Достапни линкови

Тестирање на апликацијата за млади - Speak Out


Тимот Андромета најави дека в среда организираат тестирање со ограничен број луѓе, кои ќе дадат свое мислење за апликацијата Speak Out.

„SpeakOut е платформа основана во 2019 и во моментот е во процес на доработка за официјален launch. Нашиот мотив е да ги зближиме младите во Македонија и дополнително да ги мотивираме да дискутираат меѓу себе и да побараат помош за која било тема. Воедно младите имаат можност да се вклучат во нашиот тим како волонтери и да разговараат 1-на-1 со корисниците“, се вели во најавата на настанот.

Тие првично работеа на идејата и апликацијата на предизвикот од УНИЦЕФ, наречен Generation Unlimited. Тимот освои и награда за оваа апликација.

XS
SM
MD
LG