Достапни линкови

Украина: со детектор на лаги против корупцијата


Украински пратеници на детектор на лаги поради корупција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:47 0:00

Украински пратеници на детектор на лаги поради корупција

Пратеник од партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше тестиран на детектор на лаги, откако Зеленски упати апел до пратениците да го сторат тоа поради обвиненијата за корупција.

Олександр Дубински, од партијата Слуга на народот на претседателот Зеленски тестот го пренесуваше во живо на Интернет.

Претходно, Давид Арахамија, лидер на парламентарната фракција на партијата на претседателот, им најави на новинарите дека ќе одат на детектор за лаги.

„Наша задача е, прво, да ги отстраниме сите обвиненија од сите членови на партијата Слуга на народот. Јас сум сто насто сигурен дека секој доброволно ќе полага тест на детектор на лаги“.

Тоа, како што додаде, ќе биде нова реалност во Украина.

„Сега, започнуваме нова традиција. Верувам дека е важно да покажеме транспарентност на владата. Добивме голем процент на доверба од нашите гласачи и ќе биде срамно сега да ја загубиме“.

Тоа се однесува на сите пратеници од партијата на Зеленски, кои се членови на специјалниот комитет што ги разгледува нацрт-законите во борбата против корупцијата.

Според извештаите, пратениците на овој Комитет, наводно, земале мито за да блокираат закон за спречување на корупцијата, чија цел е регулирање на пазарот на недвижнини.

Предлог-законот сè уште не помина во парламентот.

Досега, законодавците не се соочуваа со никакви обвиненија, но истражителите покренаа истрага, откако новинарите и блогерите објавија наводи за евентуални кривични дела.

Ако овие проверки пронајдат „дури и најмала можност пратениците да ги земале парите ... тогаш антикорупциските власти треба да се справат со овие пратеници“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Подоцна Дубински, кој е член на Комитетот, го емитуваше во живо неговото тестирање.

„Дали лично гласавте против овај закон во замена за мито?“ го праша експертот кој го спроведуваше тестот. „Дали некој ви вети дека ќе ви плати за гласање против оваа сметка?“ продолжи тој откако пратеникот одговори „не“ на првото прашање.

Не е јасно кога сите инволвирани пратеници ќе го полагаат тестот на детекторот на лаги.

Зеленски, поранешен комичар, победи на претседателските избори годинава на програмата со ветување дека ќе ја искорени корупцијата. Според Транспаренси Интернешнл,

Украина е рангирана на 120-то место од 180 на индексот за перцепција на корупцијата.

Тоа е далеку подобро од Русија која е на 138-то место, но сепак многу заостанува зад нејзините соседи од Европската унија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG