Достапни линкови

Мал е ризикот за САД од коронавирусот


Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција за коронавирусот
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција за коронавирусот

Претседателот на САД вели дека здравјето на Американците е број 1 приоритет и дека се работи забрзано на откривање на вакцина против коронавирусот. Во случај на понатамошно ширење на болеста во САД, Трамп го назначи потпретседателот Мајк Пенс да раководи со ситуацијата.

Забрзано работиме на развивање на вакцина против Ковид-19, изјави претседателот на САД Доналд Трамп на прес-конференција посветена на коронавирусот. Тој сепак не изнесе детали околу процесот на создавање на лек против најновиот вирус кој се шири во светот.

„Вакцината се подготвува. Зборував со докторите, сигурни сме дека ќе ја развиеме многу брзо, вакцина, за иднината“, рече Трамп.

До сега во САД се регистрирани 15 случаи, информираше претседателот, не вклучувајќи ги и Американците кои се во карантин на крузерот Дајмонд Принцес и оние кои се во Вухан, центарот на епидмијата. Повеќето од заболените закрепнуваат, рече Трамп иако како што вели еден од нив е „многу болен“.

Сепак, ризикот за Американците „останува многу низок“ и чекорите кои ги презема владата помогнаа земјата да се заштити од глобалната појава, уверува Трамп и додаде дека забраната за патување во погодените подрачја со коронавирусот е главната мерка за заштита од болеста.

„Наш приоритет број 1 е здравјето и сигурноста на Американските граѓани“, истакна Трамп на пресот кој следеше по состанок со експерти од САД за состојбата со коронавирусот.

Но што и да се случи, уверува Трамп, „ние сме подготвени“. Тој го назначи потпретседателот Мајк Пенс за справување вирусот во случај на негово понатамошно ширење.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс
Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Трамп рече дека зборувал и со својот Кинески колега Си Џинпинг.

„Според извештаите кои доаѓаат од Кина, ширењето на вирусот се намалува. Инфекцијата се намалува во последниве два дена, спротивно на очекувањата за понатамошно ширење“, изјави Трамп.

Трамп обвини две телевизии за шерење паника

Претходно, Трамп обвини две телевизиски куќи, „Си-ен-ен“ и Ем-ес-ен-би-си“ дека со известувањето за вирусот и ризикот од него можат да предизвикаат потенцијални турбуленции во финансискиот сектор.

Во порака на Твитер, Трамп напиша дека двете телевизии, кои се негови редовни критичари: „Прават сè што е можно за да ја напарават ситуацијата со коронавирусот да изгледа лошо, вклучувајќи и предизвукување паника во финансискиот сектор“, додавајќи дека САД е во одлична кондиција.

Во случај на пандемија и САД ќе бидат погодени

Шефот на Националниот институт за алергиски и инфекциски заболувања, д-р Антони Фаучи, вели дека иако има случаи на заболени лица во САД, луѓето мора да бдат подготвени за негово понатамошно ширење надвор од Кина.

„Доколку се случи пандемија, тогаш е многу веројатно дека и ние ќе бидеме погодени“, вели Фаучи за „Си-ен-ен“.

Секретарот за здравство, Алекс Азар, објави дека во САД има 59 случаи на коронавирус, вклучувајќи ги 42 патници кои беа на крузерот Дајмонд Принцес и три лица кои се вратиле од Вухан.

Загриженоста на светско ниво почна да се зголемува како што растеше бројот на заболени лица надвор од Кина, како во Италија и во Иран каде заразата се шири многу брзо.

Вирусот до сега е регистриран во 40 земји. Од него починаа 2.800 лица, а заболени се околу 82 илјади.

XS
SM
MD
LG