Достапни линкови

Голтање на инстант „вистини“


Антиваксерството се прошири како резултат на лажни вести. Теориите на конспирации добиваат поддржувачи, а луѓето имаат се помалку време да проверуваат информации додека се “нападнати“ секојдневно со еден тон вести. Како да се „победат„ алгоритмите но и што ни носи иднината, во Поткастот Зошто разговараме со Михајло Лахтов, експерт за медиуми и комуникации.

Враќањето на болести кои ги сметавме за искоренети, како големата кашлица за која постојат вакцини, веројатно покажува конкретно со што резултираат лажните вести.

Како може во 21 век луѓето да стануваат антиваксери само затоа што читаат непроверени информации?

Одеднаш се појавија многу доктори, за кои не знаевме, ама се доктори само на социјални мрежи. Решил квиз на фејсбук 100 од 100 за медицина и ене го се пресоблекол и ќе прави операција. Тоа е резултат на таа инфодемија, вратите кои ни ги отворија социјалните мрежи, медиумите, кои создадоа можност да креираме вести, не сме само реципиенти. Инфодемија е огромен број на информации од секаде, нерелеватни, непроверени често неточни и не доаѓаат од науката, туку од секаде.

Цензурата е минато
please wait

No media source currently available

0:00 0:20:44 0:00
Директен линк

Од една страна Балканот се перцепира дека живеат луѓе кои се гледаат со недоверба, испитувачки, со недоверба во институции, во државата, па сепак лагите поминуваат.

Тоа што ним им изгледа податливо, интересно, им изгледа точно, поради нивните предрасуди, или пристрасност веќе развиле однос кон светот дека се е една голема завера. Тоа им го објаснува и нивниот живот, и нивните проблеми. Дека целиот свет е еден голем криминален свет во кој елитите манипулираат со сите нас. Тука спаѓаат и вакцините, политиката меѓу големите сили и сакаат да ја дознаат големата вистина.

Лахтов додава дека тие бараат инстант вистина која е лесно сварлива. Смета дека проблемот е што луѓето не читаат критички, а и преплавени се од информации.

Ние сме бомбардирани со илјадници информации и денеска техниките на манипулирање со јавноста не се врзуваат со цензурата. Цензурата не е возможна, не можете да блокирате информација, има толку многу платформи што таа ќе се појави, не може да се сокрие.

Михајло Лахтов, експерт за медиуми и комуникации во Поткастот „Зошто“
Михајло Лахтов, експерт за медиуми и комуникации во Поткастот „Зошто“

Се повеќе ќе се губи границата меѓу реалноста во која живееме и виртуелната реалност и Лахов предвидува дека најнов е обидот за создавање на две паралелни реалностаи.

Со социјалните мрежи добивме можност да кажеме се што сакаме, да напишеме, бидеме се што сакаме онлајн. Ние онлајн не сме истите. Ние сме добрите ние, паметните ние, убавите ние...Со виртуелната реалност ние буквално ќе можеме да го живееме животот и светот кој го посакуваме а ние да бидеме главните протагонисти, главната фаца.

Со Михајло Лахтов разговараме и за пропагандата и политичките кампањи пред изборите и дали тие се променети.

А вие Почитувани, слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа. Кликнете на поткаст Зошто и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG