Достапни линкови

Меркел - од реформатор до канцелар во ера на кризи

Германската канцеларка Ангела Меркел покрај лидерот на Христијанско-демократската унија и главен кандидат за канцелар Армин Лашет за време на неговиот изборен митинг во Штралзунд, Германија, 21 септември 2021 година.

В недела ќе се одржат парламентарни избори во Германија, а канцеларката Ангела Меркел веќе најави дека нема да бара шестти мандат. Таа од многу Германци ќе биде запаметена како државничка која ја водеше земјата низ серија кризи, истовремено одржувајќи го чувството на смиреност и ред.

Кога првпат положи заклетва во 2005 година, таа речиси ги загуби изборите од канцеларот Герхард Шредер со нејзината амбициозна агенда за либерален пазар.

16 години подоцна Германија ќе гласа помеѓу продолжување на начинот на кој владееше Меркел и неговото менување.

Ултимативен водич низ германските избори

„Сега мислам дека луѓето бараат личност на која можат да ѝ веруваат како што тоа беше со Меркал пред 16 години“, вели биографот на Меркел, Ралф Болман, додавајќи:

„Порано имаше реклама за една банка: Живејте ги вашите животи, ние ќе се грижиме за останатото“... и тоа може да важи и пред сегашните избори“.

Меркел во изминативе 16 години

Со нејзината четирикратна победа на изборите, Ангела Меркел има најдолг стаж како канцелар на Германија.

На состанокот на Бирото на Христијанско -демократската партија (ЦДУ) пред изборите во 2013 година
1/16 Со нејзината четирикратна победа на изборите, Ангела Меркел има најдолг стаж како канцелар на Германија.

На состанокот на Бирото на Христијанско -демократската партија (ЦДУ) пред изборите во 2013 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Ангела Меркел на состанок на Бундестагот на 17 октомври 2018 година.

Од 1991 до 1994 година, Меркел беше министерка за млади и жени во владата на Хелмут Кол
2/16 Ангела Меркел на состанок на Бундестагот на 17 октомври 2018 година.

Од 1991 до 1994 година, Меркел беше министерка за млади и жени во владата на Хелмут Кол
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Меркел зборува во изборната кампања 2013 година на 21 септември 2013 година

Кога Хелмут Кол беше вмешан во корупциски скандал во 1999 година, Меркел во отворено писмо побара оставка, а потоа се кандидираше и победи на претседателството на ЦДУ.
3/16 Меркел зборува во изборната кампања 2013 година на 21 септември 2013 година

Кога Хелмут Кол беше вмешан во корупциски скандал во 1999 година, Меркел во отворено писмо побара оставка, а потоа се кандидираше и победи на претседателството на ЦДУ.
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Канцеларката Ангела Меркел со поранешниот американски претседател Барак Обама на самитот на Г7 во јуни 2015 година. Една од главните теми на состанокот беше ситуацијата во Украина и санкциите воведени против Русија.

Меркел важи за еден од највлијателните жени во светот, според листата на Форбс за највлијателни жени од 2015 година
4/16 Канцеларката Ангела Меркел со поранешниот американски претседател Барак Обама на самитот на Г7 во јуни 2015 година. Една од главните теми на состанокот беше ситуацијата во Украина и санкциите воведени против Русија.

Меркел важи за еден од највлијателните жени во светот, според листата на Форбс за највлијателни жени од 2015 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Трансвеститот Оливија Џонс и канцеларката Ангела Меркел во Рајхстагот на 12 февруари 2017 година, во првиот круг од федералните претседателски избори во Германија.

Иако самата Меркел не гласаше за легализација на хомосексуалните бракови во Германија, законот на крајот беше изгласан.
5/16 Трансвеститот Оливија Џонс и канцеларката Ангела Меркел во Рајхстагот на 12 февруари 2017 година, во првиот круг од федералните претседателски избори во Германија.

Иако самата Меркел не гласаше за легализација на хомосексуалните бракови во Германија, законот на крајот беше изгласан.
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
За време на нејзината посета на Авганистан на 18 декември 2010 година
6/16 За време на нејзината посета на Авганистан на 18 декември 2010 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Бегалско селфи со канцеларката Ангела Меркел на 10 септември 2015 година. Многумина ја нападнаа канцеларката за миграциското прашање.
7/16 Бегалско селфи со канцеларката Ангела Меркел на 10 септември 2015 година. Многумина ја нападнаа канцеларката за миграциското прашање.
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Поздрав од робот. Кралицата Елизабета и канцеларката Ангела Меркел во Берлин во 2015 година
8/16 Поздрав од робот. Кралицата Елизабета и канцеларката Ангела Меркел во Берлин во 2015 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Прием кај папата Франциск на 18 мај 2013 година
9/16 Прием кај папата Франциск на 18 мај 2013 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Сеќавање за жртвите по терористичкиот напад во Берлин каде што на 19 декември 2016 година, Тунижанец со камион влета во толпата на божиќниот пазар. Во нападот загинаа 12 лица, а речиси 50 беа повредени.
10/16 Сеќавање за жртвите по терористичкиот напад во Берлин каде што на 19 декември 2016 година, Тунижанец со камион влета во толпата на божиќниот пазар. Во нападот загинаа 12 лица, а речиси 50 беа повредени.
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Со рускиот претседател Владимир Путин во Берлин на 19 јануари 2020 година.

И покрај американскиот протест, Меркел се согласи со Русите за изградба на Северен тек-2
11/16 Со рускиот претседател Владимир Путин во Берлин на 19 јануари 2020 година.

И покрај американскиот протест, Меркел се согласи со Русите за изградба на Северен тек-2
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Со британскиот премиер Борис Џонсон на Самитот на Г7 во Корнвол на 11 јуни 2021 година
12/16 Со британскиот премиер Борис Џонсон на Самитот на Г7 во Корнвол на 11 јуни 2021 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
По коалицискиот договор од 2018 година

13/16 По коалицискиот договор од 2018 година

Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Со поранешниот француски претседател Никола Саркози во Брисел на 25 март 2010 година
14/16 Со поранешниот француски претседател Никола Саркози во Брисел на 25 март 2010 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Средба со поранешниот претседател на САД Џорџ Буш во Тексас на 10 ноември 2007 година
15/16 Средба со поранешниот претседател на САД Џорџ Буш во Тексас на 10 ноември 2007 година
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
На сликите направени помеѓу 2004 и 2021 година, гестот со раце типичен за Ангела Меркел. На конгресот на 29 октомври 2018 година, ЦДУ објави дека Меркел нема да се кандидира за претседател на партијата, ниту за функцијата канцелар кога ќе истече мандатот во 2021 година.
16/16 На сликите направени помеѓу 2004 и 2021 година, гестот со раце типичен за Ангела Меркел. На конгресот на 29 октомври 2018 година, ЦДУ објави дека Меркел нема да се кандидира за претседател на партијата, ниту за функцијата канцелар кога ќе истече мандатот во 2021 година.
Со германските федерални избори на 26 септември, една ера се ближи кон крајот.
Previous slide
Next slide

Есента 2008 година, кризата на американскиот пазар на недвижности го достигна и германскиот банкарски сектор.

Извештаите дека сѐ поголеми суми на готови пари се повлекуваат од шалтерите на германските банки ја принудија Меркел да го направи своето прво појавување како кризен менаџер.

Нов старт на односите меѓу Грција и Германија?

Таа даде лична гаранција дека германските штедни влогови се безбедни. „Во финансиската криза во 2008 година без сомнение, таа го најде својот пат во улогата на кризна канцеларка“, вели Болман.

Но, улогата на Меркел како менаџер за кризи сѐ уште беше тешка за неа. Кога во 2010 година финансиската криза се разви во европска должничка криза Меркел не сакаше да го преземе водството во европската сеопфатна политика за стабилизација. Не го стори тоа поради предизборната кампања за парламентот во Северна Рајна-Вестфалија и таа ги избегна дебатите за државните гаранции во трицифрен број милијарди.

Меркел во Тирана на средба со лидери од Балкан
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:17 0:00

До 2012 година, Меркел се прегрупираше и го присвои европскиот план за спасување како меѓупартиски проект на нејзиното канцеларство. „Европа пропаѓа кога еврото ќе пропадне. Европа победува кога победува еврото. Еврото победува кога создаваме унија за стабилност“, рече тогаш Меркел.

Меркел призна грешки во справувањето со мигрантите

До летото 2015 година, должничката криза со еврото сѐ уште ја држеше германската политика, но тука беа и сириската војна и огромниот број бегалци што се појавија на границите на ЕУ и кои направија длабоки расколи и во Германија и во Унијата.

Ангела Меркел се стави во првите редови на германската култура на добредојде. Таа ги следеше своите лични политички склоности без да ги земе предвид изборните тактики.

Меркел се позиционираше со невообичаено јасни зборови против ксенофобичните напади и се бранеше од критиките дека е премногу пријателска со бегалците.

Канцеларката охрабри многу илјадници помошници кои се грижеа за пристигнатите бегалци низ целата земја, велејќи: „Ние можеме да го направиме тоа“.

Но, следната криза имапе уште поконкретно влијание врз животот на Германците. Пандемијата на коронавирусот влезе во секоја област од јавниот, економскиот и приватниот интерес на граѓаните.

Канцеларката го стави сиот свој научен авторитет во обидот да создаде општествен консензус. „Сериозно е, сфатете го ова сериозно. Уште од Втората светска војна немало ваков предизвик за нашата земја, каде што толку многу зависи од нашето заедничко дејствување и солидарност“, порача Меркел.

Пандемијата ја намали популарноста на партијата на Ангела Меркел

Но, за прв пат, за Германците не беше доволно она што им го порачува Меркел. Во пандемијата, сите беа загрозени. Со мерките за велигденските празници, Меркел сакаше да преземе иницијатива на федерално ниво и не успеа.

Во своето обраќање Меркел тогаш изјави: „Грешката мора да биде именувана како грешка и, пред сѐ, мора да се поправи. И ако е можно, тоа мора да се направи навремено. Сепак, јас сум свесна дека целиот овој процес предизвикува дополнителна неизвесност. Длабоко жалам и за тоа барам прошка од сите граѓани“.

Пандемијата сѐ уште не е завршена и за прв пат во повоената историја на Германија, Бундестагот ќе биде избран без канцелар кој бара уште еден мандат. Сите гласачи се соочуваат со прашањето на кого можат да му веруваат по Меркел.

„Што се однесува до Христијанско демократската унија историско е достигнувањето на Меркел да ја зачува како една од последните силни традиционални партии на десниот центар во Европа досега“, вели Ралф Болман, додавајќи:

„Младата министерка од кабинетот на Кол со децении се држеше на чело на нејзината Христијанско демократската унија водејќи ја надвор од периодите на патријархатот и национализмот. Како канцеларка за кризи, таа успеа“.

Изборите во Германија внимателно го следат западните сојузници. Ако анкетите се покажат како точни, конзервативците на Меркел се насочени кон нивниот најлош резултат во повоената германска историја, потенцијално фрлајќи сенка врз наследството на Меркел.

Таа ќе се повлече по изборите, иако ќе остане на функцијата за време на коалициските преговори.

Кандидатите за германски канцелар се за силна Европа

Се очекува изборите да дадат голем број коалициски опции. Премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија Армин Лашет кој е кандидат за канцелар од партијата на Меркел веќе рече дека дури и ако заврши на второто место, ќе се обиде да ја спои Унијата со Зелените и Слободните демократи.

Но, Зелените сигнализираа дека им е поудобно да управуваат во коалиција со левоцентристичките социјалдемократи кои за свој кандидат за наследник на Меркел го имаат министерот за финансии и вицеканцелар Олаф Шолц.

Последните анкети покажаа дека Шолц на СПД го задржа своето водство со 25 проценти поддршка, додека Лашет ја намали разликата малку на 23 проценти. Зелените ја зголемија предноста на 16,5 проценти, што им даде реални шанси да станат помал коалициски партнер во следната влада.

• 16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG