Достапни линкови

Конкурс за изложби на млади ликовни уметници


Конкурс за млади ликовни уметници од МКЦ
Конкурс за млади ликовни уметници од МКЦ

Младинскиот Културен Центар објави конкурс за млади ликовни уметници кои сакаат да постават самостојна изложба или да бидат дел од групна изложба.

Конкурсот се однесува за изложби во втората половина на годинава, а конкурсот трае до 1-ви мај.

„Планирано е да бидат реализирани 8 изложби, логистички поддржани од МКЦ, за кои ќе биде испечатен соодветен каталог. Средствата за овој проект се обезбедени од Град Скопје“, информираат од МКЦ.

Изборот на автори ќе го изврши комисија формирана од МКЦ и Град Скопје, а право на учество имаат сите заинтересирани до 35 години.

XS
SM
MD
LG