Достапни линкови

Претпразнични поскапувања


Цените на производите на зелените пазари во пресрет на Велигден зголемени. Граѓаните велат дека поради беспарицата, празникот ќе го пречекаат со поскромна трпеза.

Новинарка прашува една постара продавачка на пазар:

-Бабо, зошто се толку скапи производите?
-Не се скапи ќерко, ти лошо си се омажила, одговара бабата.

Судејќи по популарниот новинарски виц, голем дел од жените во Македонија лошо се омажиле.

Купувачите велат скапо е, а продавачите дека ако е поевтино тие ќе немаат добивка. Традиционално пред празник, цените на производите на пазар двојно се зголемуваат. Но, луѓето велат дека им е многу скапо, па престојните празници ќе ги прослават со поскромна трпеза.
Тешко е, па да не речам повеќе од 70% е поскапо знаејќи колку е во просек платата на обичниот купувач.

„Цените растат, плата нема.“

„Скапо е, да беше Бајрам ќе паднеа цените, ама за Велигден секогаш растат.“

„Со новиве поскапување се потешко и потешко, луѓето немаат пари, нема вработување и не може да се преживее со овие цени.“

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски, лани за Велигден ги посети македонските војници во Авганистан.

„Тешко е, па да не речам повеќе од 70% е поскапо знаејќи колку е во просек платата на обичниот купувач.“

Високите цени го скусија семејниот буџет, па на пазарите има повеќе шетачи отколку купувачи, или такви кои ја проверуваат секоја тезга за да најдат поевтин производ.

Продавачите, пак, пред преполните тезги, ги довикуваат луѓето, да им направат некој денар промет. Велат дека секоја година е се послабо и послабо, луѓето немаат куповна моќ и пазаруваат само колку да го одблежат празникот:

„Се гледа дека владее немаштија, купуваат по некое кесиче само колку да го поминат празникот. Не е веќе како порано, тоа е.“
Се гледа дека владее немаштија, купуваат по некое кесиче само колку да го поминат празникот. Не е веќе како порано,
тоа е.

„Два дена продаваме роба, па ќе се фрли, а други години сме продавале со вреќи, јас сум продавала вреќи, а сега само кеси.“

„Луѓето немаат пари за да дојдат да купуваат.“

Граѓаните велат дека пензиите и платите едвај им стигнуваат за храна, по последните поскапувања на основните прехранбени производи, сегашните цени им доаѓаат уште потешко. Пред празникот освен земјоделските производи, поскапени се и јајцата и јагнешкото кои се главен специјалитет за Велигден.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG