Достапни линкови

„Иницијатива наспроти очекување дека нешто ќе падне од небо“


„Активно учество наспроти банално критизерство​“. Водени од оваа замисла, младите иницираа културна програма за да се понудат решенија на проблеми во општеството.

Младите покренаа нова културна, социјални и политичка иницијатива, наречена „Овде е добро“. Организатори се Сонична младина на Македонија кои се поттикнати да донесат промени.

„Овде е Добро“, е иницијативa која има намера да поттикне дискусија, пред се, меѓу младите, за нивниот ангажман во социјалниот, културниот, па и политички живот на земјава. „Овде е Добро“ има намера да се занимава со лоцирање на проблемите од кои произлегува популарното незадоволство, но главна тенденција е да се пронајдат начини за решавање на тие прашања. Активно учество наспроти банално критизерство. Иницијатива наспроти очекување дека нешто ќе падне од небото само за тебе. Самоорганизација и активна борба за задоволување на потребите, наместо очекување некој друг тоа да го стори за тебе. Одговорно и реално инсталирање на демократските вредности на организациите и светот кон кој реално се стремиме“, се наведува, во најавата за првиот настан.

Во рамки на иницијативата ќе се одржат серија настани, а во сабота (07.03.2020) е првиот. Програмата во сабота ќе започне од 21:00 часот во Младинскиот културен центар, со Blackstate соло проект на Филип (Фиц) Тасевски од „Новиот Почеток“, а потоа од 21:20 часот ќе настапи Мухамед Ибрахими, виртуоз на гитара, шаркија и мандолина. Публиката потоа ќе има можност да ги види „МврСвр“, а по нив „Pluto's Doubts“. Пограмата ќе се заокружи со настап на „Артан Лили“ од Белград, кои ќе бидат специјални гости и ќе отсвират целовечерен концерт.

Во рамки на „Овде е Добро“ ќе бидат прикажани и видеата што претставуваат млади луѓе кои со својот личен пример и дела придонесуваат за културата. Влезниците по симболична цена од 100 денари, публиката може да ги набави на билетарницата на Младинскиот Културен Центар или онлајн.

XS
SM
MD
LG