Достапни линкови

Трамп или Бајден - претседателски избори во САД

Американските граѓани избираа помеѓу сегашниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.


Џо Бајден и Доналд Трамп

Сумирано

  • Републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден се во тесна трка.
  • Бајден во говорот на 4 ноември рече дека чувствува оти е „на добар пат“ за да победи на изборите и повика на трпеливост од гласачите.
  • Претседателот Доналд Трамп пак, ги обвини демократите дека се обидуваат да ги „украдат“ изборите и дека сепак очекува „голема победа“.
  • Изборниот систем во САД е единствен, бидејќи не мора да победи кандидатот кој ќе освои најмногу гласови на ниво на целата земја, туку кој ќе „собере“ најмалку 270 од 538 т.н. електори.
10:11 4.11.2020

Американските гласачи и коронавирусот

И покрај инфицирани 9,4 милиони Американци и починати повеќе од 230 000, само двајца од 10 гласачи во анкетите изјавија дека ковид-19 е прашањето што е најважно во нивниот избор помеѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден.

09:08 4.11.2020

Твитер и Фејсбук суспендираа објави за изборите во САД

Твитер и Фејсбук суспендираа неколку главно десно ориентирани сметки за информации за изборите во САД, за кои овие социјални мрежи велат дека ги нарушиле нивните политики.

08:19 4.11.2020


Видео: Њујорчани ги чекаат резултатите од изборите на Тајмс Сквер

Резултатите од изедначената изборна битка меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден некои од жителите на Њујорк ги следат на познатиот Тајмс сквер.

08:05 4.11.2020

Бајден и Трамп во тесна трка во клучните држави

Републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден се во тесна трка, бидејќи се чини дека во неколку таканаречени клучни држави претседателската трка не ќе може да биде решена во наредните денови.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG