Достапни линкови

Истражување: Жените подобро го кријат љубовното неверство


Последното научно истражување за перцепцијата за неверства покажува дека жените се посомничави кон мажите за љубовното неверство и дека тоа можат со голема веројатност да го оценат со само еден поглед кон мажите.

Не можете да ги скриете лажливите очи. Но научниците откриле дека жената може да открие дали мажот ќе биде неверен по само еден поглед на неговото лице, додека мажите генерaлно се помалку способни да забележат жена која изневерува, пишува новинската агенција АФП. Истражувачите на Универзитет од Австралија на група од 1500 испитаници им покажале слики на жени и мажи по што побарале да ги оценат ликовите дали е веројатно некој од сликите да биде неверен.

Резултатот од ова испитување кој е објавен во реномираното научно списание „ Royal Society Open Science,“ покажува дека кога се проценуваат мажи, жените со поголема точност можеле да оценат дали некој е неверен или не, но не и кога станува збор за жената, односно дали таа е неверна или не. Според резултатите мажите можеле да забележат „ловокрадци на сопруги“ во своите редови, но кога станувало збор за „жена ловокрадец на сопрузи“ тоа е потешко да го оценат и жените и мажите.

„Земени заедно резултатите покажуваат дека мажите и жените прецизно ја оценуваат веројатноста за неверство кај мажите, но тоа не е случај и кај жените,“ напишаа научниците во нивниот извештај.

Што ги прави жените „посомничави“ кон мажите за љубовните неверства ?

Според истражувањето, една од причините поради кои жените се сомневаат оти нивните партнери ги изневеруваат е стереотипизирање на мажите како неверни, но и перцепцијата дека се неумесни во криењето на неверството.

„Изненадувачки е резултатот кој покажа дека иако поатрактивните мажи беа оценети како најверојатно неверни, сепак помала е веројатноста тие да ја изневерат брачната партнерка“ изјави Јонг Зи Фоу, еден од научниците кои работеле на студијата.

Тој објаснува дека сепак заклучоци не треба да се вадат од првиот впечаток.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG