Достапни линкови

Најмалку 400 мртви во пакистански воздушен напад врз болница во Кабул

Последици од нападот врз болница во Кабул, 17 март 2026 година
Последици од нападот врз болница во Кабул, 17 март 2026 година

Најмалку 400 луѓе беа убиени, а 250 повредени во пакистански воздушен напад врз болница во Кабул, соопштија авганистанските талибанци.

Пакистан ги отфрли тврдењата дека таргетирале болница.

Болницата „Омид“ со 2000 кревети, центар за рехабилитација од злоупотреба на супстанции во авганистанскиот главен град, наводно била погодена во пакистански воздушен напад доцна на 16 март.

Во тек се напори за спасување на повредените и извлекување на телата, според Хамдула Фитрат, заменик-портпарол на талибанската влада во Авганистан.

„Пакистанскиот воен режим изврши воздушен напад околу 21 часот вечерва врз болницата за третман на зависности „Омид“, објект со 2.000 кревети посветен на третман на зависност од дрога“, рече тој во објава на X, додавајќи дека „големи делови од болницата се уништени“.

Министерството за информации на Пакистан тврди дека целта биле воени инсталации и инфраструктура за поддршка на терористите во Кабул и Нангархар и дека ненамерно ги погодило цивилите.

„Инфраструктурата за техничка поддршка и објектите за складирање муниција на две локации во Кабул беа ефикасно уништени“, напиша пакистанскиот министер за информации Атаула Тарар во објава на X.

„Видливите секундарни детонации по нападите јасно укажуваат на присуство на големи складишта за муниција“, додаде тој.

Тврдењата од двете страни не можеа независно да се потврдат.

Нападот нагло ги подигна тензиите меѓу Авганистан и Пакистан, кои доживуваат тековни прекугранични судири.

XS
SM
MD
LG