Достапни линкови

Зеленски: руски диверзантски групи влегле во Киев


Украинскиот претседател Владимир Зеленски
Украинскиот претседател Владимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање до нацијата денеска изјави дека руски диверзантски групи влегле во Киев. Тој рече дека Украина е оставена сама да се бори против Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано изутрината изјави дека 137 цивили и воен персонал досега се убиени во руската инвазија на неговата земја. Тој ги нарече „херои“ во видео-обраќањето објавено рано изутрината, во кое, исто така, наведува дека повеќе од 300 луѓе биле повредени за помалку од 24 часа борби.

„Тие убиваат луѓе и ги претвораат мирните градови во воени цели. Тоа е никогаш нема да биде простено“, рече Зеленски, прецизирајќи дека сите граничари на островот Змиини во регионот Одеса биле убиени.

Тој додаде дека и покрај загубите, вооружените сили на Украина „брилијантно ја бранат земјата против една од најмоќните нации во светот“. Според Зеленски, руските „диверзантски групи“ влегле во Киев.

Зеленски рече дека „непријателските диверзантски групи влегле во Киев“ и ги повика жителите да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за полициски час.

Зеленски, исто така, се пожали што неговата земја е „оставена сама“ да се бори против Русија. „Кој е подготвен да се бори покрај нас? Не гледам никого“.

Претходно тој потпиша декрет со кој се наредува целосна воена мобилизација и им се забранува на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата. Во декретот се вели дека мобилизацијата ќе трае 90 дена.

Европскиот совет даде зелено светло за нови санкции против Москва

Русија ја започна својата инвазија вчера пред зори, со воздушни напади врз градови и воени бази и испраќање војници и тенкови од повеќе правци.

Во Киев украинските сили собориле авион кој удрил во зграда
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:27 0:00

Украинските власти соопштија дека нивните сили се борат со Русите на повеќе фронтови и дека ја изгубиле контролата врз деактивираната нуклеарна централа Чернобил, место на најголемата нуклеарна катастрофа во светот.

Борбите во зоната ги зголемија стравувањата дека може да предизвикаат еколошка катастрофа од големи размери, рекоа украинските власти.

Руските сили го зазедоа Чернобил, потврди украинскиот премиер

Тешка размена на оган имало и во регионите Суми и Харков на североисток и Керсон и Одеса, најважното пристаниште во Украина, на југ. Според украински извори, руските сили го контролирале и воениот аеродром кај Киев.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен предупреди дека главниот град Киев е под закана и оти може да биде под опсада.

Претседателот Џо Бајден најави нови санкции против Русија, велејќи дека Путин „ја избра оваа војна“ и дека неговата земја ќе ги сноси последиците од неговата постапка.

Зеленски ги повика САД и Западот да воведат уште поостри санкции и да ги исклучат Русите од системот SWIFT, клучна финансиска мрежа што поврзува илјадници банки ширум светот.

Бајден рече дека САД и нивните партнери засега го задржуваат тој потег, но подоцна би можеле да воведат повеќе санкции.

Лидерите на ЕУ синоќа одобрија нови санкции против Русија поради инвазијата на Украина, која ги вклучува финансискиот сектор, енергетскиот и транспортниот сектор, како и контрола и финансирање на извозот, визна политика и дополнителни списоци на руски поединци.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел го нарече пакетот „најостри мерки досега“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG