Достапни линкови

Драмски аматерски фестивал слави 60 години


Драмски аматерски фестивал 2019

Познатиот Драмски аматерски фестивал ДАФ, кој годинава одбележува јубилеј, 60 години постоење, ќе почне вечерва во Кочани и ќе трае до 1 јуни.

На првиот фестивалски ден публиката ќе може да види две професионални претстави - едната е „Човекот“, пантомима на Трајче Ѓеоргиев, актер од МНТ, и хит претставата „Вардарски Пастуви“ во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Театар Комедија.
Во следните фестивалски денови на програмата се претстави што ќе се борат за награди: „Театар Чекори“ од Скопје со претставата „Ние“, АТ „Колектив ветерница“ од Скопје со „Робоград“, гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид со „Странци“, аматерскиот театар „Репетициона 04“ од Штип со „Недоразбирање“, театар „Дунек“ од Гостивар со „Бенг бенг и мртов си“ .

Драмски аматерски фестивал во Кочани, 60 години постоење
Драмски аматерски фестивал во Кочани, 60 години постоење

Од Србија ќе гостува Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ – Прокупље, а на затворањето ќе настапат ДАХ театар од Белград со студенти од белградската академија, Македонскиот културен центар во Софија и монодрамата „Страстите на Илија“ со Игор Дамјанов. На фестивалот предвидени се и настапи на акробатски музичари, физички театар, предавања, концертни настапи и изложби, а ќе има гостувања и од САД, Србија, Грција, Бугарија. Планирани се и промоции на книги, меѓу кои е и „Радио“ на Љупчо Јолевски.

XS
SM
MD
LG