Достапни линкови

Средба Милошоски – Гар Сторе


Mинистерот за надворешни работи Антонио Милошоски со норвешкиот колега Јонас Гар Сторе
Mинистерот за надворешни работи Антонио Милошоски со норвешкиот колега Јонас Гар Сторе

Името, членството во НАТО и ЕУ, реформите, економијата - теми меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Норвешка, Антонио Милошоски и Јонас Гар Сторе.

Македонија е свесна каде е проблемот за зачленување во НАТО, но ќе продолжи да учествува во мисиите на Алијансата. Ова го изјави
Македонија ќе продолжи со еден одговорен пристап во нашето стратешко партнерство со НАТО и Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес во сите оние мисии каде што НАТО ќе оцени дека има
потреба.
министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, по средбата со неговиот норвешки колега Јонас Гар Сторе во Скопје.

„Македонија ќе продолжи со еден одговорен пристап во нашето стратешко партнерство со НАТО и Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес во сите оние мисии каде што НАТО ќе оцени дека има потреба.“

Милошоски се заблагодари на подршката за македонското зачленување во НАТО. Тој рече дека разговарале за билатералната соработка, но и за состојбата во регионот. Ја искажав нашата силна заложба за што поскоро остварување на заслуженото членство во НАТО, потенцира Милошоски. Вели дека го информирал неговиот норвешки колега и за спорот за името со Грција.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и неговиот норвешки колега Јонас Гар Сторе на прес-конференција во Скопје.

„И посветеноста и вниманието што Македонија ги дава на разрешувањето на ова прашање за да може да стигнеме до еден достоинствен компромис кој нема да биде на штета на националното достоинство на Македонците.“

Норвешкиот министер за надворешни работи Јонас Гар Сторе изјави дека неговата земја ги подржува евроатлантските аспирации на Македонија и оти се надева дека Македонија ќе стане членка на НАТО што е можно поскоро. Очекуваме да биде отстранета и последната пречка за зачленување во НАТО, вели Гар Сторе.
Јас исто така ветив норвешка помош за реформите на домашен план во земјата. Норвешка и понатаму ќе продолжи со поддршка на вкупните реформи, вклучително и реформите во економската
сфера.

„Јас исто така ветив норвешка помош за реформите на домашен план воземјата. Норвешка и понатаму ќе продолжи со поддршка на вкупните реформи, вклучително и реформите во економската сфера.“

Милошоски оцени дека политичките односи меѓу Македонија и Норвешка се на многу повисоко ниво од економската соработка и трговијата.

„За таа цел денес го дадовме нашиот скромен придонес потпишувајќи го договорот за одбегнување на двојното оданочување.“

Милoшоски рече дека отворањето македонска амбасада во Осло, по конституирањето на новиот парламент по изборите, ќе даде дополнителен придонес во продлабочувањето на односите меѓу двете земји.
Двајцата министри заклучија дека Македонија и Норвешка имале добра соработка во Советот на Европа и изразија надеж дека таа соработка ќе продолжи да се развива.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG