Достапни линкови

Не постои комуникација меѓу младите прилепчани и Општината


Тркалезна маса „Прилеп е град пријател на младите“
Тркалезна маса „Прилеп е град пријател на младите“

Младинскиот сојуз низ повеќе општини спроведе истражување за тоа колку се посветува внимание на младите. Неделава ги претстави резултатите во Прилеп.

„Поразителните резултати од истражувањето се како резултат на не постоењето двонасочна врска помеѓу младите и Општина Прилеп. Сепак, одговорноста исто така е обострана“, наведуваат од Младинскиот сојуз – Крушево кој ја имплементираше тркалезната маса „Прилеп е град пријател на младите“.

Според нив, општината иако презема чекори за развој на младинските политики и структури за младинско учество, потребна е отворена комуникација и инклузивни процеси кои ги вклучуваат младите.

„Исто така, младите не можат да очекуваат дека некој ќе дојде во Прилеп и магично ќе го направи Прилеп пријател на младите. Оваа визија е одговорност и задача на младите прилепчани“, заклучуваат од Младинскиот сојуз.

Тркалезна маса „Прилеп е град пријател на младите“
Тркалезна маса „Прилеп е град пријател на младите“

Билјана Стојческа, која е член на Младинскиот сојуз-Крушево истакна дека е задоволна од интересот на младите прилепчани кои присуствуваа на тркалезната маса. Конкретно, учествуваа 32 различни чинители како млади луѓе, претставници на студентските парламенти и средношколски заедници, членови на советот при Општина Прилеп, претставници на Локалниот Младински совет од Прилеп, како и претставници на локални организации.

„Наодите на анализата се само доказ колку ние како општество треба да ги промениме приоритетите и да го ставиме фокусот на инвестирање на младите луѓе. Не можеме да очекуваме општините да се спремни директно да ги имплементираат нашите препораки. Затоа им се нудиме како партнер во спроведување на препораките и заедничко делување за да имаме што поголем број на 100 проценти градови пријатели на младите. Ние како организација се заблагодаруваме на поддшката од Амбасада на САД во Северна Македонија и покануваме сите различни поддржувачи да го стават фокусот врз младите луѓе и младинските акции на локално ниво”, изјави Стојческа.

Проектот "Град - пријател на младите" е проект за млади со цел овозможување на младите луѓе можности за оценување колку нивниот град или општина е пријател на младите. Како што објаснуваат од организацијата, овој проект овозможува здружување на младите луѓе и носителите на одлуки на локално ниво, со посредство на младинските работници, за ефикасна евалуација и мониторинг на локалните младински политики и услуги во нивните заедници, промоција на учество и активно вклучување на младите во развојот на локалните политики и стратегии, и поддршка на создавањето на градови-пријатели на младите.

Инцијативата започнала во 2017 година со пилот проект во кој биле опфатени општините Крушево, Струга и Центар, а лани пак се проширила во општините Струга, Прилеп, Карпош и Кратово.

XS
SM
MD
LG