Достапни линкови

Сасоли: Членките на ЕУ кои имаа резерва за Македонија се премислуваат


Средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Европскиот Парламент, Давид-Мариа Сасоли
Средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Европскиот Парламент, Давид-Мариа Сасоли

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев истакна дека немало изрично „не“ за прашањето за отпочнување на преговори на ЕУ со Северна Македонија. Според него, земјите-членки кои имале резерва се во фаза на премислување.

Неотпочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ не е пораз, туку еден вид на застој, а трите земји- членки кои искажаа воздржаност и резерва се во фаза на премислување, порача претседателот на Европскиот парламент, Давид-Мариа Сасоли на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по нивната средба во Владата.

„За време на последниот совет на ЕУ имаше приговори кои доаѓаа од три Влади на земји- членки и овие предлози да кажеме дека не доведоа до заклучување на одлуката. Во суштина не се чу „не“. Немаше негирање на прашањето за започнување на преговори и добивање на датум. Но, имаше еден вид на условување. Се постави условот и прашањето дека дека нешто повеќе треба да се стори. Нашиот страв е дека овој процес може и да запре. Верувам дека некои нивни кои беа изложени треба да се разгледаат, да се разберат. Исто така верувам дека приговорите кои беа покренати од триете земји може да бидат надминати. Мислам дека во овој момент извесни влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат сопствените одлуки што ги донеле. Но, да нагласам не чувме едно изрично „не“. Имаше одлагање на одлуката, но не одбивање на одлуката“ рече тој.


Сасоли додаде дека таквите приговори не смеат да го блокираат процесот на проширување. Тој изрази надеж дека земјата ќе ги отпочне преговорите наредната година.

„Ние знаеме дека прашањето ќе биде покренато пред Европскиот совет во мај. Следи самитот во Загреб и низа средби, така што ние сме посветени на овој процес, којшто јас се надевам, како што и сите дека ќе се заврши и заклучи на просперитетен и позитивен начин. Сакам да повторам дека земјите кои искажаа воздржаност и резерва во однос на одлуката сега се во фаза на проценка и разгледување на нивната одлука. Ова е момент којшто говори за голем оптимизам и доверба“, додаде Сасоли.


Заев порача дека сите европски лидери се согласиле оти на Северна Македонија и е нанесена неправда и неодобрувањето на преговори со ЕУ е историска грешка и тоа испратило погрешен сигнал за регионот. Според него, аргументите дека на земјата и е место во ЕУ ќе бидат реформите пред се во борбата против корупцијата и владеење на правото.

„Мора да продолжиме, дури и посилно со реформите со докази дека во земјата владее правото, дека имаме силни аргументи за напредокот во економијата. Тие реформи ни се најпотребни заради нас дома“, истакна Заев.

Според него, проширувањето може да се одвива во исто време со спроведувањето на новата методологија. Процесот на проширување е јасно, како што бнаведе Заев, дека ќе претрпи промени и Северна Македонија ќе се подготви за построг надзор.







  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG