Достапни линкови

Нова Година без огномети, но со полни кафеани

Тројца дедомразовци на плоштадот Македонија во Скопје
Тројца дедомразовци на плоштадот Македонија во Скопје

Голем дел од светот ја дочека 2022 година без организирани прослави или со ограничени настани, поради пандемијата со ковид-19. Втора година по ред новогодишните прослави се во сенка на пандемијата, сега засилена со новиот сој омикрон, кој е попренослив. Во земјава, пак, за разлика од лани работеа угостителските објекти, а имаше и организирана прослава на градскиот плоштад во Скопје, но немаше огномет.

По пандемиската пауза во главниот град имаше новогодишна прослава со македонски изведувачи. Од Град Скопје рекоа дека три општествено одговорни компании се одважиле во време на економска и енергетска криза да придонесат за организацијата за свечениот пречек на Нова година. Центарот на градот е скромно украсен за празниците, поради енергетската криза. Од денеска струјата во земјава е поскапа за речиси 10 отсто.

Годинава немаше организиран огномет. Оваа Нова година за разлика од лани работат угостителските објекти и немаше ограничувања за новогодишни прослави.

Неколку илјади граѓани славеа и на плоштадот во Охрид. На забавата во нашето најпознато туристичко место, настапија локални уметници. А поради топлото време, не вообичаено за овој период од годината преполни беа и околните тераси од кафулињата.

За новогодишната ноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство се родиле три бебиња, од кои едното се родило во ковид-центар, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој информираше дека на Клиниката за токсикологија примени се 17 пациенти, од кои 11 се примени заради состојба на алкохолизираност.

„Во службата за Итна медицинска помош имало околу 50 повици, во најголем случаи заради пациенти кои се алкохолизирани, помалку пациенти повредени во физичка пресметка и неколку помали и една посериозна сообраќајна несреќа. На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани околу 60 пациенти со КОВИД, 40 од нив се на кислородна поддршка“, рече денеска министерот за здравство, по посетата на првороденото бебе.

Министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска
Министерот за здравство Венко Филипче и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за новогодишната ноќ се приведени вкупно 12 лица, а регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир, од кои најголем дел физички напади и физички пресметки. Во текот на ноќта се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви.

Полицијата за време на новогодишната ноќ санкционирала 143 возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол. Од МВР, информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

Во Србија прослави без ограничувања, но Црна Гора забрана за прослава на отворено

Во регионот прослава и масовни собири без стравувањата од варијантата омикрон имаше во српската престолнина Белград.
Во Црна Гора беа забранети прославите на отворено, но не и тие на затворено во угостителските објекти. Пред пандемијата во Будва за нова година се организираа концерти на отворено кои привлекуваа илјадници туристи од регионот.

Во Хрватска исто така немаше организирани прослави за Нова година со илјадници посетители на плоштадите и улиците. Неколку градови сепак приредија дочека на Нова година прилагоден на епидемиолошките мерки.

Албанските граѓани новогодишната ноќ ја минаа без полициски час, со собири на плоштадите, фамилијарни дружби и преполни угостителски објекти, наспроти минатата година кога земјата беше под целосен карантин поради пандемијата со Ковид-19.Центрите и плоштадите беа преполни и во сите други градови, без почитување на мерките за заштита, носење заштитна маска и одржување растојание. Од денес повторно во сила е полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020, кој трае од 23 до 6 часот.

Омикрон ги згасна огнометите

Многу земји во Европа ја започна новата година со рекодни инфекции предизвикани од сојот омикрон. Во Атина, Лондон, Париз, Рим и Берлин немаше огномет и прослави.

Во Берлин немаше огномет над Бранденбуршката порта и немаше забава со стотици илјади луѓе, како во минатите години. И други големи германски градови ги откажаа новогодишните настани.

Властите во Париз го откажаа огнометот поради зголемените инфекции и повторно го воведоа задолжителното носење маски на отворено. Официјални настани немаше ниту во Лондон, оти, според, официјалните лица, секој 15 човек во градот бил заразен со ковид во неделата пред католички Божиќ.

Во Италија имаше поскромни прослави.

Огнометот во Сиднеј
Огнометот во Сиднеј

Во Москва, пак, се славеше со огномет на полноќ и без поголеми ограничувања за коронавирусот. И во Дубаи Новата година беше пречекана со прослави со светлосно и ласерско шоу на највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа и покрај зголемените инфекции.

Не изостана и традиционалниот огномет над Мостот Харбор и Операта во Сиднеј, првиот голем град во светот кој ја пречека 2022 година. Во Австралија имаше прослава и покрај тоа што земјата пријави рекорден број на случаи, но имаше далеку помалку луѓе во споредба со годините пред пандемијата.
Во Кина неколку големи градови, како Пекинг, Шангај и Вухан ги откажаа големите свечености и огнометите.

Јужноафриканските власти ги олеснија ограничувањата непосредно пред новогодишната ноќ, откако објавија дека бранот предизвикан од омикрон најверојатно го поминал својот пик без притоа значително да се зголемат смртните случаи и хоспитализирањата.

2021 година низ фотографии

Зградата на Капитол во Вашингтон нападната од про-Трамп поддржувачи на 6 јануари 2021 година 
1/27 Зградата на Капитол во Вашингтон нападната од про-Трамп поддржувачи на 6 јануари 2021 година 
2021 година низ фотографии
Ела Губиоти го прегрнува својот партнер Џанкарло Ванимартини, анестезиолог кој е хоспитализиран 10 дена, во безбедна просторија каде што пациентите и роднините можат да се гушкаат едни со други заштитени со пластична фолија, Аричија, во близина на Рим,  20 јануари 2021 година.
2/27 Ела Губиоти го прегрнува својот партнер Џанкарло Ванимартини, анестезиолог кој е хоспитализиран 10 дена, во безбедна просторија каде што пациентите и роднините можат да се гушкаат едни со други заштитени со пластична фолија, Аричија, во близина на Рим,  20 јануари 2021 година.
2021 година низ фотографии
Мигранти и бегалци од различни африкански националности чекаат помош на пренатрупан дрвен брод во Средоземното Море на 122 милји од брегот на Либија, 12 февруари 2021 година.<br />
<br />
Миграциските кризи продолжија низ целиот свет, од Хондурас до Турција, до Белорусија и Медитеранот.&nbsp;
3/27 Мигранти и бегалци од различни африкански националности чекаат помош на пренатрупан дрвен брод во Средоземното Море на 122 милји од брегот на Либија, 12 февруари 2021 година.

Миграциските кризи продолжија низ целиот свет, од Хондурас до Турција, до Белорусија и Медитеранот. 
2021 година низ фотографии
Луѓе цртаат срца со светла од своите мобилни телефони за поддршка на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и неговата сопруга Јулија Навалнаја, во Москва, 14 февруари 2021 година.&nbsp;
4/27 Луѓе цртаат срца со светла од своите мобилни телефони за поддршка на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и неговата сопруга Јулија Навалнаја, во Москва, 14 февруари 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Жена поминува покрај возило паркирано во близина на оштетените згради во источните предградија на Дамаск, Сирија, 9 март 2021 година.&nbsp;
5/27 Жена поминува покрај возило паркирано во близина на оштетените згради во источните предградија на Дамаск, Сирија, 9 март 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Демонстрант се држи за кошулата на паднатиот другар, за време на задушувањето&nbsp; на демонстрациите против воениот удар, во населбата Хлаинг Таријар во Јангон, Бурма на 14 март 2021 година.
6/27 Демонстрант се држи за кошулата на паднатиот другар, за време на задушувањето  на демонстрациите против воениот удар, во населбата Хлаинг Таријар во Јангон, Бурма на 14 март 2021 година.
2021 година низ фотографии
Товарниот брод &bdquo;Ever Given&ldquo; го блокира неколку денови Суецкиот канал, 27 март 2021 година.
7/27 Товарниот брод „Ever Given“ го блокира неколку денови Суецкиот канал, 27 март 2021 година.
2021 година низ фотографии
Човек бега од топлината од погребни клади на жртвите од ковид-19 во крематориум на периферијата на Њу Делхи, Индија, на 29 април 2021 година.&nbsp;
8/27 Човек бега од топлината од погребни клади на жртвите од ковид-19 во крематориум на периферијата на Њу Делхи, Индија, на 29 април 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Судири на забавата наречена &bdquo;La Boum 2&ldquo; против белгиските мерки за социјално дистанцирање и ограничувања за ковид-19, во Брисел, Белгија, 1 мај 2021 година.&nbsp;
9/27 Судири на забавата наречена „La Boum 2“ против белгиските мерки за социјално дистанцирање и ограничувања за ковид-19, во Брисел, Белгија, 1 мај 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Киргистанка со своето бебе во урнатините на нејзината куќа во селото Максат во близина на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, 4 мај 2021 година. Соседните Киргистан и Таџикистан се договорија да ги повлечат војниците од своите граници по интензивните борби во кои загинаа околу 40 луѓе.&nbsp;
10/27 Киргистанка со своето бебе во урнатините на нејзината куќа во селото Максат во близина на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, 4 мај 2021 година. Соседните Киргистан и Таџикистан се договорија да ги повлечат војниците од своите граници по интензивните борби во кои загинаа околу 40 луѓе. 
2021 година низ фотографии
По израелскиот воздушен напад врз градот Газа, 18 мај 2021 година.
11/27 По израелскиот воздушен напад врз градот Газа, 18 мај 2021 година.
2021 година низ фотографии
Човек се крие во близина на својот автомобил додека сиренети се огласуваат со предупредување за ракети лансирани од Појасот Газа кон Израел, а израелскиот противракетен систем &bdquo;Железна купола&ldquo; пресретнува ракети лансирани од Појасот Газа, во близина на Ашкелон, Израел, 19 мај 2021 година.&nbsp;
12/27 Човек се крие во близина на својот автомобил додека сиренети се огласуваат со предупредување за ракети лансирани од Појасот Газа кон Израел, а израелскиот противракетен систем „Железна купола“ пресретнува ракети лансирани од Појасот Газа, во близина на Ашкелон, Израел, 19 мај 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Ерменски деца гледаат во фотограф кој стои пред оштетена зграда со плакати на партиски кандидати во селото Шурнк, на околу 200 километри југоисточно од Ереван, Ерменија, вторник, 15 јуни 2021 година. Селото беше пресечено на два дела од новодефинираната граница со Азербејџан
13/27 Ерменски деца гледаат во фотограф кој стои пред оштетена зграда со плакати на партиски кандидати во селото Шурнк, на околу 200 километри југоисточно од Ереван, Ерменија, вторник, 15 јуни 2021 година. Селото беше пресечено на два дела од новодефинираната граница со Азербејџан
2021 година низ фотографии
Иранка и нејзините деца, облечени во униформи на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, се редат на избирачко место за да го дадат својот глас на претседателските избори, 18 јуни 2021 година.
14/27 Иранка и нејзините деца, облечени во униформи на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, се редат на избирачко место за да го дадат својот глас на претседателските избори, 18 јуни 2021 година.
2021 година низ фотографии
Полицаец гледа полициски автомобили превртени на улица во рамките на демонстрациите против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во Хавана, Куба, на 11 јули 2021 година. Илјадници Кубанци учествуваа во ретките протести против комунистичката влада, марширајќи низ град извикувајќи &bdquo;Долу диктатурата&ldquo; и &bdquo;Сакаме слобода&ldquo;.&nbsp;
15/27 Полицаец гледа полициски автомобили превртени на улица во рамките на демонстрациите против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во Хавана, Куба, на 11 јули 2021 година. Илјадници Кубанци учествуваа во ретките протести против комунистичката влада, марширајќи низ град извикувајќи „Долу диктатурата“ и „Сакаме слобода“. 
2021 година низ фотографии
Селото Шулд во областа Ахрвеилер е уништено по големите поплави на реката Ахр, во Шулд, Германија, 15 јули 2021 година.<br />
<br />
Ефектите од климатската криза беа поочигледни од кога било, особено во Европа и Северна Америка, кои доживеаја некои од нивните најекстремни временски услови со генерации.
16/27 Селото Шулд во областа Ахрвеилер е уништено по големите поплави на реката Ахр, во Шулд, Германија, 15 јули 2021 година.

Ефектите од климатската криза беа поочигледни од кога било, особено во Европа и Северна Америка, кои доживеаја некои од нивните најекстремни временски услови со генерации.
2021 година низ фотографии
Од церемонијата на затворање на Олимписките игри во Токио 2020 година, Олимписки стадион, Токио, Јапонија, 8 август 2021 година.&nbsp;
17/27 Од церемонијата на затворање на Олимписките игри во Токио 2020 година, Олимписки стадион, Токио, Јапонија, 8 август 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Авганистанско дете чека да го напушти аеродромот во Кабул на 16 август 2021 година, по неверојатно брзиот крај на 20-годишната војна во Авганистан, додека илјадници луѓе дојдоа на аеродромот во, обидувајќи се да побегнат од тврдокорното владеење на исламистите.
18/27 Авганистанско дете чека да го напушти аеродромот во Кабул на 16 август 2021 година, по неверојатно брзиот крај на 20-годишната војна во Авганистан, додека илјадници луѓе дојдоа на аеродромот во, обидувајќи се да побегнат од тврдокорното владеење на исламистите.
2021 година низ фотографии
Азербејџански војници носат портрети на војници и цивили кои беа убиени за време на Втората карабашка војна на комеморативниот марш на годишнината од почетокот на војната во центарот на Баку, Азербејџан, 27 септември 2021 година.&nbsp;
19/27 Азербејџански војници носат портрети на војници и цивили кои беа убиени за време на Втората карабашка војна на комеморативниот марш на годишнината од почетокот на војната во центарот на Баку, Азербејџан, 27 септември 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Американски војник на НАТО патролира во близина на границата меѓу Косово и Србија во Јариње на 2 октомври 2021 година додека Србите ги отстрануваат камионите и автомобилите со кои порано ја блокираа границата со Косово. - Србија и Косово постигнаа договор на 30 септември за ставање крај на тензичниот судир на нивната граница, рече претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак. Двете соседни земји беа во расправија повеќе од 10 дена откако Косово забрани возила со српски регистарски таблички да влегуваат на негова територија како реципроцитет на долгогодишната српска практика против возилата кои патуваат на другата страна.&nbsp;
20/27 Американски војник на НАТО патролира во близина на границата меѓу Косово и Србија во Јариње на 2 октомври 2021 година додека Србите ги отстрануваат камионите и автомобилите со кои порано ја блокираа границата со Косово. - Србија и Косово постигнаа договор на 30 септември за ставање крај на тензичниот судир на нивната граница, рече претставникот на ЕУ Мирослав Лајчак. Двете соседни земји беа во расправија повеќе од 10 дена откако Косово забрани возила со српски регистарски таблички да влегуваат на негова територија како реципроцитет на долгогодишната српска практика против возилата кои патуваат на другата страна. 
2021 година низ фотографии
Часовник и икона на Богородица на фрижидер во една од салите на делот за &bdquo;ковид 19&ldquo;, во Националниот институт за пневмологија &bdquo;Мариус Наста&ldquo;, во Букурешт, Романија, 15 октомври 2021 година.&nbsp;
21/27 Часовник и икона на Богородица на фрижидер во една од салите на делот за „ковид 19“, во Националниот институт за пневмологија „Мариус Наста“, во Букурешт, Романија, 15 октомври 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Манекенка пред ревијата на Централноевропската модна недела во Будимпешта, Унгарија, 17 октомври 2021 година.
22/27 Манекенка пред ревијата на Централноевропската модна недела во Будимпешта, Унгарија, 17 октомври 2021 година.
2021 година низ фотографии
Стотици мигранти кампуваат на белоруската страна на границата со Полска во близина на Кузница, Полска, 10 ноември 2021 година.
23/27 Стотици мигранти кампуваат на белоруската страна на границата со Полска во близина на Кузница, Полска, 10 ноември 2021 година.
2021 година низ фотографии
Жена држи маска со кислород на лицето на своето бебе кое боледува од коронавирус во одделението на детската болница во Киев на 16 ноември 2021 година.&nbsp;
24/27 Жена држи маска со кислород на лицето на своето бебе кое боледува од коронавирус во одделението на детската болница во Киев на 16 ноември 2021 година. 
2021 година низ фотографии
Работник на Фондацијата Ал-Хидмат прска против комарци за да го спречи избувнувањето на денга треска во Карачи, Пакистан, 7 декември 2021 година.
25/27 Работник на Фондацијата Ал-Хидмат прска против комарци за да го спречи избувнувањето на денга треска во Карачи, Пакистан, 7 декември 2021 година.
2021 година низ фотографии
Украински војник се одмора во близина на борбена позиција на линијата на одвојување од проруските бунтовници во близина на Катеринивка, Доњецк, Украина, вторник, 7 декември 2021 година. Украинските власти претходно ја обвинија Русија дека испраќа тенкови и снајперисти на линијата за контакт во источна Украина разурната од војна за да &bdquo;провоцира возвратен оган&ldquo;.
26/27 Украински војник се одмора во близина на борбена позиција на линијата на одвојување од проруските бунтовници во близина на Катеринивка, Доњецк, Украина, вторник, 7 декември 2021 година. Украинските власти претходно ја обвинија Русија дека испраќа тенкови и снајперисти на линијата за контакт во источна Украина разурната од војна за да „провоцира возвратен оган“.
2021 година низ фотографии
Авганистански жени облечени во бурка седат пред салон за убавина со слики на жени прекриени со спреј во Џалалабад на 13 декември 2021 година.
27/27 Авганистански жени облечени во бурка седат пред салон за убавина со слики на жени прекриени со спреј во Џалалабад на 13 декември 2021 година.
2021 година низ фотографии
Previous slide
Next slide

Поскромни прослави имаше и во Рио де Жанеиро и Мексико Сити.

Во Њујорк традиционалната новогодишна забава на Тајмс Сквер беше ограничена за 15 илјади гледачи, што е далеку помалку во споредба со предпандемиските години и сите посетители беа со маски и со вакцинален сертификат.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG