Достапни линкови

Ваши коментари - Барањата на Мицкоски и недавањето на СДСМ


Архивска фотографија - Седница на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањата на сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да прифати избори, обраќањето на поранешниот партиски лидер Груевски до пратениците да не подлегнуваат на уцени и ставовите на МПЦ се најкоментирани теми од фановите на РСЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не се откажува од избори, ама со Пржинска влада и побара премиерот Зоран Заев да се откаже од Договорот со Грција.

„Ова се на Грујо барања“, постирал Сашко Роскичев. Адриан Ани Оке, пак, напишал: „Ајде де, ама не барај леб преку погача оти и самиот знаеш дека ќе се зафркнеш ако одиш на избори, може и тоа сакаш за да се ослободиш од теретот да бидеш марионета се знае на кого“.

Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов му одговори на Мицкоски да не сонува бадијала, а Сејдо Асаноски на нашата ФБ страница, како коментар на барањата на Мицкоски, кратко постирал: „Само правда и поскоро во НАТО и ЕУ“.

Аги Велиу, меѓутоа ги набројува грешките на СДСМ: „ВМРО е катастрофа партија. Но за жал и вие сте катастрофа. Како прво немате ниедна внатрешна реформа во државата. Како второ, вработувате само луѓе во роднински врски со функционери на СДСМ. Како трето, исто како и ВМРО вршите терор врз приватниот сектор со вашите ненормални астрономски казни, се дружите со овие криминалци од ДУИ. И Пендаровски призна дека во НАТО ќе се влезе 2020, а во ЕУ 2035 година. Зошто лажете? Затоа никој повеќе не му верува ниту на Заев“.

Обраќањето на Никола Груевски до неговата партија и пратениците преку пост на ФБ во 3 часот по полноќ е дочекано „на нож“ од некои фанови на РСЕ. Владо Здравков постирал само линкови до ФБ страницата „Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ“, Бехије Менде вели: „До последните денови го лажеше народот, остави го народот намира“, а Игор Николовски му препорачува на Груевски: „На вас треба Оскар за глума да ви се даде, купете си некој плац во Холивуд“. Но, Бобан Попоски со поддршка, кратко: „Напред Никола“.

На интервјуто за нашево Радио на Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет, во кое покрај другото вели дека западните политичари може да најават и санкции, посебно за опозициската партија, Милутко Илиевски реагира: „Никој не ни треба да се замараме, сами ќе си живееме како Македонци со крсна слава и поносни. Не ни треба измени“, и така натаму и така натаму.

А по реафирмирањето на ставот на Црковно-народниот собор на МПЦ-ОА на седницата во Калишта за неменување на името на МПЦ и неменување на името на државата, Слободан Василев иронично коментира: „Зошто бре, брадести. Нема да можете да си ги возите јахтите, леле деца божји, и што ќе правите без Ценовник. Ќе биде водичка донела, водичка однела, страв пусти да не јавате, сакате да се возите“. Голе Петков кратко коментирал: „Ајде, сега станаа патриоти, а каде беа пред 30 септември, знаеме добро само кои имаа став“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG