Достапни линкови

Лобисти во САД


Унапредување на билатералните односи и зајакнување на стратешкото пријателство - очекувања од лоби групата во американскиот Конгрес за поддршка на Македонија.

Унапредување на односите меѓу Соединетите Држави и Македонија и посредство за поширока и попродуктивна регионална соработка меѓу земјава и нејзините соседи. Ова е целта на новоформираната лоби група во Американскиот конгрес. Групата за поддршка на Македонија, основана од републиканката Кендис Милер ќе овозможи поблизок контакт во самиот
Можност за унапредување и на билатералните политички односи и она што значи стратешко пријателство меѓу овие две држави во насока на надминување на одредени
слабости.
процес на одлучување и поголемо влијание врз политиката на земјата каде што постои таа група, велат упатените во оваа област.

Но, колку оваа група ќе ја оствари својата цел, имајќи ги предвид острите критики за актуелната политика на земјава од страна на американската администрација?
Првиот официјален лобист во земјава, Александар Дракулевски го поздравува формирањето на ова тело. Вели дека лобирањето е строго регулирана професија, која има свои правила на игра.

Конгресменката Кендис Милер

„Преку таа формална лоби група како пријатели на Македонија ние ќе се обидеме да овозможиме да сме присутни во текот на одлучувачките процеси во американскиот Конгрес и американските институции од една страна, а од друга страна да имаме поблиска конекција помеѓу матицата Македонија со нашата дијаспора.“

Според Дракулевски, еве кои би биле придобивките за земјава од постоењето на оваа лоби група.

„Можност за унапредување и на билатералните политички односи и она што значи стратешко пријателство меѓу овие две држави во насока на
Може да е конциденција, тоа е секогаш поврзано со политиката на владата на една држава во конкретниот случај на САД. Би било среќа да имаме такви лоби групи во сите меѓународни организации во поголемите држави, тоа е позитивно иако не е доволно
надминување на одредени слабости.“

Според поранешниот дипломат Благој Зашов, последните забелешки од претставниците на американската администрација кои се однесуваа на меѓуетничките тензии, судството и слободата на медиумите, се реални и треба да се сфатат добронамерно. Но, формирањето на оваа група токму сега за Зашов, не е индикативно.

„Може да е конциденција, тоа е секогаш поврзано со политиката на владата на една држава во конкретниот случај на САД. Би било среќа да имаме такви лоби групи во сите меѓународни организации во поголемите држави, тоа е позитивно иако не е доволно.“

Во Американскиот конгрес функционираат повеќе од 200 групи (коукоси, според англиската терминологија) за различни области. Ова е прва група за поддршка на Македонија во Конгресот, во која ќе членуваат и републиканци и демократи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG