Достапни линкови

Велосипедски тури во Охрид


Велосипедисти
Велосипедисти

Неколку велосипедски клубови од Охрид работат на промоција на овој спорт во регионот, познат по убавите предели.

Велосипедот како евтино, брзо и еколошко превозно средство, погодно за возење и рекреација низ градот и надвор од него, на рамен пат и во планинските предели, се повеќе станува актуелнен тренд кај нас, по урнек на светот. Во Охрид има неколку велосипедски клубови, кои организираат тури секој викенд, рекреативни и натпреварувачки, промовирајќи го велосипедизмот како спорт за здраво тело и дух на граѓаните од сите генерации, правејќи еко патроли во природата и наметнувајќи го овој вид рекреација како неодминлива туристичка атракција.

„Не е битно каков велосипед возиш, важно е да имаш желба и љубов кон велосипедизмот. Некој има повеќе, некој помалку кондиција, но со време ќе ја стекне, почнувајќи на пократки релации од Охрид до Струга, па кон Калишта, Радожда, Трпејца, има доста места за возење, само што за жал ние немаме услови како во некои понапредни земји како Холандија и Франција, каде велосипедизмот е на многу повисоко ниво со средени и одбележани велосипедски патеки, одделени од пешачките, а не како кај нас каде често велосипедските патеки се претворени во паркинг простори. Надвор од градот, кога се вози по асфалт е малу ризично, поради што треба многу да се внимава и да се носи кацига и опрема за безбедност. Затоа ние повеќе ги практикуваме планинските тури и со таа цел го основавме клубот за да се создаде љубов кон природата од страна на младите, за што им предлагам на професорите по физичко воспитување да организираат часови со нас, затоа што ние сме клуб за велосипедизам, планинарење и еко култура. Секоја велосипедска тура ни е и еко патрола, каде ги евидентираме загадените пунктови во природата, на планината Галичица каде има доста ѓубре покрај самите контејнери, а на албанската страна од езерото гледаме како риби се ловат со мрежи, додека се бориме за заштита на Охридското Езеро, за што кај нас има забрана за риболов“, вели пасионираниот велосипедист од Охрид Жанко Голабоски.

Велосипедистот Жанко Голубоски

Тој со група ентузијасти неодамна во рамките на Македонската велосипедската федерација го формира клубот „З’ш точак“, каде има членови од 11 до 54 години, кои постојано организираат тури надвор од Охрид, а за детектираните загадувања на ретко убавата природа ја алармираат јавноста со натписи и видео записи во медиумите.

„Доста млади се ангажирани, и постари, имаме гости од цела Македонија на нашите тури. Планираме да направиме една тура во соседна Грција,
Планираме да направиме една тура во соседна Грција, Србија и Бугарија и претежно во охридско-преспанскиот регион. Ќе организираме две трки, едната Охрид-Галичица-Отешево-Ресен-Охрид, другата планинска околу
езерото.
Србија и Бугарија и претежно во охридско-преспанскиот регион. Ќе организираме две трки, едната Охрид-Галичица-Отешево-Ресен-Охрид, другата планинска околу езерото и имаме тури нис целата земја, низ Шар Планина, Мариово, Кожув, Јабланица, имаме традиционална тура околу езерото, доста атрактивна со многу туристи и планираме една тура околу Преспанското Езеро.“

Според Голабоски, Македонија изобилува со интересни велосипедски предели кои заслужуваат и мора да се промовираат во туристичката понуда.

„Мислам дека секоја туристичка агенција во својата програма мора да има понуди за велосипедизам, планинарање и други спортови. Холанѓаните, кои ова лето во Охрид ќе дојдат неколку илјади како 70 до 80 проценти од странците, како број еден нација за велосипедизам во светот, несфатливо е да немаат можност за рентање на велосипеди, за возење низ градот, за што треба да се соработува со хотелите, гостите да можат да присуствуваат на нашите тури, прилагодени на нивните потреби, со специјализирани водичи, во придружба на возило, со постручни и попрецизни информации за туристите за некои историски места, како што се Француското кале на планината Галичица и сл.“, вели Жанко Голабоски од клубот „З’ш Точак“.

Тој смета дека со поголема промоција, инвентивност и соработка на хотелскиот и алтернатитвиот туристичкиот сектор, агенциите, општината, државата и клубовите за рекреација, спорт и култура, велосипедизмот би можел да биде вистински нов бум во македонскиот и охридскиот туризам, како привлечна и профитабилна понуда, многу популарна во современиот светски активен туризам.
XS
SM
MD
LG