Достапни линкови

Локални избори

Локални избори 2025

- ДИК: Сите гласачи места отворени навреме

- Осми по ред локални избори

- Над 300 кандидати за градоначалници

- 575 листи за советници

- Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи

- Се гласа во 80 општини и во Град Скопје

09:58 19.10.2025

Фотогалерија

Локални избори 2025 - Северна Македонија избира градоначалници и општински советници

Избирачките места се отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати.
1/8 Избирачките места се отворени до 19 часот, по што ќе следува броење на гласовите и објавување на првичните резултати.
За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати.
2/8 За 81 градоначалничко место се борат 309 кандидати, додека за членови во советите има над 10 илјади кандидати.
Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.
3/8 Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.
Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи, а се гласа во 80 општини и во Град Скопје
4/8 Право на глас имаат 1,8 милиони гласачи, а се гласа во 80 општини и во Град Скопје
Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.
5/8 Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.
Гласањето на гласачките места го спроведуваат гласачки одбори и акредитирани набљудувачи.
6/8 Гласањето на гласачките места го спроведуваат гласачки одбори и акредитирани набљудувачи.
За гласање задолжително мора да се носи документ за лична идентификација - лична карта или пасош.
7/8 За гласање задолжително мора да се носи документ за лична идентификација - лична карта или пасош.
Фотографија од гласачко место во општина Чаир.
8/8 Фотографија од гласачко место во општина Чаир.
Previous slide
Next slide
10:07 19.10.2025

ДИК: До 9 часот и 15 минути гласале 3 проценти од запишаните избирачи

Државната изборна Комисија изутрината соопшти дека до 9 часот и 15 минути на државно ниво гласале 3 проценти граѓани со право на глас од вкупниот број избирачи.
Станува збор за резултати од 75 насто од избирачките места. Вкупниот број граѓани што гласале изнесува 41 илјада.
„Државната изборна комисија известува дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем“, стои во соопштението на Комисијата. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко на прес конференцијата нотираше минорни проблеми во текот на гласањето на одредени места.

Борис Кондарко - Претседател на Државна изборна комисија
Борис Кондарко - Претседател на Државна изборна комисија
10:35 19.10.2025

Одлучи што е важно за твојата општина!

Одлучи што е важно за твојата општина!
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:17 0:00
10:58 19.10.2025

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот Правобранител

Гласање - локални избори 2025
Гласање - локални избори 2025

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG