Достапни линкови

Новинарката Костиќ по четири децении работа заминува во пензија


Скопје- новинарката Мира Костиќ доби признание од претседателот на Собранието како доајен на новинарството во Македонското радио
Скопје- новинарката Мира Костиќ доби признание од претседателот на Собранието како доајен на новинарството во Македонското радио

Радионовинарката Мира Костиќ заминува во пензија по 43 години работа. Целиот свој работен ангажман таа го помина во истата куќа, Македонското радио. Костиќ е специфична и по тоа што речиси три децении е собраниски известувач што ја прави и новинарка со најдолг стаж во парламентот.

Костиќ почнавте да работиш 1976 година, а зимово заминувате во пензија. Најголем дел од својата работа ја поминавте како собраниски известувач. Кој период ви беше нај интересeн?

За секој новинар најинтересни мислам дека беа деведесеттите години, кога се гледаше крајот на бившата заедничка држава, а Република Македонија стана самостојна. Како новинар тоа беше најинтересниот, но истовремено и најтешкиот период за работа зошто бараше многу внимателност, многу посветеност, максимална професионалност бидејќи секој збор, секоја погрешна информација можеше да влијае работите на тргнат во друга насока, а особено беше проблематично и тешко повлекувањето на Југословенската народна армија кога стигнуваа секакви информации од сите страни.

Може ли да издвоите и најинтересна случка, нешто што лично мислите дека била историска случка која оставила печат на собранието во независна Македонија?

Дефинитивно, според мене тоа е носењето на Уставот на независна Македонија и секако 8 септември 1991 година кога се прогласија резултатите од референдумот за независноста и можам да се пофалам дека радиото во кое работам ја организираше прославата на плоштад, се собраа граѓаните спонтано, тоа беше нешто што се нарекува спонтано собирање на народот, не ова денес што го нарекуваат така, дојдоа тогашниот претседател Киро Глигоров, тогашниот премиер Никола Кљусев се собраа министри, се собра народ и навистина тоа беше величествено. На плоштадот тогаш се слушнаа резултатите од референдумот и можам да кажам дека Македонското радио тогаш прво ги објави тие резултати, ги имаше дури и пред Државната изборна комисија.

Кога според вас беа поспремни пратениците, во деведесеттите години, подоцна или сега?

Првиот состав на парламентот мислам дека е неповторлив. Можеби немаа висок степен на образование како што имаат сега пратениците кои сите се со високо образование, а тогаш беа со средно, па дури и со ниско образование, меѓутоа првиот состав беше толку на висина на задачата и беше воден од идејата дека треба да се создаде сопствена држава независна од кого било и толку добро ја одработија задачата што мислам дека не се споредуваат со никого. Некои состави беа многу интересни на пример еден од 1994 до 1998 година беше многу интересен, тогаш немаше опозиција, но имаше опозиција внатре во самата владејачка партија. На сегашните пратеници пак мислам дека им недостасува искуство, но се учат.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG