Достапни линкови

Подобри услови во битолската болница?


Медицински центар Битола
Медицински центар Битола

Битолчани со поделени ставови за состојбите во битолската болница, која е регионален здравствен центар за пацентите од југозападниот дел на земјата.

Какви се условите за работа и лекување во битолската болница која е регионален здравствен центар за пацентите од југозападниот дел на земјава? Битолчани со поделени ставови за условите во болницата.

„Не е во ред. Ќерка ми работи таму, но десет години е ангажирана со
Никаква хигиена, јас лежав овде на болница, никој не води евиденција. Душеците на кои спиевме беа валкани. Тоалетите се гнаса, нови тоалети се искршија, а сега се реновирани.
договор на дели и како волонтер. Ни осигурана, ни ништо. Велат по партиска линија, а ние сите од дома гласавме за ВМРО. Таа сега има 40 години, значи 10 години и пропаднаа на девојката.“

„Јас еднаш лежев на болница и мажот ми беше болен и тој лежеше, сега е починат. Немаше доволно парно, се тресевме, од дома носевме ќебиња и перници.“

„Никаква хигиена, јас лежав овде на болница, никој не води евиденција. Душеците на кои спиевме беа валкани. Тоалетите се гнаса, нови тоалети се искршија, а сега се реновирани.“

„Поправено е од како што беше.“

„Добро е, јас никого не критикувам.“

„Сите доктори што се на хирургија и гинекологија секоја им чест. Хигиената е на ниво во гинекологија. Знам зашто сега бев пред една недела.“
Моментално се наоѓаме во инвестициски циклус за имплементирање на новата опрема од 5 милиони евра од Владата на РМ со која ќе го унапредиме здравјето на граѓаните на Битола и пошироко. Ги подобривме условите за работа на
вработените.

За состојбите во болницата продолжуваат политичките обвинувања. Дијана Наумова од од СДСМ вели

„Болните станаа извор на приход, а здравјето роба која се купува. За поголем дел од новата медицинска опрема не е обезбеден ни простор ни кадар. За болните нема реагенси за крвни анализи, листата на чекање за прегледи е се поголема. Докторите немаат метеријали за работа и работат во лоши услови. Ниските примања на медицинскиот кадар се причина за одливот по приватните болници.“

Според директорот Михајло Џолонга, пак, состојбите во установата се видно подобрени.

„Моментално се наоѓаме во инвестициски циклус за имплементирање на новата опрема од 5 милиони евра од Владата на РМ со која ќе го унапредиме здравјето на граѓаните на Битола и пошироко. Ги подобривме условите за работа на вработените. Успеавме да ги намалиме долговите, редовно исплаќаме плата. Вратени се и платите на лекарите, кои беа редуцирани со немање дежурства, сега дежурствата се вратени“, вели Џолонга.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG