Достапни линкови

Интензивни руски напади врз украинската енергетска инфраструктура

Тролејбус изгоре на рампата на хидроцентралата Днепар по руските напади на 22 март 2024

Русија на 22 март започна со масовен бран на напади врз енергетската структура на Украина при што загинаа најмалку четири лица, погодувајќи ја најголемата брана во земјата, што допринело до привремено прекинување на далновод во нуклеарната централа Запорожје, предизвикувајќи речиси целосно снемување на струја во другите телови на земјата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот биле вклучени 150 беспилотни летала и проектили и повторно апелираше до сојузниците на Украина да ја забрзаат испораката на критично потребната муниција и системи за оружје.

Јужниот регион Запорожје го сноси најголемиот товар од рускиот напад, во кој загинаа најмалку три лица.

Украинската државна хидроенергетска компанија, Укрхидроенерхо, соопшти дека најголемата брана во земјата, ДнепроХЕС во Запорожје на Днепар, била погодена за време на голем руски напад на 22 март, но немало непосредна закана од нејзино пробивање.

„Во моментов има пожар на браната. Службите за итни случаи работат на самото место, отстранувајќи ги последиците од бројните воздушни напади“, се вели во соопштението на „Укрхидроенерх“, додавајќи дека ситуацијата на браната е „под контрола“.

Претседателот Володимир Зеленски информираше дека во нападот биле вклучени 150 беспилотни летала и проектили и повторно апелираше до сојузниците на Украина да ја забрзаат испораката на критично потребната муниција и системи за оружје.

„Русија лансираше над 60 беспилотни летала „Шахед“ и речиси 90 проектили од различен тип кон Украина оваа ноќ“, напиша Зеленски на платфрмата „Х“, поранешен Твитер.

„Светот ги гледа целите на руските терористи што е можно појасно: електрани и линии за снабдување со енергија, хидроелектрична брана, обични станбени згради, па дури и тролејбус“, напиша Зеленски.

Во руски напад погодена најголемата украинска брана во Запорожје
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:51 0:00

Енергетската инфраструктура беше цел и во други региони, во она што министерот за енергетика Херман Халушченко го нарече „најголемиот напад врз енергетската индустрија на Украина во последно време“.

Интензивното руско гранатирање во Харков предизвика недостиг на струја и вода.

„Окупаторите извршија повеќе од 15 напади на енергетски објекти. Градот е практично целосно без електрична енергија“, напиша на Телеграм Олех Синјехубов, шеф на регионалната воена администрација.

Киев мета на руски ракети, повредени цивили

Блесок од ракетна експлозија го осветлува главниот град Киев за време на руски ракетен напад на 21 март. Властите известија дека најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и едно 11-годишно девојче.
1/12 Блесок од ракетна експлозија го осветлува главниот град Киев за време на руски ракетен напад на 21 март. Властите известија дека најмалку 10 лица се повредени, меѓу кои и едно 11-годишно девојче.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Пожарникарите работат во близина на кратерот на бомба по рускиот напад во Киев. Првичните извештаи велат дека најмалку три области во главниот град претрпеле штета, вклучително и станбени области и трафостаница.
2/12 Пожарникарите работат во близина на кратерот на бомба по рускиот напад во Киев. Првичните извештаи велат дека најмалку три области во главниот град претрпеле штета, вклучително и станбени области и трафостаница.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Пожарникар стои меѓу остатоците по ракетниот напад.

Новинарите на АФП објавија за десетина големи експлозии. Украинските сили за воздушна одбрана соборија „околу триесетина непријателски проектили, вклучително и балистички ракети, над Киев и во близина на главниот град“, соопшти градската воена управа на Телеграм, додавајќи дека нападот траел три часа.
3/12 Пожарникар стои меѓу остатоците по ракетниот напад.

Новинарите на АФП објавија за десетина големи експлозии. Украинските сили за воздушна одбрана соборија „околу триесетина непријателски проектили, вклучително и балистички ракети, над Киев и во близина на главниот град“, соопшти градската воена управа на Телеграм, додавајќи дека нападот траел три часа.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Камион со скалила се користи за гаснење пожар во зграда во Киев.

Првиот голем напад на Русија врз главниот град во последниве недели беше насочен кон градот и со балистички и со крстаречки ракети, според Серхи Попко, шеф на неговата воена администрација.
4/12 Камион со скалила се користи за гаснење пожар во зграда во Киев.

Првиот голем напад на Русија врз главниот град во последниве недели беше насочен кон градот и со балистички и со крстаречки ракети, според Серхи Попко, шеф на неговата воена администрација.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Човек стои во близина на оштетени возила.

По пауза од 44 дена, непријателот изврши нов ракетен напад врз Киев, рече Попко. „Сите служби за итни случаи работат на лице место. Последиците од ракетниот напад се елиминираат“, додаде тој.
5/12 Човек стои во близина на оштетени возила.

По пауза од 44 дена, непријателот изврши нов ракетен напад врз Киев, рече Попко. „Сите служби за итни случаи работат на лице место. Последиците од ракетниот напад се елиминираат“, додаде тој.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Попко додаде дека руската војска користела стратешки бомбардери и исто така лансирала проектили од нејзина територија.
6/12 Попко додаде дека руската војска користела стратешки бомбардери и исто така лансирала проектили од нејзина територија.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Персоналот за прва помош им помага на жителите да ги напуштат своите домови по ракетниот напад.
7/12 Персоналот за прва помош им помага на жителите да ги напуштат своите домови по ракетниот напад.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, делови од ракети паднале врз градинка во областа Свијатошински во главниот град, додека станбена зграда и автомобил се запалиле во други делови на градот.
8/12 Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, делови од ракети паднале врз градинка во областа Свијатошински во главниот град, додека станбена зграда и автомобил се запалиле во други делови на градот.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Жителите се собраа надвор на студот додека службите за итни случаи работеа на местото на нападот.
9/12 Жителите се собраа надвор на студот додека службите за итни случаи работеа на местото на нападот.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Жител ја гледа штетата на станбена зграда по нападот.
10/12 Жител ја гледа штетата на станбена зграда по нападот.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Жена теши дете.
11/12 Жена теши дете.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Жена чисти урнатини од станбена зграда по нападот.
12/12 Жена чисти урнатини од станбена зграда по нападот.
Русија рано исутрината изврши ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, при што беа повредени најмалку 10 луѓе и оштетени станбени згради и индустриски објекти, соопштија градските власти.
Previous slide
Next slide

Рано утрото на 22 март во Русија, една жена беше убиена во украинско гранатирање на пограничната област Белгород, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграма, додавајќи дека има и неодреден број ранети.

„Според првичните податоци оштетени се три здравствени установи и станбени објекти“, рече Гладков.

Тврдењето не можеше независно да се потврди.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила осум украински ракети истрелани кон Белгород од повеќецевни ракетни фрлачи Вампир.

XS
SM
MD
LG