Достапни линкови

Декласифицираните белешки на Клинтон покажуваат пат за односите со Русија кој застрани

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон (лево) и поранешниот руски претседател Борис Елцин се ракуваат на затворањето на самитот во Хелсинки на 21 март 1997 година.
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон (лево) и поранешниот руски претседател Борис Елцин се ракуваат на затворањето на самитот во Хелсинки на 21 март 1997 година.

Еден ден откако Русите гласаа на национален референдум што служеше како гласање за доверба на претседателството на претседателот Борис Елцин, тогашниот негов американски колега Бил Клинтон му се јави на телефон.

Разговорот на Клинтон со Елцин на 26 април 1993 година, еден од неколкуте директни разговори и средби што двајцата лидери ги имаа во првите месеци од претседателствувањето на Клинтон, беше пријателски, поддржувачки и оптимистички.

„Сакам да знаете дека ние сме во ова со Вас на долг рок“, рече Клинтон, покажува новиот декласифициран меморандум со детали за телефонскиот разговор.

„Навистина сум благодарен за вашата мудра политика. Ви благодарам за повикот. Тоа е многу важно за мојот дух. Ви благодарам не само за мене и мојата сопруга, туку и за целиот руски народ“, одговори Елцин.

Меморандумот е последен во серијата декласифицирани документи објавени од Архивата за национална безбедност на САД. Документите нудат уште еден увид во раните, оптимистички години на американско-руските односи и даваат уште една историска мисла за тоа како и кога односите се влошија - особено во времето на наследникот на Елцин, Владимир Путин.

Националната безбедносна архива, невладина организација, сместена на Универзитетот Џорџ Вашингтон, во Вашингтон, објави и други декласифицирани документи во кои во детели се опишани внатрешните размислувања меѓу минатите претседателски администрации.

Клинтон, Елцин и тогашниот претседател на Украина, Леонид Кравчук, позираат по потпишувањето на трилатералната изјава во Москва на 14 јануари 1994 година.
Клинтон, Елцин и тогашниот претседател на Украина, Леонид Кравчук, позираат по потпишувањето на трилатералната изјава во Москва на 14 јануари 1994 година.

Заедно со другите досиеја што беа објавени од поранешни советници во Белата куќа, документите нудат делови од сложувалката за тоа како еволуирала американската политика, а во некои случаи како и каде погрешиле администрациите на САД при приближувањето кон Москва.

„Имате чувство за вистинска пропуштена шанса од страна на сегашното руско раководство“, изјави Џонатан Елкинд, кој беше руски, украински и евроазиски директор во Советот за национална безбедност на САД во подоцнежните години од претседателствувањето на Клинтон.

„Јас би бил последниот човек што ќе тврди дека некој е неодолив, која било страна, но едноставниот факт е дека акумулацијата на поплаки кои се чини дека ги мотивираат политиките на Путин го игнорираат фактот дека имаше многу заеднички напори на претседателот Клинтон и неговите администрацијата да изгради подобри, помирни, постабилни односи меѓу Соединетите Држави и Русија“, рече Елкинд, кој сега е научник во Центарот за глобална енергетска политика на Универзитетот Колумбија.

„Апсолутно вредеше напорот што го направи администрацијата на Клинтон. Успехот на тој потфат беше сè само не сигурен, а во некои од тие документи можете да ја видите несигурноста што ја следеше целиот процес: како некој внимателно да ги заштити американските интереси и исто така да најде поинаков и подобар начин со Русија?“, изјави тој.

Југословенски војни

Елцин беше избран за претседател во јуни 1991 година, кога Русија сè уште беше дел од Советскиот Сојуз. Во декември истата година, кога Советскиот Сојуз формално престана да постои, тој стана претседател на ново-независната Русија.

Американските власти, вклучувајќи го и претходникот на Клинтон, Џорџ Буш, го прифатија Елцин како демократски реформатор способен да ја оддалечи Русија од комунизмот и да го обезбеди огромниот нуклеарен арсенал на земјата.

Клинтон и Елцин се прошетаат за време на Самитот во Ванкувер на 3 април 1993 година.
Клинтон и Елцин се прошетаат за време на Самитот во Ванкувер на 3 април 1993 година.

Избран во ноември 1992 година, Клинтон беше вториот претседател на САД со кој Елцин комуницираше и со кого разви невообичаено срдечни односи.

Клинтон и Елцин телефонски разговараа на 10 февруари 1993 година, околу три недели по инаугурацијата на американскиот претседател.

Растечката криза во поранешна Југославија беше најважна тема на агендата на Клинтон, која тој веднаш ја изнесе, вклучувајќи ја и опасноста од натамошно ширење на војната. Историскиот сојузник на Русија, Србија, беше централен играч во војната.

„Знам дека ова е многу тежок проблем за Вас; ги ценам историските врски на Русија со Србија и не сакам да ви предизвикувам проблеми дома“, рекол Клинтон, според декласифицираниот меморандум.

„Но, ако етничкото чистење се смета за успешен начин за справување со малцинските проблеми, тогаш и етничките Руси надвор од Русија би можеле да бидат изложени на ризик“.

„Сакам да Ви се заблагодарам за вашите убави зборови и за вашите желби за соработка меѓу нашите две земји и што им давате приоритет на вашите односи со Русија“, одговори Елцин, пред да го поддржи предлогот на САД и Европската унија, чија цел е да се спречи целосна војна во Босна.

„Дозволете ми да кажам повторно, ќе дадеме се од себе да го искористиме нашето влијание за да ги убедиме Србите“, рече Елцин.

„Сакам само да ветам дека ќе дадеме се од себе за да извршиме притисок врз Србите, особено [српскиот лидер Слободан] Милошевиќ.

Низ фотографии: Годините на Елцин

Рускиот претседател Борис Елцин пречекан со традиционална понуда леб и сол при посетата на Краснојарск во јули 1994 година.
1/26 Рускиот претседател Борис Елцин пречекан со традиционална понуда леб и сол при посетата на Краснојарск во јули 1994 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин (десно) седи со американскиот претседател Бил Клинтон во Хајд Парк, Њујорк, во октомври 1995 година.
2/26 Елцин (десно) седи со американскиот претседател Бил Клинтон во Хајд Парк, Њујорк, во октомври 1995 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин руча со Минтимер Шаимиев, претседателот на Татарстан, во август 1994 година.

Тие седат на брегот на реката Волга додека го чекаат нивниот брод за крстарење.

Овие слики се направени од официјални фотографи од Елцин помеѓу 10 јули 1991 година, денот кога започна претседателството на Елцин и 31 декември 1999 година, кога Елцин му ја предаде власта на Владимир Путин.

Фотографиите се само дел од илјадниците слики што се чуваат во архивата на Претседателскиот центар „Борис Елцин“, музеј и културен центар, отворен во Екатеринбург во 2015 година.
3/26 Елцин руча со Минтимер Шаимиев, претседателот на Татарстан, во август 1994 година.
Тие седат на брегот на реката Волга додека го чекаат нивниот брод за крстарење.

Овие слики се направени од официјални фотографи од Елцин помеѓу 10 јули 1991 година, денот кога започна претседателството на Елцин и 31 декември 1999 година, кога Елцин му ја предаде власта на Владимир Путин.

Фотографиите се само дел од илјадниците слики што се чуваат во архивата на Претседателскиот центар „Борис Елцин“, музеј и културен центар, отворен во Екатеринбург во 2015 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин со јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела во Њујорк за време на прославата по повод 50-годишнината од Обединетите нации во октомври 1995 година.

4/26 Елцин со јужноафриканскиот претседател Нелсон Мандела во Њујорк за време на прославата по повод 50-годишнината од Обединетите нации во октомври 1995 година.

Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин позира со морнари во јужна Русија во пролетта 1995 година.
5/26 Елцин позира со морнари во јужна Русија во пролетта 1995 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин на шминкање пред телевизиското обраќање во Кремљ во август 1995 година.
6/26 Елцин на шминкање пред телевизиското обраќање во Кремљ во август 1995 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.

Англиската кралица Елизабета Втора разговара со рускиот претседател за време на нејзината посета на Русија во октомври 1994 година. Тоа беше првпат пат еден британски монарх да ја посети Русија, откако односите меѓу двете земји беа нарушени од убиството на царот Николај Втори и неговите семејство. Рускиот цар бил братучед на дедото на кралицата Елизабета.

7/26

Елцин слуша превод додека британскиот премиер Џон Мејџор зборува во Лондон во септември 1994 година за време на официјалната посета на рускиот претседател.
8/26 Елцин слуша превод додека британскиот премиер Џон Мејџор зборува во Лондон во септември 1994 година за време на официјалната посета на рускиот претседател.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.

Елцин во рускиот регион Татарстан во мај 1994 година беше шпречекансо торта „чак-чак“ во форма на Кремљ. Традиционалниот татарски десерт се прави од мали парчиња крцкаво, длабоко пржено тесто со мед.

9/26

Англиската кралица Елизабета Втора разговара со Русин на Црвениот плоштад во Москва во октомври 1994 година.
10/26 Англиската кралица Елизабета Втора разговара со Русин на Црвениот плоштад во Москва во октомври 1994 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов се среќава со Елцин во Москва во март 1995 година.
11/26 Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов се среќава со Елцин во Москва во март 1995 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин во традиционална локална облека во јужниот руски град Кизил, во јуни 1994 година.
12/26 Елцин во традиционална локална облека во јужниот руски град Кизил, во јуни 1994 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин шета со американскиот претседател Бил Клинтон во Неапол, Италија, во јули 1994 година.
13/26 Елцин шета со американскиот претседател Бил Клинтон во Неапол, Италија, во јули 1994 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин и Клинтон во Кремљ во јануари 1994 година.
14/26 Елцин и Клинтон во Кремљ во јануари 1994 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Луѓе на дрвја за да го гледаат Елцин како држи говор во руската област Брјанск во јануари 1992 година.​
15/26 Луѓе на дрвја за да го гледаат Елцин како држи говор во руската област Брјанск во јануари 1992 година.​
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин и јапонскиот премиер Хашимото  на брод со други официјални лица на реката Јенисеј во ноември 1997 година. Борис Немцов, кој беше убиен во 2015 година во близина на sидовите на Кремљ е делумно видлив десно од Елцин. Кога е направена оваа фотографија, Немцов беше прв заменик-премиер на Русија.
16/26 Елцин и јапонскиот премиер Хашимото  на брод со други официјални лица на реката Јенисеј во ноември 1997 година. Борис Немцов, кој беше убиен во 2015 година во близина на sидовите на Кремљ е делумно видлив десно од Елцин. Кога е направена оваа фотографија, Немцов беше прв заменик-премиер на Русија.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Импресивен распоред на храна претставен во септември 1997 година за време на патувањето во руската област Ориол.
17/26 Импресивен распоред на храна претставен во септември 1997 година за време на патувањето во руската област Ориол.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин и кралот Карл Шеснаесетти Густаф од Шведска во Стокхолм во декември 1997 година
18/26 Елцин и кралот Карл Шеснаесетти Густаф од Шведска во Стокхолм во декември 1997 година
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин ја поздравува Викторија, принцеза на Шведска, за време на неговата посета на земјата во 1997 година.

19/26 Елцин ја поздравува Викторија, принцеза на Шведска, за време на неговата посета на земјата во 1997 година.

Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Средба меѓу претседателите Александар Лукашенко од Белорусија, Нурсултан Назарбаев од Казахстан, Аскар Акаев од Киргистан и Елцин (лево од десно) во Москва во октомври 1997 година.

20/26 Средба меѓу претседателите Александар Лукашенко од Белорусија, Нурсултан Назарбаев од Казахстан, Аскар Акаев од Киргистан и Елцин (лево од десно) во Москва во октомври 1997 година.

Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин поздравува кон толпите за време на отворањето на изложбениот комплекс во Москва, Манеж, во септември 1997 година.
21/26 Елцин поздравува кон толпите за време на отворањето на изложбениот комплекс во Москва, Манеж, во септември 1997 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Yeltsin relaxing with a game of billiards during a vacation in Karelia in July 1997.
22/26 Yeltsin relaxing with a game of billiards during a vacation in Karelia in July 1997.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин со неговата сопруга Наина Елцина во Кремљ во 1997 година.

23/26 Елцин со неговата сопруга Наина Елцина во Кремљ во 1997 година.

Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Светските лидери - вклучително Британецот Тони Блер, американскиот претседател Бил Клинтон и германскиот канцелар Хелмут Кол - се сликаат на покривот на Денвер за време на состанокот на Г8 во јуни 1997 година.
24/26 Светските лидери - вклучително Британецот Тони Блер, американскиот претседател Бил Клинтон и германскиот канцелар Хелмут Кол - се сликаат на покривот на Денвер за време на состанокот на Г8 во јуни 1997 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Хилари Клинтон, тогашната прва дама на САД, се среќава со Наина Елцина во Екатеринбург во 1997 година.
25/26 Хилари Клинтон, тогашната прва дама на САД, се среќава со Наина Елцина во Екатеринбург во 1997 година.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Елцин отпоздравува додека стои покрај Владимир Путин на 31 декември 1999 година. Елцин му го предаде претседателството на Путин тој ден по скоро една деценија на власт. Елцин ја напушти функцијата  - најмногу заради економските тешкотии за време на неговото претседателствување. Но, според некои е заслужен за спречување на потенцијална граѓанска војна во Русија по распадот на Советскиот сојуз. Елцин почина во април 2007 година на 76-годишна возраст.
26/26 Елцин отпоздравува додека стои покрај Владимир Путин на 31 декември 1999 година. Елцин му го предаде претседателството на Путин тој ден по скоро една деценија на власт. Елцин ја напушти функцијата  - најмногу заради економските тешкотии за време на неговото претседателствување. Но, според некои е заслужен за спречување на потенцијална граѓанска војна во Русија по распадот на Советскиот сојуз. Елцин почина во април 2007 година на 76-годишна возраст.
Три децении откако Борис Елцин беше инаугуриран како прв претседател на Русија, сликите направени од неговите лични фотографи нудат фасцинантен поглед на претседателството на Елцин - и Русија - низ 90-тите години на минатиот век.
Previous slide
Next slide

„Нема веќе грев на нашата душа“

Рускиот лидер ја сметаше поддршката од САД за толку важна што воведе „шок терапија“, откажувајќи се од советската централно планирана економија и воведувајќи пазарна економија. Со овие политики беа укинати контролата на цените и индустриските субвенции, но исто така доведоа до колапс на рубљата, хиперинфлација, губење на пензиските заштеди и, за милиони Руси, мизерија и незадоволство.

Тоа доведе до длабока непопуларност на Елцин, а во март 1993 година долниот Дом на рускиот Парламент за малку не успеа да го отповика.

Помалку од една недела подоцна, Елцин отпатува за Ванкувер за да се сретне со Клинтон, што е нивна прва средба лице в лице по изборот на Клинтон.

Прва билатерална средба на Елцин и Клинтон во Ванкувер на 3 април 1993 година.
Прва билатерална средба на Елцин и Клинтон во Ванкувер на 3 април 1993 година.

Пред средбата, американскиот државен секретар Ворен Кристофер напиша меморандум подготвувајќи го Клинтон за средбата. Според декласифицираниот меморандум, тој го предупредил Клинтон дека „најтешкиот и најважен надворешнополитички проблем на вашето претседателство“ е „тековната трансформација на Русија и нејзините импликации врз националната безбедност на Соединетите Држави“.

Кризата во Босна беше „политички чувствително прашање“ на кое Клинтон треба да се фокусира, напиша Кристофер. И како друга загриженост ги наведе „извозот на ракетна технологија“ и „однесувањето на [руските] сили во некои од новите независни држави на поранешниот Советски Сојуз“.

Западните функционери стравуваа дека распадот на Советскиот Сојуз и руската нестабилност ќе доведат до шверцување или кражба на нуклеарните технологии. Соединетите Држави и другите сојузници, исто така, се загрижени за избувнувањето на конфликти во места како Нагорно-Карабах, Абхазија и Трансдњестар и улогите што би можеле да ги играат руските сили.

„Руската политичка криза сигурно ќе ја ограничи способноста на Елцин да постигнува нови договори, дури и кога тие очигледно би биле во корист на Русија“, напиша Кристофер.

На нивниот прв состанок во Ванкувер, на работната вечера на 3 април 1993 година, беа прикажани срдечните односи меѓу двајцата претседатели, како и оптимизм, бидејќи Елцин побара американската помош за подобрување на руската нафтена инфраструктура и нафтоводи.

Елцин рече - Ако тоа се случи, сигурен сум дека за пет години ќе се натпреваруваме во уметноста, во џезот, во нафтата и ќе ве стигнеме. Жал ми е за џезот, всушност не сум сигурен во тоа“.

Клинтон и Елцин се смеат за време на прес-конференција по состанокот во Њујорк на 23 октомври 1995 година.
Клинтон и Елцин се смеат за време на прес-конференција по состанокот во Њујорк на 23 октомври 1995 година.

„Можеби не во џезот“, одговори Клинтон, страствен аматерски џез-саксофонист.

„Но, ние треба да Ве стигнеме во вашата богата култура“.

Следниот ден, двајцата претседатели и нивните советници имаа состанок речиси три часа, разговарајќи за десетици теми: законите за имиграција од советската ера, опасностите од ширењето на технологиите за нуклеарно и биолошко оружје, последиците од војната во Ирак во 1991 година, тензиите во Јужен Кавказ, и нуклеарното тестирање, меѓу другото.

Елцин со задоволство ги пречека американските инспектори и предложи заеднички напори за изградба на систем за ракетна одбрана.

„Ве молиме дојдете и погледнете кога сакате, без покани“, рече тој, според меморандумот.

„Го прифаќаме Вашиот комитет во секое време и во кој било град. Можете да извршите увид. Веќе нема грев на нашата душа“.

Клинтон и неговите советници, исто така, го притиснаа Елцин да ги продолжи економските реформи, и покрај зголемените проблеми, и предложија помош од повеќе од 1 милијарда американски долари за помош во различни иницијативи, вклучително и приватизација на државниот имот.

„Треба да ја доведете во ред вашата централна банка. Апсолутен императив е да ја имате контролата врз вашата валута“, му рече на Елцин секретарот за финансии на Клинтон, Лојд Бентсен.

Елцин, Клинтон, тогашниот претседател на Украина Леонид Кучман и британскиот премиер Џон Мејџор го потпишуваат Договорот за нуклеарно неширење за време на Самитот на КЕБС во Будимпешта на 5 декември 1994 година.

„Се надеваме дека ќе имате голема победа на референдумот“, рече Бентсен, според друг меморандум.

Следниот месец, Елцин организираше национален референдум, кој всушност беше за да се види довербата во неговата администрација и нејзините политики.

Помина со солидно, иако тесно мнозинство.

Ден по гласањето на 25 април, Клинтон и Елцин разговараа по телефон. Клинтон му честиташе на рускиот лидер и го поздрави самитот во Ванкувер како успешен.

„Навистина сум благодарен за вашата мудра политика“, рече Елцин, според декласифицираниот документ.

„Навистина тоа е политика на многу мудар човек. Знаете дека е навистина тешко да се дојде до ваква победа под овие услови“.

„Сакам да знаете дека целиот руски народ беше задоволен од нашата средба во Ванкувер“, додаде тој.

„Тие навистина ја разбраа вашата искреност. Народот на Русија се чувствува близок со Вас како претседател на САД, најмоќната нација во светот“.

„И јас се чувствував близок со рускиот народ. Референдумот покажа дека рускиот народ разбира што е во прашање“, одговори Клинтон.

„Ќе направам се што можам за да работам со Вас за да го направиме овој свет побезбедно место за нашите деца“.

Надолна спирала

Многу пред Кремљ да ја започне својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, односите со Западот тргнаа надоле. Шпионските скандали, мешањето во изборите, руското заземање на украинскиот полуостров Крим и западните санкции ги труеја врските со години.

Истакнувајќи го оптимизмот на односите Клинтон-Елцин, историчарите, експертите за надворешна политика, креаторите на политиката и други се мачеа да одредат точно кога билатералните врски станаа токсични.

Клинтон и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договори за формирање заеднички центар за предупредување за размена на информации за лансирање на проектили на 4 јуни 2000 година.
Клинтон и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договори за формирање заеднички центар за предупредување за размена на информации за лансирање на проектили на 4 јуни 2000 година.

Путин, кој го наследи Елцин во 2000 година, претседаваше во период на економска стабилизација и појава на средна класа, бум - поттикнат во голем дел од рускиот извоз на нафта и гас.

Но, како што се одвиваа неговите години на власт, политиките на Путин стануваа сè поавторитарни: политичката конкуренција, независните медиуми и граѓанското општество беа потиснати, предизвикувајќи незадоволство кај Западот.

Путин ја оправда инвазијата во Украина делумно како одговор на проширувањето на НАТО, кое почна да ги прима поранешните членки на Варшавскиот пакт и поранешните советски републики во 1999 година, последната година од претседателствувањето на Елцин.

Клинтон и поранешниот претседател на САД Џорџ Буш присуствуваат на погребот на Елцин со Путин и неговата сопруга Људмила, во Москва на 25 април 2007 година.
Клинтон и поранешниот претседател на САД Џорџ Буш присуствуваат на погребот на Елцин со Путин и неговата сопруга Људмила, во Москва на 25 април 2007 година.

Самиот Елцин му се пожали на Клинтон за проширувањето на НАТО, а Путин го обвини Западот дека го измамил Кремљ. Некои историчари тврдат дека Соединетите Држави и сојузниците во НАТО ги прекршиле ветувањата дадени во деновите на Советскиот Сојуз и потоа, иако други велат дека никогаш немало никакви експлицитни гаранции.

„Кога Путин беше поставен за претседател, моето чувство беше дека се повлече тој период на динамика и можност за многу поинаква Русија“, изјави Елкинд за РСЕ.

Доаѓањето на Путин „не инспирираше оптимизам или доверба“ дека Русија ќе продолжи „да се ангажира во надворешниот свет понатаму“, додаде тој.

„Не знам колку последователната промена во односите да ја припишам на поранешен офицер на КГБ или на политичките закони на гравитацијата или на нешто друго“, рече тој.

„Моето чувство е дека г-дин Путин има корист од тоа што може да има надворешен непријател кој треба да го обвини, а тоа игра еднакво голема или поголема улога од кој било друг фактор таму“.

XS
SM
MD
LG