Достапни линкови

Трамп за ВОА - Ќе се состанам со Путин во пригодно време

Трамп и Путин на самитот на Г20 во Буенос Аирес 30.11.2017 Ројтерс
Трамп и Путин на самитот на Г20 во Буенос Аирес 30.11.2017 Ројтерс

Поради ситуацијата во Украина, претседателот на САД Доналд Трамп ја откажа средбата со рускиот претседател Владимир Путин. Меѓутоа, во ексклузивното интервју за Грета Ван Сустерен од Гласот на Америка, Трамп најави дека не ја исклучува можноста за средба со рускиот лидер во иднина. Трамп во интервју говори за економските текови односите со Кина, климатските промени, но и за новиот договор кој треба да го замени НАФТА.

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот на Гласот на Америка, Грета Ван Сустерен во Буенос Аирес во Аргентина каде беше на самит на Г 20 запрашан за откажаната средба со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не би било во ред да се сретне со него во време кога Русија зароби украински бродови, но дека состанокот ќе биде одржан кога ќе дојде вистинското време.

„Во светлината на она што се случи со украинските бродови и морнари, не е време да се сретнеме на самитот. Но ќе се состанам со него. Мислам дека имаме многу добри односи и ќе имаме многу добри односи со Русија, Кина и сите. Мислам дека е важно да се состанам со него во соодветно време“.

Трамп вели дека ќе се состане со Путин во пригодно време
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:44 0:00

Г-20 е самит за глобалната економија. На прашањето на Гласот на Америка која е најголема закана по глобалната економија во блиска иднина Трамп рече

Има многу закани но САД имаат загуби од многу земји. Не зборувам никакви тајни бројки кога зборувам за Кина во бројки во однос на нас во последниве години, последните 25 години.. но воглавно сите се во прашање. Имаме речиси 800 милијарди дефицит на трговијата и јас тоа го менувам. Започнуваме со УСМЦА која ќе ја замени НАФТА. Ние направивме добар договор со Јужна Кореја и мислам дека ќе забележите големи промени многу брзо. Разговаравме и со ЕУ. Да тоа беше брутално за САД и како што знаете имаме вечера со претседателот на Кина Си Џипинг, од што би можело да излезе нешто силно“

Едно од прашањата во врска со глобалната економија се и климатските промени. Трам во врска со ова прашање изјави

„Многу едноставно, сакам најчистиот воздух и вода на планетата. Јас сакам кристално чиста вода и да имам. Многу добро сме се однесувавме кон животната средина и јас сакам. Но, не сакам да ја оставам земјата без работа, за да се достигнат одредени стандарди кои веројатно не се важни. Кога ќе видите Кина и другите земји имаат проблеми со аерозагадувањето, а тој воздух доаѓа во САД. Луѓето не сакаат да зборуваат за тоа, но тој доаѓа. Значи, ние ќе бидеме чисти, а тие нема, а сето тоа чини многу пари. Всушност, фактот е дека ние сме целосно чисти, но нема да трошиме милијарди долари за да направиме добро за другите, а не за нас. Знаете, имам многу едноставна политика, која се вика "Америка на прво место". Во исто време ќе бидеме прекрасни соседи со остатокот од светот, но мораме да се третираме и самите себеси. Така ќе биде“

порача американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Гласот на Америка.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG