Достапни линкови

Најголеми маневри на НАТО, рекетен одговор на Русија

Русија ќе одговори на маневрите на НАТО со ракетни тестови
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Русија ќе одговори на маневрите на НАТО со ракетни тестови

Русија планира да тестира проектили во близина на Норвешка во областа во која НАТО ги спроведува своите најголеми воени вежби од крајот на Студената војна. Овој потег се смета за натамошна ескалација на тензиите на северот на Европа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на најголемите воени маневри на НАТО во западниот дел на Норвешка изјави дека Русија ја известила Алијансата за ракетните вежби.

„Добивме известување за руската вежба во минатата недела. Бевме известени тогаш и Русија редовно ги вежба своите сили на брегот на Норвешка. Оваа вежба ќе се одржи во близина на овој фјорд и тоа е нешто што се случило и претходно“.

Мобилизирајќи околу 50.000 војници, 65 бродови и 250 авиони од 31 земја неколку стотици километри од норвешката граница со Русија на Арктикот, вежбите ја налутија Москва, која вети дека ќе „се одмазди“.

„И покрај прилично непријатните обиди од страна на претставниците на Алијансата и нејзините земји-членки да ја претстават оваа воена активност како дефанзивна, очигледно е дека оваа демонстрација на сила очигледно е од антируска природа“, оцени руското Министерство за надворешни работи.

Руската војска во минатата недела објави дека распоредила четири бродови во Северниот Атлантик.

Шефот на НАТО се обиде да ја ублажи ситуацијата, наведувајќи дека Алијансата внимателно ќе го следи она што го прави Русија:

„Се додека Русија се однесува на одговорен и безбеден начин, ова нема да создаде никакви проблеми за нашата вежба. Ние ќе ја спроведеме нашата вежба како што е планирано, а руската вежба ќе се одржи во меѓународните води“.

Според Авинор, јавен оператор на повеќето цивилни аеродроми во Норвешка, Русија испратила забелешка за ракетни тестови од 1 до 3 ноември во Норвешкото Море.

Наведената зона и датумите се преклопуваат со оние на НАТО вежбата, која се одвива од 25 октомври до 7 ноември.

Портпаролот на Авинор, Ерик Лодвид, рече дека вакво известување во во тек на некои вежби „не е многу често“, но додаде дека не станува збор за „нешто драматично“.

Сепак, експертите за меѓународни односи ги гледаа работите поинаку.

„Многу е јасно дека оваа нова Студена војна е пресадена на север на начин што многу малку луѓе го очекуваа по украинската криза во 2014 година", изјави Џули Вилхелмсен, експерт во Норвешкиот институт за меѓународни односи, додавајќи дека државите во оваа зона сега биле фатени во ескалација на тензиите меѓу НАТО и Русија.

Во септември, Русија ги спроведе своите најголеми воени вежби, Восток-2018, со околу 300.000 војници во источниот дел на Сибир и рускиот Далечен исток.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG