Достапни линкови

Што се знае за Томас Метју Крукс, осомничениот за пукањето врз Трамп

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешниот претседател Доналд Трамп е покриен од агенти на американската тајна служба на предизборен митинг, сабота, 13 јули 2024 година

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) го идентификуваше 20-годишниот Томас Метју Крукс од паркот Бетел, Пенсилванија, како осомничен за обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг.

Осомничениот Томас Метју Крукс бил застрелан и убиен од тајната служба по само неколку секунди откако тој наводно пукал кон бината каде што поранешниот американски претседател Доналд Трамп зборувал на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија.

ФБИ соопшти дека работи на утврдување на мотивот за нападот, во кој загина еден учесник на митингот, а двајца се тешко ранети. Трамп беше застрелан во уво и сега се чувствува добро.

Евиденцијата на гласачите во Пенсилванија покажува дека Крукс бил регистриран републиканец. Но, претстојните избори на 5 ноември требаше да бидат првите за кои Крукс би бил доволно возрасен да гласа за претседател.

Крукс живеел околу еден час од местото каде што се случило пукањето во Батлер. Федералната управа за авијација во неделата соопшти дека го затворила воздушниот простор над паркот Бетел поради „посебни безбедносни причини“.

Кога Крукс имал 17 години, тој направил донација од 15 долари за ActBlue, политички акционен комитет кој собира пари за левоориентираните и демократските политичари, покажува пријавата на Федералната изборна комисија од 2021 година.

Донацијата била наменета за Прогресивен проект за излезност, организација која ги повикува демократите да излезат.

Таткото на Крукс, 53 годишниот Метју Крукс за американскиот медиум Си-Ен-Ен изјави дека се обидува да открие што се случило и ќе почека додека не разговара со полицијата и надлежните пред да зборува јавно за својот син.

Обидот за атентат врз Трамп низ објективите

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигнува на митинг во Батлер, Пенсилванија, САД на 13 јули 2024 година.
1/12 Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигнува на митинг во Батлер, Пенсилванија, САД на 13 јули 2024 година.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Како што објави АП, неколку илјади луѓе дојдоа да го испратат собирот на Трамп.
2/12 Како што објави АП, неколку илјади луѓе дојдоа да го испратат собирот на Трамп.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Откако одекнаа истрелите, Трамп се засолни зад говорницата на сцената, а шест агенти на Тајната служба го опколија.
3/12 Откако одекнаа истрелите, Трамп се засолни зад говорницата на сцената, а шест агенти на Тајната служба го опколија.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
На бината излегоа други вооружени полицајци, а потоа се слушна и втор рафал.Агентите на тајната служба го држеа Трамп на земја 25 секунди.
4/12 На бината излегоа други вооружени полицајци, а потоа се слушна и втор рафал.Агентите на тајната служба го држеа Трамп на земја 25 секунди.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Над местото на пукањето кружеше хеликоптер, а вооружени полицајци беа на покривот на зграда во близина на бината каде што стоеше Трамп.
5/12 Над местото на пукањето кружеше хеликоптер, а вооружени полицајци беа на покривот на зграда во близина на бината каде што стоеше Трамп.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Агентите го кренаа Трамп на нозе. Неговата црвена бејзбол капа „Make America Great Again“ повеќе не беше на главата, косата му беше разбушавена, десното уво крваво, а на целото лице имаше траги од крв.
6/12 Агентите го кренаа Трамп на нозе. Неговата црвена бејзбол капа „Make America Great Again“ повеќе не беше на главата, косата му беше разбушавена, десното уво крваво, а на целото лице имаше траги од крв.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
„Дозволете ми да си ги земам чевлите. Дозволете ми да си ги земам чевлите“, рече Трамп додека агентите го креваа од земја. Потоа рече: „Чекај, чекај, чекај“, пред да ја крене тупаницата.
7/12 „Дозволете ми да си ги земам чевлите. Дозволете ми да си ги земам чевлите“, рече Трамп додека агентите го креваа од земја. Потоа рече: „Чекај, чекај, чекај“, пред да ја крене тупаницата.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Трамп продолжи да тресе со тупаница кон толпата, велејќи „борете се“. Многумина од толпата почнаа да скандираат „САД, САД“.
8/12 Трамп продолжи да тресе со тупаница кон толпата, велејќи „борете се“. Многумина од толпата почнаа да скандираат „САД, САД“.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Агентите го водат Трамп до автомобилот.
9/12 Агентите го водат Трамп до автомобилот.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Автомобилот на Трамп го напушта митингот.
10/12 Автомобилот на Трамп го напушта митингот.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Местото за митинг беше брзо испразнето, столовите беа оставени превртени, а бината беше опкружена со полициска лента.
11/12 Местото за митинг беше брзо испразнето, столовите беа оставени превртени, а бината беше опкружена со полициска лента.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Веста за пукањето на митингот на Трамп одекна во медиумите.
12/12 Веста за пукањето на митингот на Трамп одекна во медиумите.
Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански претседателски кандидат во ноември, Доналд Трамп, се чувствува добро откако агентите на Тајната служба го тргнаа од бината по истрелите одекнаа на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.
Previous slide
Next slide

Томас Крукс дипломирал на средното училиште Бетел Парк во 2022 година, според Питсбург Трибјун-Ревиз. Тој доби награда од 500 долари од Националната иницијатива за математика и наука, пишува весникот.

На видеото од церемонијата на дипломирање во 2022 година, обезбедено од „Њујорк тајмс“, се гледа како Крукс ја добива својата диплома за средно училиште со аплауз. На видеото од церемонијата што е објавено на интернет се гледа како Крукс со очила во црна униформа за матура позира со службеник на училиштето. Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди автентичноста на видеото.

Истрели на митинг во Пенсилванија, Трамп со крв на лицето
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:53 0:00

Официјални лица за спроведување на законот во саботата изјавија дека Крукс не носел легитимација на местото на пукањето и дека мора да биде идентификуван со други методи.

„Во моментов ги гледаме фотографиите и се обидуваме да ја тестираме неговата ДНК и да добиеме биометриска потврда“, рече специјалниот агент на ФБИ Кевин Роек за време на брифингот со новинарите.

Американскиот медиум „USA Today“ објави дека десетици полициски возила биле паркирани пред домот, односно наведената адреса во документите за гласање на Крукс.

Периметарот на резиденцијата на осомничениот во неделата беше опколен со жолта полициска предупредувачка лента.

Ројтерс не можеше веднаш да ги идентификува точните профили на Крукс на социјалните мрежи или онлајн објавите. Матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, Мета не одговори веднаш на прашањата на Ројтерс, дали платформите отстраниле какви било профили или објави поврзани со осомничениот.

XS
SM
MD
LG