Достапни линкови

Комичарот Зеленски со предност на изборите во Украина

Зеленски води на претседателските избори во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

Зеленски води на претседателските избори во Украина

Комичарот без политичко искуство Володимир Зеленски освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Украина, околу 30 насто. Тој ќе се соочи со актуелниот претседател Петро Порошенко во вториот круг од гласањето - но кандидатот на третото место, Јулија Тимошенко, обвини дека излезните анкети биле манипулирани.

Се славеше во седиштето на Володимир Зеленски кога на крајот од првиот круг од претседателските избори беа објавени првите излезни анкети.

Зеленски е комичар без политичко искуство, но анкетите покажаа дека е далеку пред другите кандидати со околу 30 отсто од гласовите.

„Би сакал да им кажам благодарам на сите Украинци кои не гласаа само за забава. Има резултати од многу излезни анкети, но само еден кандидат ќе победи. Тоа е само почеток, ние не се опуштаме“.

Пред објавувањето на анкетите Зеленски изгледаше опуштено, играјќи пинг-понг.

Тој сега треба да победи во вториот круг каде што ќе се соочи со вториот кандидат, актуелниот претседател Петро Порошенко.

Тој рече дека ја разочарал разочарал желбата на Русија да се повлече од трката.

„Пријатели, денес вие - Украинците, ние - Украинците, го разбивме руското сценарио за првиот круг, бидејќи Порошенко беше токму личноста што не сакаа да ја видат во вториот круг. Тоа не успеа целосно“.

Но, откако официјалните претставници почнаа да ги бројат гласачките ливчиња, еден од кандидатите рече дека на излезните анкети не можат да им веруваат.

Тоа беше поранешната премиерка Јулија Тимошенко која заврши малку зад Порошенко.

„Ние сме апсолутно сигурни, врз основа на факти и бројки, дека излезните анкети, кои со голема фанфари најавуваат влез на Петро Порошенко во вториот круг, според нашите проценки и истраги, не ја одразуваат реалноста“.

Притоа Тимошенко обвини дека анкетите биле манипулирани исто како што била и целата земја.

Украинската изборна комисија соопшти дека одѕивот изнесувал околу 64 отсто.

Вториот круг на гласањето е закажан за 21 април.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG