Достапни линкови

„Критична маса“: „Еден ден да парадираме, наместо да протестираме“


Град, кој е вело-пријателски при планирање на улиците велосипедскиот е барем еднакво важен како автомобилскиот сообраќај и може да се стигне на велосипед безбедно и удобно од било која до било која точка без прекин. Ова е една од целите и желбите на „НаТочак“, организатор на движењето „Критична маса“, токму за седмиот роденден. Тие вчера ја возеа роденденската „Критична маса“.

„Бараме да донесе правилник за проектирање велосипедска инфраструктура и бараме Владата да ги обврзе сите поголеми градови да донесат План за одржлива мобилност и тие планови да бидат со реални мерки и обврски. Бараме Стратегија за велосипедски сообраќај на ниво на држава, за градско, но и за меѓуградско поврзување. Таа би била целосно во насока на заложбите за чист воздух, но и за развој на одржливиот туризам“, наведуваат организаторите.

Дополнително, организаторите бараат современ автоматизиран систем за изнајмување велосипеди во Скопје, бараат физички мерки за смирување на сообраќајот на сите улици низ цела држава, најпрво во околината на училиштата и градинките, а потоа по сите станбени улици и барааат воведување на редовен месечен настан - Ден без автомобили на кој различни улици во значителен дел од денот ќе бидат затворени за автомобилите, но отворени за луѓето.

Тие имаат наведено и многу други барања кои ги издвојуваат за седмиот роденден. Нивниот сон е да парадираат со велосипедите како прослава за градските услови за велосипедскиот сообраќај.

XS
SM
MD
LG