Достапни линкови

Време е за републиканска пролет - порача за Илинден претседателката Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Крушево по повод одбележување на Илинден

Повици за единство, за борба против корупцијата и економски напредок испрати македонската претседателка Гордана Силјановска- Давкова од Мечкин камен. Таа упати критика до ЕУ за билатеризацијата на процесот на проширувањето и менувањето на правилата на игра.

Време е за нова пролет на нашата Република, враќање кон републиканските корени, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова од крушевскиот Мечкин камен каде што се чествува 122 години од денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и 81 година од првото заседание на АСНОМ.

Таа во својот говор порача - македонските граѓани очекуваат правда и слобода и дека е дојдено време за искоренување на плевелот на корупцијата и криминалот во земјава.

„Длабинскиот поглед кон државата разоткрива во изминативе години и децении ендемска корупција и организиран криминал, слаби институции, силни партии и моќни поединци, вонинституционално одлучување, партократија како закана за парламентарната демократија, партизирана администрација. Несанкционираната одговорност и неказнивоста го руинираа судството, ја деградираа животната средина и ги нарушија меѓучовеките и меѓу етничките односи, продуцираа катастрофи и стимулираа неединство за прашањата од национален интерес за кои единството мора да биде императив“, изјави Давкова.

Дел од своето обраќање го посвети на критика кон Европската Унија( ЕУ) истакнувајќи дека во изминатиов период дозволиле билатеризација на процесот за проширување како и дека честопати ги менувале правилата според кои една земја кандидат треба да се исполнува услови за членство во неа. Таа ја обвини ЕУ дека има двојни аршини во пристапниот процес.

„ Легитимно е прашањето дали и колку денешната Унија, односно нејзините највисоки претставници се во дослух со идеалите на своите идејни творци и основачи. Чинам дека сеништата на старата одмината Европа како да не се далечно минато или како да осамануваат неочекувано. Се покажа дека ЕУ не е имуна на кризата на лидерството и демократскиот дефицит,“ рече Давкова.

Последиците од седумте пожари во Преспа

Таблите пред природниот резерват Езерани оштетни од пожарот кој пред неколку дена го зафати преспанското крајбрежје
1/17 Таблите пред природниот резерват Езерани оштетни од пожарот кој пред неколку дена го зафати преспанското крајбрежје
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Природниот резерват Езерани беше дом на над 200 видови птици, меѓу кои и најголемата колонија пеликани
2/17 Природниот резерват Езерани беше дом на над 200 видови птици, меѓу кои и најголемата колонија пеликани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Ветерот ја разнесува пепелта низ преспанскиот брег по неколку дневениот пожар во Природниот резерват Езерани
3/17 Ветерот ја разнесува пепелта низ преспанскиот брег по неколку дневениот пожар во Природниот резерват Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Опожарени дрвја од зимзелениот автохтон вид - фоја<br>
4/17 Опожарени дрвја од зимзелениот автохтон вид - фоја
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Седум пати за две недели, пожарникарите од Ресен гасеа пожар во Долно Перово
5/17 Седум пати за две недели, пожарникарите од Ресен гасеа пожар во Долно Перово
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Постои сомнеж дека пожарот во природниот резерват Езерани е подметнат, вели градоначалникот Јован Тозиевски
6/17 Постои сомнеж дека пожарот во природниот резерват Езерани е подметнат, вели градоначалникот Јован Тозиевски
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
 Огнот пеплоса и голем број овоштарници во овој дел од Преспа.
7/17 Огнот пеплоса и голем број овоштарници во овој дел од Преспа.
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Последиците од пожарот на преспанското крајбрежје во Долно Перово и Езерани
8/17 Последиците од пожарот на преспанското крајбрежје во Долно Перово и Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
9/17 Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
10/17 Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Пеплосана ниска вегетација во резерватот Езерани
11/17 Пеплосана ниска вегетација во резерватот Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Пожарот поради силниот ветер преку патот се префрлил во овоштарниците во Долно Перово
12/17 Пожарот поради силниот ветер преку патот се префрлил во овоштарниците во Долно Перово
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
13/17 Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
14/17
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
15/17 Последиците од пожарот на преспаснкото крајбрежје во Долно Перово и Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
16/17

Опожарени и едукативните табли покрај патот пред влезот во Езерани
17/17 Опожарени и едукативните табли покрај патот пред влезот во Езерани
За само неколку дена во преспанското село Долно Перово седум пати се пали оган. Градоначалникот Јован Тозиевски се сомнева во подметнат пожар. При последниот пожар шго зафати природниот резерват Езерани изгоре над 500 хектари површина.
Previous slide
Next slide

Пожарите и справувањето со нив, беа дел од говорот на Давкова.

„Републиката ни е во пламен“, посочи таа.

Според неа за помалку шумски пожари, потребен е не само правен, туку ефикасен институционален систем, вистински луѓе на важни позиции, вградена превентивна и волонтерска димензија, стимулативни мерки за пожарникарите, пожарникарството и за волонтерите. Дел од овие мерки се во тек, изјави таа.

„ Мора да ставиме крај на дивите депонии и нивното палење, имаме потреба од длабоки суштински реформи во сите сфери по европска мерка“, додаде македонската претседателка.

Силјановска Давкова изјави дека Илинден нѐ учи дека Републиката не се наследува, туку се изборува и се заслужува.

„Илинден нѐ обврзува да направиме од државата пристојно место за живеење за сите, место од кое нема да се бега, туку во кое ќе се доаѓа“, порача таа.

Централната прослава за одбележувањето на 122 години од Илинденското Востание се одржа во Крушево, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Мицкоски - Жртвата на предците нека нè потсетува каква држава треба ние да оставиме

Во Скопје премиерот Христијан Мицкоски придружуван од вицепремиерот Изет Меџити, како и министерката за образование Весна Јаневска, положи цвеќе на споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред зградата на Собранието, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ и на споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“.

Премиерот Христијан Мицкоски пред споменикот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред Собранието, Илинден, 2 Август 2025

Мицкоски нагласи дека Илинден е жив потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава, како и на храброста на генерациите кои се бореле за самостојна и достоинствена Македонија.

„Овој ден нека нè потсетува на жртвата којашто генерациите ја оставиле, за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имаме, а тоа е слободна, независна држава Македонија. Нека нивната жртва нè потсетува каква држава треба ние да оставиме на генерациите после нас“, изјави Мицкоски.

Филипче: Да ги оставиме настрана поделбите на патриоти и предавници

Лидерот на опозициската СДСМ, денеска од Крушево, на одбележувањето на 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, го честита празникот со пораката да се остават настрана поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава. Според него, на овој ден е потребно да народот да се присети на сите жртви кои со својата крв ги создале темелите на македонската модерна држава.

„Меѓутоа мора да признаеме дека нашата мирновременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, да конечно станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски. Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава“, изјави Филипче.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, во име на пратениците истакна дека овој ден е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество, вредности кои се темел на заедништвото и на институциите на државата.

„ Нека овој ден биде поттик за размислување за заедничкиот пат што го изградивме како држава и како општество, како и за понатамошно охрабрување на меѓусебното разбирање, соработка и посветеност кон доброто на татковината, без разлика на етничките, верските или политичките разлики“, е наведено во честитката на Гаши.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати пишана честитка за Денот на Републиката, Илинден. Во неа е наведено дека Илинден е вечна инспирација за современа и праведна држава.

„Чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото и градењето на правната држава. Тоа е нашето современо илинденско наследство. Да продолжиме со истиот жар и стремеж за правда, секој од нас да ја исполни обврската кон илинденците и никогаш да не згасне борбата за просперитетна, прогресивна, но пред сè правна држава“, е наведно во честитката на Костадиновски.

Со низа свечености и манифестации денеска беше одбележана 122 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република и 81 години од Првото заседание на АСНОМ.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија во 2008-та година. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје. Во 2015-та година е добитничка на награда од УНХЦР за професионално известување за состојбата со бегалците, како и на неколку признанија за истражувачки стории. Од 2023 година работи како истражувачки новинар во Радио Слободна Европа, главно на теми поврзани со високо-профилен криминал и корупција.

This item is part of
XS
SM
MD
LG