Достапни линкови

Белградскиот Марш на Гордоста ѝ пркоси на забраната


Србија - Учесници на Белград Прајд, 18 септември 2021 година

Српските власти го забранија маршот дел од „Европрајд“, што требаше да се одржи на 17 септември, поради што организаторите најавија протест. Забранет е и десничарскиот собир што треба да се одржи во исто време. За кршење на забраните предвидени се прекршочни казни. Пишува Маја Живановиќ.

Управниот суд во Белград ја одби жалбата на организаторите на Европрајд и одлучи дека забраната за маршот во рамките на манифестацијата е оправдана.

Министерството за внатрешни работи (МВР) на 13 септември донесе одлука за забрана на прошетката закажана за 17 септември.

Организаторите ја обжалија оваа одлука до Судот, а на 16 септември го пререгистрираа собирот со скратена рута и најавија собир и покрај забраната.

Главниот град на Србија е овогодишне домаќин на европската манифестација посветена на правата на ЛГБТ+.

Првичната замисла беше да има марш во рамките на манифестацијата „Еуропрајд“, но поради негативниот однос на властите во Србија, организаторите најавија дека ќе се соберат на протест.

„Доведени сме во ситуација да немаме избор, и покрај забраната на Министерството за внатрешни работи (МВР)“, рече координаторот на Европрајд Горан Милетиќ на прес-конференција пред Владата на Србија на 16 септември.

Во соопштението на Управниот суд во Белград, објавено вечерта на 16 септември, се наведува дека жалбата на организаторите на Европрајд се одбива како неоснована.

Судот, како што се наведува, потврдил дека со разгледување на случајот утврдил дека постои опасност од насилство, уништување имот или нарушување на јавниот ред и мир од поголеми размери. Се додава дека ова е еден од законски пропишаните основи за забрана на собири.

Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно како објаснување за планираниот марш ги наведе безбедносните причини, бидејќи за тој ден бил закажан и собир на неформални десничарски групи кои се противат на Еуропрајд.

Полицијата го забрани и собирот на неформалната десничарска група „Антиглобалисти“, закажан за истиот ден. Во последните недели, таа група организираше митинзи против Европрајд во Белград, наречени „литии“.

„Молитва“ на Српската црква и десничарски протест против Европрајд во Белград, Србија, 11 септември 2022.
„Молитва“ на Српската црква и десничарски протест против Европрајд во Белград, Србија, 11 септември 2022.


Во одлуката, полицијата објаснува дека постои голем ризик да биде загрозена безбедноста на учесниците за време на двата марша по најавените траси, како и безбедноста на другите граѓани.

На 15 септември, од Вишото јавно обвинителство во Белград соопштија дека се закануваат прекршочни казни доколку не се почитува полициската одлука за забрана на маршот како дел од Европрајд, како и десничарскиот собир на „Антиглобалисти“, најавени за 17 септември.

Забраната на Европрајдот ја осудија претставниците на Европската унија, како и меѓународните и домашните организации за човекови права.

Група од 45 невладини организации, утрото на 16 септември, објавија дека потпишале писмо за поддршка на Еуропрајд.

„Државните институции на Република Србија се обврзани да ги процесуираат оние кои претставуваат безбедносен ризик и да овозможат слобода на собирање на припадниците на ЛГБТИК+ заедницата како и на сите сојузници“, се вели во соопштението, на кое меѓудругите се потпишани и Младинска иницијатива за човекови права, Фондација „Шер“ (SHARE), Фондот за хуманитарно право, ЦРТА, Жени за мир.

Организациите за човекови права и ЛГБТ+ организации протестираат против забраната за прошетка на Европрајд во Белград. 16 спетември 2022
Организациите за човекови права и ЛГБТ+ организации протестираат против забраната за прошетка на Европрајд во Белград. 16 спетември 2022

Управниот суд во Белград, исто така, во својата одлука од 16 септември наведе дека се неосновани тврдењата на организаторот дека забраната за маршот ја дискриминира ЛГБТ+ заедницата.

Како што соопшти Судот, ваквата одлука е донесена бидејќи во овој случај не било забрането одржување на манифестацијата Еуропрајд, која се одржува од 12 до 17 септември, туку само маршот заради околности што укажуваат на можно насилство.

Безбедносни препораки на организаторот

Организацијата „Белград Прајд“, која е една од организаторите, подготви безбедносни препораки и упатства за учесниците на неделата на Еуропрајд, вклучително и за самиот марш. Препораките ги објавија на својата веб-страница.

„Не обидувајте се да им пријдете на анти-прајд демонстрантите, не обидувајте се да дебатирате со нив, да се расправате или да се карате. Може да се доведете во опасност“, гласи еден од првите совети.

Друг совет за учесниците е да не се расправаат со полицијата.

Организаторите наведуваат и дека доколку некој не ја почитува процедурата за евакуација или други безбедносни мерки во случај на реална опасност, полицијата ќе употреби сила за да ги заштити самите учесници.

Организаторите на Еуропрајд ги советуваа учесниците дека доколку сакаат да донесат транспаренти или знамиња на маршот, да се погрижат дискретно да ги донесат до почетната точка од каде ќе почне прошетката, а после тоа би било добро некаде да ги остават.

Говор на омраза и закани кон ЛГБТИ+ лицата во пресрет на Европрајд, 15 септември 2022 година, Белград
Говор на омраза и закани кон ЛГБТИ+ лицата во пресрет на Европрајд, 15 септември 2022 година, Белград

Исто така, се препорачува учесниците да носат шал или марама за да го покријат лицето, во случај полицијата да мора да употреби солзавец.

„Носете шише со вода за да ги исплакнете очите што е можно поскоро и избегнувајте да носите контактни леќи (тие мора да се отстранат доколку дојдете во контакт со солзавец). Ако сте изложени на солзавец, одете и истуширајте се и сменете ја облеката, што е можно поскоро“, се вели меѓу другото во советите од организаторот.

Исто така, се советува облеката што очигледно упатува на Прајд, да биде покриена кога луѓето се движат до и од местото на одржување на прошетката.

Доколку учесниците на прошетката сакаат на лицето да имаат боја додека се одржува настанот, бојата за лице да ја носат со себе и да ја нанесат откако ќе пристигнат на настанот, а пред да заминат да ја отстранат од лицето.

Има препорака и за мобилните телефони.

„Погрижете се вашиот телефон да биде добро наполнет и доколку можете, понесете и дополнителна батерија. Чувајте го телефонот во безбеден џеб“.

Организаторите соопштија дека на настаните на Европрајд секогаш има тим од многу волонтери и дека учесниците можат да им се обратат доколку им треба помош, поддршка или ако од која било причина не се чувствуваат безбедно.

Претходни забрани за Парадата на гордоста во Србија

На ЛГБТ парадата на гордоста во Белград во 2010 година, насилни демонстранти вклучително и банди млади мажи, ги нападнаа учесниците и се судрија со полицијата. По тоа следуваше забрана за одржување на Парада на Гордоста поради закана за безбедноста на учесниците. Уставниот суд во 2013 година донесе одлука со која забраната за Прајд Парадата од 2011 ја прогласи за неуставна, поради прекршување на членот 54 од Уставот за слободна на собир на јавен простор.

Дури во 2014 година се одржа Парадата на гордоста со безбедносни мерки, но без активно учество на организирани хулигански групи на контра собири.

Така беше во сите наредни години до 2022 година.

Што бара ЛГБТ+ заедницата во Србија?

Со Маршот на гордоста, ЛГБТ+ заедницата, меѓу другото, укажува на дискриминација и од Владата бара да ја подобри нивната положба.

Во пресрет на Европрајд 2022, десничарските партии и организации, како и Српската православна црква, се спротивставија на маршот.

Со полициската забрана за Прајдот, Србија влезе во редот на земји каде што е забранет овој настан, заедно со на пример Турција и Русија, каде меѓународните организации укажуваат на загрозување на човековите права и слободи.

Само во 2021 година во Србија се регистрирани 83 инциденти мотивирани од омраза кон ЛГБТ+ лицата, а од тој број 19 се случаи на физичко насилство, покажуваат податоците на невладината организација „Да се знае“.

Оваа организација, која документира насилство и дискриминација мотивирани од хомофобија и трансфобија, истакнува дека повеќето инциденти не се пријавуваат кај властите.

Жртвите, како што беше посочено, немаат доверба во институциите, се плашат од сторителите, не ги знаат постапките или пак не му кажале на своето семејство дека се ЛГБТ+.

Беким Асани: Ем тепан, ем незаштитен
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

Во Србија не донесен Закон за истополови заедница, кој ќе им овозможи на истополовите парови да имаат многу од правата што ги уживаат и хетеросексуалните парови. Предлог-законот е напишан.

Едно од главните барања на ЛГБТИ+ заедницата во Србија е усвојување на Закон за истополови заедници. Тоа се повторува на секоја Парада на гордоста во Белград од 2017 година.

Слични закони во регионот усвоија Хрватска и Црна Гора.

Јавната расправа за нацрт-законот за истополови заедници заврши во март 2021 година. Процедурата налага предлог-законот да го усвои Владата, а потоа и Собранието на Србија. Но, не може да стапи во сила без потпис на претседателот на Републиката.

На законот се спротивставија десничарските партии, Српската православна црква и дел од јавноста.

Засега не се знае дали и кога документот ќе влезе во процедура за усвојување. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека нема да го потпише бидејќи е „должен да го штити Уставот“ и законската дефиниција на бракот како „заедница на маж и жена“.

Истополовите парови во Србија не можат да посвојуваат деца, а нацрт-законот за истополови заедници не предвидува такво право за нив.

Бидејќи правниот систем не ги признава истополовите парови, тоа им носи уште повеќе ограничувања. Тие не можат да остварат семејни, здравствени, имотни права.

ЛГБТ+ заедницата во Србија бара да се донесе Закон за родов идентитет со кој би се подобриле правата на транс лицата. Ако сте транс лице, не можете бесплатно да го прилагодите полот.

Според досегашните процедури во Србија, родовото прилагодување делумно се финансира од Фондот за здравство, од кој се обезбедуваат две третини од парите.

XS
SM
MD
LG