Достапни линкови

ТикТок го претрка Јутјуб во гледаност


Илустрација
Илустрација

Корисниците на апликации поминуваат повеќе време на TikTok отколку на YouTube, покажува најновата студија спроведена од компанијата App Annie, која се занимава со аналитика во областа на мобилните апликации.

Како што објави Би-Би-Си, и покрај фактот дека YouTube има повеќе корисници отколку TikTok, видеата, во просек, се гледаат многу повеќе во кинеската, отколку во американската апликација. YouTube има 2 милијарди корисници, а TikTok 700 милиони.

И покрај фактот дека има три пати помалку корисници, TikTok, инаку најсимнуваната мобилна апликација во светот во последната година, се користи многу повеќе во САД и Велика Британија отколку YouTube.

XS
SM
MD
LG