Достапни линкови

Славниот момент на Северна Македонија во сенка на коронавирусот


Македонско знаме и знаме на НАТО

Во сенка на пандемијата на коронавирусот Севeрена Македонија доживува сензационални денови, придружувајќи се на најголемата светска воена алијанса и конечно напредување кон Европската унија со почнување на преговорите за зачленување во клубот. Блог на Рикард Јозвиак

Ова на Скопје му покажува дека склучувањето на политички храбри договори со соседите на крајот се исплатува. Но, времето да се стигне до оваа точка исто така покажува дека земјите од Западниот Балкан и источното соседство на ЕУ и НАТО остануваат на милост и немилост на земјите членки на двата клуба.

Јасно е дека зеленето светло за пристапните преговори на Северна Македонија за ЕУ требаше да дојде одамна. Големо мнозинство од земјите членки на ЕУ сметаат дека тоа што Скопје го постигна со Грција со договорот од Преспа потпишан летото 2018 година е историски момент и вреден за политичко признание. Земјата го смени својот меѓународен идентитет и го заврши деценскиот спор поради кој долги години не може да се придружи до ЕУ и НАТО.

Или така Скопје мислеше. Кога земјите членки на ЕУ дебатираа дали да ги признаат овие напори летото 2018 година, Франција се спротистави на идејата за отворање на преговорите со земјата. Според Париз, повеќе напори беа потребни. Европската комисија го објави блескавиот извештај за напредокот за спроведените реформи во Северна Македонија летото 2019 година кој повторно беше дочекан со палците надолу од Франција. Другите земји членки на ЕУ побараа да се вратат на прашањето во октомври истата година, но Франција инсистираше на своето „не“ и Скопје доби хет-трик одбивање, а се отворија и сериозни прашања за кредибилноста на ЕУ. Дали проширувањето сега е мртво? Или уште попрецизно: што сака Франција?

На последното прашање има неколку одговори. Најцитиран меѓу европските дипломати беше дека францускиот претседател Емануел Макрон е исплашен од популарноста на крајната десница во Франција предводена од Мари Ле Пен и протестите на жолтите елеци кои избувнаа во неговата земја минатат година. Тој едноставно изгледаше како е да цврст и како да ги копира некои од позициите и јазикот со кој говорат неговите политички противници, особено пред изборите за Европскиот парламент во 2019 година.

Но, вистината е дека на Франција никогаш не и беше особено важно проширувањето на Унијата, барем не пред продлабочувањето, што е еден од омилените проекти на Макрон и дека ќе ги истакнува работите како буџетот на еврозоната и повеќе европски воени проекти од кои двете корист ќе има француската економија. Мал напредок е постигнат и поради тоа се очекува да сака да го забави проширувањето ако може. Тоа го има Париз на ум кога по третото македонско одбивање соопшти дека методологијата за проширување треба да биде повторно напишана. Европската комисија беше обврзана за тоа и во февруари го презентираше предлогот.

Измените всушност се козметички, но јасно е дека земјите членки сега имаат повеќе можности да го забават процесот ако сакаат. Макрон беше смирен и на 25 март даде зелено светло за напредокот.

Но, ако ја зборуваме вистината ова е само почеток на процесот. Рамката за преговори треба да биде презентирана од комисијата во јуни и ако се оди како што треба вистинските преговори треба да почнат наесен, според европски официјални лица.

Скопје самоуверено тврди дека 50 отсто од законодавството веќе е усогласено со легислативата на ЕУ и тоа што треба да се усогласува со националното законодавство може брзо да биде отворено и затворено. Сум го слушнал овој оптимизам и претходно, кога Србија и Црна Гора ги почнаа своите преговори со Брисел. По осум години преговори Подгорица затвори само три од 33 поглавја, а Белград само неколу по шест години преговори.

Интересно, Париз никогаш немал слична цел да го блокира патот на Северна Македонија во НАТО. Земјата доби покана за приклучување пред две години, а протоколот за приклучување беше потпишан во 2019 година. Во последните 12 месеци парламентите на земјите членки на алијансата го ратификуваа протоколот без забелешки.

Со церемонијата за подигнување на знамето во седиштето на НАТО во Брисел која треба да се одржи во почетокот на следната недела Северна Македонија ќе стане 30-тата членка на НАТО што се очекува да биде и последното проширување на алијансата за подолго време, ако им е за верување на тамошните дипломати.

Целиот настан ќе биде помалку церемонијален поради пандемијата на коронавирусот, со само неколку присутни и без медиуми. За свет преокупиран со многу поголемо прашање ова е разбирливо, но исто така и разочарувачки за земја која што направи толку многу во последните години да добие мало внимание во моментите на нејзино признавање.

XS
SM
MD
LG