Достапни линкови

Гимназијалецот Јандрески со меѓународна презентација на македонскиот „шприц“


„Јандреевиот шприц“
„Јандреевиот шприц“

Прилепскиот гимназијалец Сашо Јандрески кој минатата година претстави револуционерна медицинска иновација на заштитен шприц, годинава ја посочува како пресудна за меѓународната презентација на овој медицински изум.

Шеснаесетгодишниот иноватор на „Јандреевиот шприц“ за безбедна интервенција на медицинските лица при вшприцување лекови на пациенти навестува дека во март единствената медицинска иновација ќе биде претставена на меѓународниот Архимедов саем во Москва, Русија.

„Сите здравствени работници во Македонија „шприцот“ го прифатија позитивно. Од 24 до 27 март годинава, со „шприцот“ заминуваме на Архимедовиот саем во Москва, Русија кој е и најголем комерцијлен саем за вакви иновации во целиот свет. На саемот ќе имаме чест да бидеме во присуство на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, а на Саемот се очекува да бидат присутни 90 проценти од земјите членки“, вели иноваторот Сашо Јандрески за МИА.

Меѓународната презентација на „Јандреевиот шприц“ продолжува и на пролет.

„Нефицијално, со нашата иновација, по Архимедовиот саем, заминуваме во Кипар. Чест ми е и задоволство што проектот има таква нагорна линија на претставување пред светската иновативна јавност. Околу заинтересираноста за откупувањето на патентот е токму поканата за присуство на Архимедовиот саем во Русија, организиран од ИФЈА, Интернационалната Федерација за истражување на патенти. Поканата ја добивме од генералниот директор на Федерацијата Хусеин Хуиќ“, објаснува Јандрески.

Јандрески во септември минатата година го претстави изумот на медицински шприц кој ги штити медицинските работници од зараза при вбризгување терапија. Средношколецот Јандрески, речиси една година со тим од три професорки кои му ја дадоа поддршката, работеше на обликувањето на прототипот кој е наречен „Јандреев шприц“ и според Јандрески ова доаѓа како прв изум во медицината кај нас по 25 години, објаснувајќи дека идејата се родила по волонтирањето во прилепската Итна медицинска помош и во болницата „Борка Талески“, сакајќи да се спасуваат животи и да се заштитат здравствените работници од евентуалната зараза од Хепатит Б и Ц.

XS
SM
MD
LG