Странски лидери во Киев - поделеност меѓу САД и Европа за крајот на војната
Странски лидери во Киев - поделеност меѓу САД и Европа за крајот на војната
Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, летонскиот претседател Едгарс Ринкевичс, првата дама на Украина, Олена Зеленска, украинскиот претседател Володимир Зеленски, финскиот претседател Александар Стуб и литванскиот претседател Гитанас Наузеда во Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава на социјалните мрежи им испрати порака на Украинците по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија.
„Три години отпор. Три години благодарност. Три години апсолутен херојство на Украинците. Горд сум на Украина. Им благодарам на сите кои ја бранат и поддржуваат. Сите што работат за Украина. И нека е вечниот споменот на сите оние кои ги дадоа своите животи за нашата земја и народ“, напиша Зеленски.
На 24 фебруари во Киев допатуваа и претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија и на Европскиот парламент, Антонио Кошта, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, со цел да ја изразат непоколебливата поддршка на ЕУ за борбата на Украина за независност и слобода на третата годишнина од почетокот на руската инвазија.
Претседателот Володимир Зеленски им посака добредојде на повеќе од десет странски лидери во Киев за да ја одбележат третата годишнина од војната предизвикана од руската инвазија во контекст на обновените поделби меѓу САД и Европа за тоа како да се стави крај на конфликтот.
„За лидерите кои пристигнаа во Украина, го започнавме овој ден со оддавање почит на нашите војници кои ги дадоа своите животи за нашата земја“, рече Зеленски на самитот „Поддршка за Украина“ во Киев.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето на Меѓународниот самит за поддршка на Украина, што се одржа во украинскиот главен град, кажа дека нема да има кредибилни и успешни преговори и нема да има траен мир без Украина и без Европската Унија и само Киев може да одлучи кога ќе бидат исполнети условите за почеток на мировни преговори.
„Мирот не може да биде едноставен прекин на огнот. Тоа треба да биде траен договор. Мирот не треба да го награди агресорот. Треба да ги научиме лекциите од минатото, од договорите од Будимпешта и Минск. Само конкретни и силни безбедносни гаранции ќе обезбедат сеопфатен, праведен и траен мир во Украина и во цела Европа“, нагласи Кошта.
Според него, Русија претставува закана за меѓународниот поредок заснован на правила, а нејзиниот претседател Владимир Путин сака „да не подели“, па затоа со денешното свое присуство во Киев, европските претставници покажуваат дека поддршка на ЕУ за Украина е силна, единствена и непроменета.
Нова поддршка за Украина
Во говорот на Самитот што се одржува на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, претседателка та на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен оцени дека никој не сака мир повеќе од народот на Украина, но дека до праведен и траен мир се доаѓа само преку сила.
„Европа е тука да ја зајакне Украина во овој критичен момент и веќе во март ЕУ на земјата ќе и исплати дополнителни 3,5 милијарди евра помош. Ќе презентирам и сеопфатен план за тоа како да ги зголемиме нашето европско производство на оружје и нашите одбранбени способности. И Украина, исто така, ќе има корист од тоа“, рече таа.
Финансиски средства и воена опрема Украина ќе добие и од Канада, соопшти премиерот Џастин Трудо, кој исто така е во посета на Киев. Тој најави дека неговата земја ќе ги пренесе првите пет милијарди долари од замрзнатите руски средства на Украина.
Тој, исто така, рече дека Канада ќе и даде на Украина 25 борбени возила ЛАВ II, четири симулатори на летот Ф-16 и системи за слетување и муниција.
Преговорите меѓу САД и Русија минатата недела во Саудиска Арабија ги зголемија стравувањата дека Киев и европските престолнини би можеле да бидат настрана и да им се наметне решение кое ќе ја фаворизира Русија.
Оваа загриженост беше потврдена во изјавите на европските лидери по повод годишнината од војната.
Трамп ги вознемири традиционалните американски сојузници во Европа со неговата подготвеност да ги обнови дипломатските односи со рускиот претседател Владимир Путин и да преговара за крај на војната во Украина, предизвикувајќи загриженост дека Европа, па дури и самиот Киев – ќе бидат настрана во процесот.
Путин се обиде да ја оправда руската инвазија тврдејќи дека Украина нема вистински национален идентитет или традиција на државност, додека Москва тврди дека дејствувала за разоружување и „денацифицирање“ на Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека е невозможно да се реши војната во Украина доколку сите страни не ја разберат нејзината основна причина и дека Русија во овој момент не гледа потреба од обновување на дијалогот со Европската унија.
За време на посетата на Турција на годишнината од војната, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Москва останува отворена за преговори, но дека нејзината воена кампања ќе заврши само доколку исходот е задоволителен за Русија.
Лавров додаде дека верува оти многу земји станале „пореални“ во ставот за војната и дека неодамнешната средба во Саудиска Арабија поттикнала надеж за нормален дијалог меѓу Москва и Вашингтон.
Разговорите во Ријад и можноста за нормализирање на односите меѓу Русија и САД отворија нови дипломатски пукнатини меѓу Вашингтон и неговите европски сојузници, поради што европските лидери се обидуваат да комуницираат со Вашингтон.
„Ако ги погледнете пораките што доаѓаат од САД, јасно е дека рускиот наратив е многу силно претставен таму“, рече шефицата на европската надворешна политика Каја Калас за новинарите во Брисел. Таа треба да отпатува за Вашингтон на 25-ти февруари и да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио.
Дипломатска битка за Украина, исто така, се наѕира подоцна во текот на денот во Обединетите нации во Њујорк, каде што САД предложија нацрт-резолуција која користи помалку критички јазик за руската инвазија од нацрт-резолуцијата предложена од Европската унија и Украина.
Американскиот нацрт, предложен на 21 февруари, изразува жалење за „трагичната загуба на животи за време на руско-украинскиот конфликт“, повикува на негов брз крај и на траен мир. Сепак, не се споменува територијата окупирана од Русија и не се споменува Москва како извор на конфликтот.
Украинските градови и места окупирани од Русија во 2024 година
1/16Вухледар, во украинскиот регион Доњецк, беше заземен во октомври 2024 година, а од градот останаа само урнатини. Битката за Вухледар траеше две години. Оваа фотографија покажува уништени станбени згради во градот во септември 2023 година.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
2/16Изгорена станбена зграда во Авдијевка, регионот Доњецк, во ноември 2023 година. Во последните недели од битката за градот, која заврши во февруари 2024 година, ниту една зграда не остана недопрена. Според локалниот украински командант, окупацијата на градот ја чинела Русија 47.000 војници. Руските власти не зборуваат отворено за загубите на нивната војска во поединечни битки и воопшто во војната.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
3/16Украински војник во Авдијивка стои во близина на оштетената челична плоча со напис „Ја сакам Авдијивка“ во ноември 2023 година, кога фоторепортерот на РСЕ, Серхиј Нужненко, го посети за последен пат пред окупацијата на градот. Руската армија ја зазеде Авдијивка во февруари 2024 година, а последната фаза од битката траеше повеќе од пет месеци.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
4/16Оваа куќа во селото Пречистивка, во близина на Вухледар, беше уништена во мај 2023 година. Руските војници ја окупираа населбата во септември 2024 година.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
5/16Мурал на кој пишува „Руси, поздрав, вие сте во пеколот“ во градот Њу-Јорк во украинскиот регион Доњецк во април 2022 година. Русија најави заземање на Њу-Јорк во август 2024 година, но во септември украинската армија објави дека има борби во селото. Според мапата DeepState, Њу-Јорк е целосно под руска окупација од октомври.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
6/16Регион Доњецк, јуни 2023 година. Селото Блаходатне беше едно од оние што ги ослободи украинската армија за време на воената контраофанзива на Украина во летото 2023 година, кога Нужененко ја направи оваа фотографија. Во декември 2024 година, Блаходатне беше повторно окупиран.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
7/16Улиците на градот Селидове, во близина на Покровск, во украинската област Доњецк. Фотографијата е направена на 9 октомври 2024 година, а на 31 октомври Селидове беше окупиран.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
8/16Жител на селото Терни, регионот Доњецк, стои во близина на својата куќа во март 2023 година. Борбите за тешко оштетеното село започнаа во јануари 2023 година. Тоа беше целосно окупирано од почетокот на оваа година.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
9/16Велосипед во Вухледар, во украинската област Доњецк. Овој мал град со повеќекатници се наоѓа на рид, што ѝ даде предност на украинската армија во борбите и овозможи да се одвратат механизираните руски напади.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
10/16Според мапата на DeepState, Часив Јар, во украинската област Доњецк, е делумно окупиран од руски војници. Фотографијата ја прикажува областа Канал, која ја освоија во јули 2024 година. Битката за градот започна по окупацијата на Бахмут во мај 2023 година и трае до ден-денес.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
11/16По заземањето на Авдијивка, руските трупи продолжија понатаму. Оваа фотографија е направена на патот меѓу Авдијевка и селото Бердичи, во ноември 2023 година. Окупацијата на Бердичи беше потврдена од украинската армија во април 2024 година.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
12/16Рамница во областа Курахове, во украинскиот округ Доњецк во мај 2024 година. Во тоа време, таму продолжија пролетните земјоделски работи. Оваа област беше окупирана во ноември 2024 година, а административниот центар на областа, Курахове, беше окупиран во јануари оваа година.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
13/16Рита со нејзината мачка во Авдијевка. Нивната судбина е непозната. Околу 900 цивили биле во Авдијевка во времето на окупацијата. Луѓето живееја во подруми и користеа хуманитарна помош за да преживеат кога сè уште беше можно помошта да се достави. Пред војната, во Авдијевка живееле околу 30.000 луѓе.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
14/16Во јули 2024 година започнаа битките за селото Воздвиженка во областа Доњецк во Украина. Непосредно пред тоа, во мај 2024 година, Нужененко ги фотографираше последиците од гранатирањето на земјоделско претпријатие во близина на Воздвиженка. Од јануари, Воздвиженка веќе беше под окупација.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
15/16Земја од земјоделските површини на регионот Доњецк во близина на селото Костиантивка. Беше окупирана во септември 2024 година, четири месеци откако беше направена оваа слика.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
16/16Фотографијата покажува евакуација на жена од Новохродивка, регионот Доњецк, во август 2024 година. Руските трупи го окупираа градот 20 дена откако беше направена оваа фотографија. Човекот од десната страна е Овен, волонтер од Нов Зеланд, поранешен воен лекар, кој дојде во Украина за да помогне во спасувањето на луѓето.
Русија окупира област четири пати поголема од Киев во 2024 година. Фоторепортерот на РСЕ, Серхи Нужненко, ги направи овие фотографии непосредно пред да влезат руските војници во градовите и селата во сега окупираните територии.
Previous slide
Next slide
Спротивно на тоа, нацрт-резолуцијата на Европската унија и Украина зборува за „општа инвазија на Украина што ја започна Руската Федерација“ и бара итно и безусловно повлекување на сите руски сили.
Украинско-европскиот текст ја нагласува потребата да се удвојат дипломатските напори за завршување на војната оваа година, истовремено обвинувајќи ја Русија за инвазијата и посветеноста на „територијалниот интегритет“ на Украина.
Во него се потсетува и на потребата од спроведување на сите претходни резолуции на ОН „усвоени како одговор на агресијата врз Украина“.