Достапни линкови

Неделниците за „метлата“ и победата на Пендаровски


Стево Пендаровски по победата на претседателските избори 2019
Стево Пендаровски по победата на претседателските избори 2019

Неделниците анализираат за најавената метла во Владата и во институциите, а пишуваат и за победата на Пендаровски на претседателските избори.

Капитал - За папата, Стево Пендаровски и метлата...

„За папата, Стево Пендаровски и метлата... “ – е насловена анализата во рубриката Фокус во најновиот број на Капитал. „Овој пат народот не згреши! Ја уденавме ...!“ – пишува авторот, „но“,вели, „ова беше долга битка во два круга која ... за СДСМ... заврши позитивно, но со многу жртви по патот! Со многу поставени прашања и дилеми ... како сега понатаму ако на правилен начин се анализира бројот на гласовите во кутиите!“ Неделникот смета дека најавената „метла во Владата и институциите„ од страна на Зоран Заев дава надеж дека се разбираме со премиерот, вели авторот, „зашто штета е една ваква прилично храбра и недвосмислено енергична и дрска Влада (во најголема мера поради политичкиот габарит и потенцијал на премиерот) наскоро да падне! Голема штета за Заев и за државата е фактичката состојба на умот, и перцепцијата произведена за две години во нашата земја, особено кај неутралниот дел од македонските граѓани, пред сè деловниот свет, домашните инвеститори и бизнисмени, кај умни поединци, интелектуалци, но што е најстрашно кај неговите сопартијци во СДСМ, дека оваа Влада не е ништо друго освен проста замена на „квалификуваните лопови од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, со неквалификувани лопови од СДСМ и ДУИ!?“ Капитал завршува со следново: „На прашањето, кога неквалификуваните ќе станат квалификувани. Одговорот е после 11 години владеење!?“

Фокус - Кого ќе смете метлата?

За тоа „Кого ќе смете метлата?“ пишува и Фокус, па додава дека „Заев засега може само да ја забрише прашината со најавената метла, со тоа што само привремено ќе го амортизира незадоволството кај јавноста, но не и да направи клучни промени“. Неделникот дава и одговор за ова тврдење, па вели дека ако навистина сака да замете, првин треба да почне од својот двор. „Најмногу незадоволство во јавноста има од министрите на ДУИ, но и од Филипче и Спасовски од СДСМ“ – наведува Фокус.

Глобус – Пендаровски е новиот врховен командант, може да почне да молерисува во вилата Водно

Oнлајн магазинот Глобус се осврнува на победата на Стево Пендаровски на претседателските избори и анализира зошто во вториот круг на изборите тој „се ’одлепил‘ за речиси 60 илјади гласачи од противкандидатката Сиљановска Давкова“. „Пендаровски е новиот врховен командант, може да почне да молерисува во вилата Водно“ е насловен текстот во кој авторот застанува зад дилемата: „Дали драматичноста на повиците дека победата на професорката ќе значи враќање на предпреспанскиот период имаше одлучувачка инерција во корист на сината коалиција? Дали гласовите на Река, пренесени на конто на преостанатите двајца кандидати, беа тие кои одлучија?“ Па како одговор на оваа дилема Глобус го цитира лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев: „Ова е победа на концептот ’Заедно напред‘, но пред сè победа на граѓаните и Републиката. Од денеска никој повеќе не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Нашето место е во НАТО и ЕУ. Крај за режимот и мрачното минато...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG