателен американски тинк-тенк финансиран делумно од војската на САД.
„Мислам дека она кон што се движиме е взаемно исцрпување. Сè што Русија ќе се обиде да направи, нанесувајќи им повеќе загуби на украинските сили, тоа ќе биде многу скап потфат“, смета тој.
„Генерално кажано, Украина има шанса, но оваа шанса е поврзана со оружје од Запад“, изјави Самус за РСЕ, додавајќи: „Ако имаме оружје, ќе имаме шанса да „деокупираме“ некои од териториите што ги држи Русија. А ако тоа се случи, тоа значи дека Путин ќе има проблеми. Големи проблеми“.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.